По, по, по шо ќејф ми сенапрај ЖРК Вардар СЦБТ шо беше на фајнал фор. И по ќејф ми е шо се викат Женски Ракометен Клуб Вардар Спортски Центар Борис Трајкоски. Шо убо име за еден спортски клуб. А?

Можда пак до година ќе се вклучит во спонзорството и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанствo, а ако им фалит уште некој динар можит да бидит некој спонзор и Оториноларинголошки Институтоддржавната болница во Скопје при катедрата на Медицинскиот факлутет од Независна Самостална Република Македонија. Така да догодина во финалето можно е да игрет Ѓер – ЖРК Вардар СТЦБ МЗШВ ОРЛИ ДБ МФ НСРМ.Пример. А?
Нејсе. Как да е. Поминаа 316-тите, од кој 12 за председател и 148-ите вонредни, демократски, парламентарни избори во нашата НСРМ. Арно ама уште не се стивнати коментарите околу истите. Кај да ојш само за то се зборвит дури и појќе од колку пред да се оддржет и ко се оддржвеа демократските избори.

Вака низ муабетиве скоро сите се прашвет: зш се оддржаа, да не речам шо кој Стојко имаше потреба од вонредни, ама демократски избори и шо добивме од нив? Ар види море. Не биди прост. Со една обична анализа да напрајш ќе видиш и зш се оддржале, ќе ја најш оправданоста на истите и ќе видиш шо сме добиле.

Почвиме со ред. Да не се лажиме како политичари сите бараа избори и то со ептем оправдани причини. Мене на пример ми е све јасно. Факт еден: Прв све наткрена Зајко. Го зеде истиот шлеперот од Банета шо го имаше овај паркирано пред години и сакаше да ја згазит жабата. Арно ама изгледа нафтата беше застојана и полна со кал и му трокираше и немојше да дајт гас и куртули жабата. Ама пусти Зајко никако да сфатит дека немат гас и по деветти пат жабата куртулвит заради зарѓаниот шлепер на Банета.

Факт ДУ: Али Амети ко од оса каснат прискока да имат предвремени ама демократски избори зш се изнервира на Колета зш овај не му прифати консензуален председател. А не го сакаше стариот, сега нов зш неможел да е претседател на сите зш се викат Хорхе и зш не се чешлал убо. Аргумент на место. Нормално како и секогаш чим идет од мозокот на Амети.

Факт тре: Ако не е Амети во владата, ако е Тачи, борецот за права ни порача дека НСРМ немат да е стабилна. Ќе се разнебиднела. Од друга страна Тачи му рече на Амети дека тој е издајца зш ДПА за разлика од ДУИ била за правата на Албанците, а Амети со каубојците бил за правата на газот свој.
Од друга страна Села од Струга, другар му на Тачи, кој веќе не му е другар, нацки, на на на на….ако толку го сакал Колета му рече на Ашима Тачи да му ги дајт седумте мандати под услов владата т.е. Коле да ги реализирет барањата од интерес на Албанците од платформата на ДПА усвоена во 2009 година која предвидвиде формирање дводомен парламент и официјална употреба на албанскиот јазик во целата држава. До сега мислам дека све е јасно. Не така? 

Ашим на ова му рече на Села дека му посаквит здравје, да не речам дека е чукнат, а овај му рече ти си, за да овај му вратит: будала еден, а и првиов не му остана должен му рече серко испостран, овај му врати дека му смрдат нозете и после на Ашима му пукна филмот и го навреди ептем. Му рече исчешлај се.

Факт катр: Значи Коле е сардисан. Амети и Ашим сега пробвет да го раскречет во барањата и мислам дека ние како македонци во нашата НСРМ и како еден од поугнетените народи во НСРМ требит да им излезиме во пресрет на скромните барања, на уште поугнетените Албанци во држава и све братски да делиме ама сега на три за да имат и за Ашима, а не само за Аметија.

И сега после ова шо добив јас? Шо ми стана јасно? Мене, а ваљда и вас како народ во НСРМ, овие загрозени под дифолт шо ги водат Амети и Ашим ми дојдоа преку копулативниов орган со нивните барања, а мене а и вас после сево ова ми останаа два палци ичкртани како спомен и тага по седум милиони евра и немам шо да им прам вакви какви шо се. Бар да ми го чкртнеа средниов ќе можев да си го пикнам во едно место. Вака….. ж

ЏИМИ
[email protected]

*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.