Мирен биди. Шо си запнал толку и шо е ова нервоза. Ќе го асфалтирет бре ко ти викам. Биди трпелив и полека врти на кружнион дур не се средит. Е арно да. Шо се два бандажи. Имаше дефект го средија, ја наполнаја дупката со песок и кај да е ко ќе им дојдит на рака и во план ќе манет и асфалт. Ако не овај петок другата среда. Ако не другата среда до 7- мај ќе ја биднит. Тогаш морет. Пак на крај краишта ниедна сообраќајка не е случена да брзет да го асфалтирет.

На крај на краиштата фира ојдоја десетици луѓе и им дремит не го завршвет магистрално-ескпресно-пистовион пат Охрид – Кичево не пак за кружнион кај Биљанини да се думет. Шо те гледам будала. Ете и Мицко во Кичево рече дека ако дојт на власт ќе свиткат џам со овај автопат. Си најави дека ќе ги испрајт грешките на СДС ама најави дека потребни се нови една и пол милијарда, а можда и две. Ам мораше чоекот да си најавит. Коректен и отворен ко секош. Да си знајме. Ам како.

Тук да не се расправам со тебе да не трошам време да продолжам со активностите за да ги досменам документите да се до северџаносам. З`ш не сум допраен. Мада искрено при крај сум. Ми остана уште да земам лична карта и пасош. Ама морам денојве да дооднесам документи. Однесов крштениче и извод од умрени, ученичката книшка до четврто одделение, уверението дека бев извидник….шо беше уште….а да…уверение дека сум учествувал на курс за шиење и крпење со си дипломата за везење и менав све.

Е денојве да ги до соберам другите работи шо ми останаја. Утре ги земвам резултатите од биопсија за дебелото црево документирано со слика, бриз од чмаров зедов, негативен е, па после да поминам да напрам скрининг на простата и ПАП тест. Ваљда до петок ќе ги соберам сите работи. После то таман попатно ми е пожарнана да ми дает шлем, огно отпорно одело, секира и машина за сечење каросерија, боци со кислород  за да можам  издржам во редот да ме кадросет. После господ здравје за 3-4 години, ко ќе им стигнет обрасци дефинитивно да станам северец. Е сега з`ш све ова е бесплатно ќе подигнам кредит таман ќе ми се најдит за да извам и имотен лист. А уште немам план шо ќе прам ако се одсевериме некош. Здравје.

Искрено јас досега све ќе имав завршено ама бев зафатен со учење да свирам на гусла и да ја пејам “Џоле џамет мичен пушкен“. Да бе. Гуслар станав. Е како з`ш. Како ќе одев кај Талата така без песна? Не гледаше на телевизија ко пееја командантите? Мене не ме покажаа. Абре требит да се прославит овај момент. Прв пат во историјата на ова вукојебина добивме премиер шок.

Мада пред да тргнам имав трилема како да му се обратам ко ќе појдам на панаѓурот. Како да ја напишам честитката. “Благодарам Зот Џафери….“ не ми одеше некако. Многу македонски ми звучеше….“Фалиминдерит шок Џафери“….ц…многу комунистички. “Фалиминдерит командантавет Форина“…јес…то бе. Не ќе ми текнело мене.

И исрено од сам старт ме бендиса. Шум ме бендиса. Ако не беше тој, јабана ќе ми одеше македонскиот кубур. Таман да го извам ете ти вест дека на Таравари му пратиле метак по карго. Или фишек. Мислам дека ова е по точно. Фишек. …..Форина стана премиер, а Таравари фати фишек….Демек летна. Фати фишек.

Ќути сега….дај гуслата “Шоте мори Шотееееее ,Шоте машалааааааа“. Шоте или Черима Хаљиљи исто е. Изгуглај де!

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите