Леле луѓе шо ќе ме снајдеше ако ја послушав баба пред триесетина години. Уф се наежив. Баба беше запната да бидам поп или чаре. И то селски поп. Ќе ми носеле јајца, сирење, вино, пешници ќе сум можел со селанките да играм котката питката, ѓуздија и не ќе сум трошел пари за ништо. Шуќур шо не ја послушав.

Еве ти сега на…..дедо Петар го укина фејсбукот за попојте. Да бе. Тииии шо ќе праев сега. Дури Перица рече дека ќе го забранел и Твитер ако требит. Јас незнам шо ќе праев сега меѓу два погреба, две крштевки без ФБ? Ќе требеше ко ненормален да се возам со некој мерцедес од 100 000 евра по цел ден. Како ам.

Имало недолични содржини кој им се праќале на попојте во инбокс? Добро се сложвам можда имат и такви не велам не. Ама немаше потреба да се укинвит одма ФБ можеше например да се побарат од МПЦ да се напрајт правилникот за излгедот на ФБ-то за попој и да се прилагодит на потребите на попојте како не би се уривало огромното реноме на нашата МПЦ, а и на самите попчиња како поединци во кои народот имат голема верба и им се обраќат за маките кој ги имат.

На пример можеше да се средит специјален ФБ, кој ќе си се викат Фејс Поп (ФП). Тој ФП ако начекат некоја недомаќинка сликана по долен веш ( пту пту скраја да е ) одма ФП-от да препознајт и да ја кропират сликата да и се гледат само суратот. Ако на пример муцките и се со силикон збуфнатите како крофни, одма попскиот ФП да клајт блек флег. Не така? Не само укинви го одма.

Ќе се менеше и начинот на комунакација. Наместо Like, да и имат копче: Благословено биди чедо мое, наместо Share ќе си стојт: сподели го ова со чедата твој. Дури мојт да е пропратено и со звучен ефект: споделигоооооо овааааа со чедата твооооооооо…..ооооо….ооооој. Да бе. Наместо поке: дупни го чедото потсети го да дојт в црква да остајт некој денар на иконана за зимските гуми за џиииии….ииииии….ииии…..поооооооооон моооооооооооооооооој. Ам така де. Не само укинви го. Се растажив.

А да ти кажам за растажвење не ми требит многу. Ми идат да си пукнам шо сум толку сентиментален и ја сакам НСРМ. Пред некој ден онде врвам крај езеро со колана и застанав гледам си одит цел автобус холанѓани. Мори мојко…ко рснав да плачам, да се мрсулам. Не…да не ме разбериш криво. Не ми беше жал за нив како холанѓани, аку имаа просек на години 89, туку шо ги напуштет градов и државава.

Седам 45 минути и чекам да ја префрлет улицива и ги гледам и си викам: море колку пари имет овие потрошено кај нас. Врвит пред кола една холанѓанско моме од 82 години со патерица и си викам ова кизнајт колку пари имат остаено на пајдушкото по кафаниве наши. После неа еден со количка го туркет и одма ми излезе слика кај шо лепит 50 евреи на музиката дур ја играт гајдата. Ништо ич. Ќе ни останет буреците и јогуртите непродаени и ќе закочит прогресот на државава без вакви туристи, да ти се прднам да ти се напрдам во судбината наша.

А ене гарант ради нив се напрај уште една автопатска, асфалтска, трансверзала кај Пашино Рувце од цел километар и триста метри. Да да цели 300 метри не 270 или 295. Цели 300. Зш од Пашино Рувце оп директно Прилеп и ене од од Прилеп кај е Амстердам. Не така? Дур речиш оториноларингологија ја помина НСРМ благодарејќи на ваквите наши автопатишта.

Е то ми е криво. Све прајме за процут на нашава држава еееее уште од времето на Бранко, а туристиве ни бегет. Еве се запнавме со помош на европскава банка полека, ама сигурно, го напуштаме 16-ти век и си влегвиме во 17-ти. Да бе. За истите тие туристи Кривогаштани напрајвме фекална канализација. Како ам будало една. За нив нормално и за жителите на НСРМ воопшто. Еееее умреа времињата на септички јами, времињата ко се тотолевме по ендеци, по бавчи, зад куќа. Зш овие холанѓаниве шо си ојдоа можат да поминат по аутобанон кај Кривогаштани и кај ќе се купарет?А?

А да ќе заборев. Дур се мрсулаев тие 45 минути зш холанѓанине ја префрлаа улицата, разбрав се кренала фама околу некоја слика, ти бил сликан председателот наш на НСРМ во Кина, а на сликат ти биле Миленко и онај ли е, онаја ли е , незнам Ивона од Сител. Незнаев зш толку галама се крена и реков да допоминет момињава и децава холанѓанчиња ќе ја побарам сликата. Ко ја видов да ти кажам се посрав, се усрамив на прв поглед. Го гледам водителката на сликана со турнати гашчи до глужџој. Арна ама ко се запулив убо видов дека имала убај чизмина. Ми олесна. Уф.

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката „Отворена“ (Писма-Колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.