Данк. Двојка. Пусти Бујар. Чоекот не само коса шо посади јас мислам дека и памет пресади. Ја одби руската aмбасада за прелет на Лавров преку македонското небо. Паметен чоек. Препаметен. Е ако сега Русија не ја прекинит војната во Украина никош. Ваков шамар на Путина му немат мавнато ни жена му на Макрон. Ова ме потсетвит на ситуацијата кога дедо Тито му рече на Сталин “ЊЕТ“. Шо значит и по Тито Тито. Бар од страната на Буки. Или владата на НСРСМ. Само ме стра Путин дан је речит на Владата на НСРСМ: “Ну зајец, пагади“.

А искрено мака ми е за Лавров з`ш ради нас ја откажа посетата на Србија. Си скрати задоволство да пробат лесковачка плескавица, мрчаевски купус, шумадиски кајмак…..з`ш чоекот тргна по такви работи во Србија. Тој не е глуп ко нашите политичари да се борит за името и правата на сопствениот народ 30 години. Руси. Тиквари. Завршија работа пред векој и сега немат шо да прает и водет војни.

Да Буки се зачешла, кладе вето и додаде: “ се сослушавме со Генчовска и ќе побараме решение за двете страни“. Ко ти викам. Па Теодорчето беше дојдено во државава да ни кажит дека бугарите не беа окупатори. Не колеле македонци туку при бричење случајно се случвело да подзаколат некој Македонец. Па и тогаш било нормално нашите да имет големи бради, а овие шо дошле од Балгарија не биле кољачи ами бербери. И сега …јебига….секој шо работит и грешит. Само онај шо не работит, шо дремит и мислит само на крадење, не грешит. Ко македонскиве влади овие 30 години. Ќе се најт заеднички јазик. Сигурен сум.

Ете….двете пилиња разговараа и за пожарот во Битола и тука се сложија. Бујар без некој напор, стана и истражен и главен судија и го осуди вандалскиот чин за пожарот во Битола, а Генча му рече одма фаљимендерит. Тешко му беше на Буки да осудит за пожарот во модуларна во Тетово, за архивот….з`ш ај како да осудит кабел. Свашта.

Но ете не е свашта работата на Мицале за обединувње на македонците за доброто на Македонија. Чоекот е решен да ја опрајт држава па мајка Катица Јанева да е. Имат добра агенда за средба со македонсите државјани. Ете беше чоекот во Пеленица Драчево, во Трубарево, Свирипичино, Сарамзалино каде е клучниот макденски елтеорат. Плус се сретна и со Пол Мекарти, не не Макартни, тој беше од битлси. Овај Пол е препоептенајзначаен фактор, регионален директор на ИРИ (Меѓународен републикански институт). Фактор и пол. Можда два за решавањето на проблемите во НСРСМ.

И искрено му вервам на Мицкота. И ќе присуствувам на протестот на 18-ти. Пред се заради слоганот “ПРЕМНОГУ Е! ПРОТЕСТ ЗА ПРОМЕНИ“. З`ш види…..Мицале ако незнајт шо е премногу во онадење на државава и дупење на народец свој…кој друг? Па тој и Зоне маџарска побегуља то го праеа 11 години. Не така?

Све….све ќе се средит во државава. НСРСМ сваког дана у сваком погледу све више напредује. Да не речам срља у прогрес. Ко шо срља за ценама. Мада едно ме дупит мене. СЗО рече за заштита од мајмунските сипајнци да се избегвело контакт со диви животни.

Се мислам само…како ќе одам јас во парламент ко ќе имат средба со пратениците? А?

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.