“Мене Фиат, мене Форд, мене Ферари, мене Шкода, мене Пежо,мене Југо,…Порше………., а каква кола имате вие. И вие не сте исклучок……ова е реклама за…бла бла бла …..“

Така некако подолго време оди една реклама баш за …..за крастајци криви. Да баш за крастајци криви. Во ова реклама на почетокот дечиња кажвет каква кола ги згазила. Ете разбравме од нив која кола ги згазила ама незнам како блосов да му мавнам на тикварот кој ја смислил оваа реклама за него да го згазит. Комбајн? Катерпилар? Од Фикри машинана за дрва сечење? Шо било. Само парче да го напрајт. Мислел ли со црпката тој шо ова го смислил како делуват на дечињата кога ке ја слушет ова реклама и какви се нивните коментари? Думал ли тој со расолот дека ова нешто се движи од границата на морбидност до границата на бизарност?

Ги слушам едни дечиња пред некој ден на улица си се прашвет меѓу себе која кола била поуба  да ги згазит?????!!!! И да виш сите сакаа Ферари да ги згазит. Зато шо Шкода била никаква кола, а Ферари најмногу “шишкала“. Јадно па она детенце, кое после поделбата не колите шо би сакале да ги згазат му остана Југо???!!! Се искина од  плачење зашо….“ како менееееееее југо да ме згазиииитт, а вас све модерни колииии, југовците се скапани стари колииии…од чичо не ни палииииитт….“. 

Страшна работа. Не за дечињата. Ами за зелкарот шо ја смислил. Мислел бре тој каков е ефектот од ова реклама. Не вервам. Со слама не се мислит.  А ефектот…..ефектот е секаков само не каков помислил дека требит да е овај некој наш рекламосоздаваетел. Создавател. Никој. Некој Петко петкосан. Нека шетнит по улици да ги чует реакциите и на возрасните посебно на родителите, како се се згрозвет и како коментирет за  ваква глупост, повраќајнца, болваница, ваква ……све ваква само не реклама за кампања за безбедност на….дрн дрн јарина.

Коа ги слушнав дечињата како си ги поделија колите шо треба да згазет се наежив и таман се прибрав и одма се штрецнав кога она  сиротото шо му остана Југо да го мачит во газењето му рече на најважното ( идната жртва на Ферариот ) : …..“ нееее мореееееееее прост еден. Навистина се згазени и сега како  духој дојдоа од кај дедо Господ само да ни кажат шо кола ги згазила……„“   Морбиден ефект. Грозен ефект. Страшен ефект. Бизарен ефект. Никаков ефект.

Уште ова на крај: “…..а каква кола возите вие? И вие не сте исклучок…“.  Ми коби тикварот. Се наежив. Мачнина ми дојде. Ми се притотоли. Форд бе зелкаааааар. Форд возам алооооо. И веке не го сакам. Кое дете ке сака Форд да го згазит покрај Ферарито од  повракајнцата од реклама? Абре чоек не сакам да ме мразат децата зашо неам Ферари за да ме одберат да ги згазам. Ц..ц…ц…ц

Апелирам до сите надлежни да се тргнит ова реклама од целиот етер во државава. Апелирам  и до вас медиумите да ги баталите придобивките ( ако ги имате )  од оваа кавази реклама и вие да извршите притисок, нарачателот да ја повлечит оваа повраќајнца, а ако не:

ГОСПОД  на сите да ни даде
СИЛА да го издржиме она што неможеме да го промениме
ПАМЕТ да го промениме она што можеме
и
РАЗУМ да  направиме разлика помеѓу едното и другото

Џими
[email protected]