Ај ај жити леб не туку кукај ко си глуп и не знајш да се снајш. А бе Господ здравје да му дајт на уредникот на Сител, а пак со златни зборој да го блосојт Битиќи шо ни кажа како се излегвит од криза. Зато јас ти викам не седви покрај телевизор само ради порно. Гледај бе чоече и вести. Се нешто ќе си научиш.
Седнат дома и само кукај. Ете ти кажа убо Фатмирчо. Ако не ти е погодено како вработен во администрација или кај и да е во државно преорентирај се бре братче. Од администрација, државна работа, префрли се во приватно кај шо платите биле и над 40 % повисоки, рече Битиќоски и жив остана.
Пример да речиме правник си во државна администрација, да не речам во Oпштина Охрид, имаш пауза за доручек од два сати, како за дерење јагне, а не за фељка леб и паштета, ниска плата, не te бендисвит, одма во приватно бегај рече Фатимчо.
Бегај кај Енвера в железара и шпренгуај амортизери, продолжи ја традицијата и занаетот на старите Eгипќани. О па да. Како е тргната работата со бензиниве ќе требит сите македонски коњи да ги впрегниме да ојме на работа ваму таму со запрега. Или пак јас можам да ти завршам работи кај Петрита. Врти со сајла по шахтине. Ова пак ти е загаратнирана работа за век и веков. З`ш толку гомна имат во Македонијава никош не может да се сосет. Нити пак ајнштајновци како Битиќија се сосвет.
А бе колку мозок течит во Владава на НСРСМ мислам дека ќе требит со кајчина да шетаме. Покрај Битиќија мозок истурија и министерот Бочварски и директорот на ЈПДП Рустеми. НЕ ЈП ДРП, ЈПДП. Убо слушај. Све си било во рамките на законот со “Евроконсалтинг“ и “Ептиса“ кои ќе вршат надзорот за изградба на автопатиштата. Како ам.
Е то шо основач на “Евроконсалтинг“ е Димитријевиќ кој во Ерменија се гонит за корупција немат врска. Тој е акционер на групацијата “ИРД Инженеринг“. И оценката на тендерите не била за акционери туку за фирми. Нормално. А бре шо кој онакво ако некое бате силоват некоја него да го осудвиме. Патлакот ќе му го осудиме, а него на слобода. Тој ќе му дојт како акционер на патлакот. Тој му дал акција, а извршител е патлакот. Да бе.
Тук батали празни муабети, дај да видиме кај ќе го потрошиме ново поткревање на минималниве плати за 2175 денари. Пак по порно ѕвереше и не разбра дека минималната плата од март се креват на огромните 20 175 денари?
Море тиквар. Знајш каква беља мојш да напрајш. Никош да не разбериш дека ти е крената платата и 2 и кусур иљади да не ги чепниш цела година и на крај да те акнат со данок за недвижен имот. Ам како. Како? Е добро де. Знам дека кажаа дека потрошувачката кошничка е над 50 000. Пак на крај краишта шо кој мој мораш да купвиш кошничка. Купи зимбиљ.
ЏИМИ
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите