Абе каци бе ти пиле? Каци ти дете? Каде це кијаш? Иѕеѕи да ми те видиме. Ух мил тој. Ѕацо не ми те сакат никој цонце. Ни твојте ни дугите? Ѕацо? Мил тој Мицко само ми го напаѓате. Држел митинзи само во некој вукојебини, ќенефи, плевни и подруми. Абе ојте таму не туку лупајте глупости ко политичар од ДУИ на прес.

Па ко не го сакат никој, цела држава кај да ојт кутрото. Кољо го фрли во оган и јес да му дават инструкции ама од Пешта се слаби врските зш иако таму е седиштето на “Маџар телеком“ сепак Зоне побегуља е на роамингот. Ете доказ дека во Охрид си го сакаме, сакаме да да си галиме чуваме како Џоле.

Си се појави чоекот кај шо и му е место на пазар да се сретнит со пазарџиите да му дает некој совет како да се пазарит понатака за да си го спасит газето…..како? не бре државата кој мислит на неа…сите си мислет за газето свое па така и Мицале. Морат да зејт некоја ука детето како понатаму да се пазарит зш со досегашното пазарање ја посра работата.

Зоне фрли патриоти во оган и ….жена ко жена не мојш да и вервиш….го остај Мицалета да се пазарит за истите ама пустово дете голомеше не само шо не ги спаси не се испазари да ги озвајт од оган туку и тро нафта подистури та пламнаја оние кои ѝ вервеа на Маџарица Млада. Е сега ќе ги ќофтале Спирета и Милета.

Ќе ги ќофтет не оти раце ќе им целивет. Туку Зоне нека стојт кај шо е, ја посра работата шо ја посра зш та ак дојд овде Шутка мојт да му е матично за венчавка со оние шо ги фрли како џигер на овчарски песој. Та дан бидит после: оф леле мамо гаѕето од седиштето од точкот. Ак не ука, Мицале ќе мојт да зејт тезга зш ако ги изгубит председателскиве избори сам ќе мојт да си бират послаби крастајци ко ќе го посетвет и потсетвет негојте членој.

Зато не туку напаѓајте кој како ќе ви текнит. Немојте бре да прајте тортура врз луѓето зш то влијат на нивното психофизичко расудување па после траскале зелени. Е ќе траскет. Па како жити леб да останит саглам Амди Бајрам ко сте го клале 16 – ти по ред да поставит прашање? Како? Како не ви е жал чоекот онака во очај да вапит да ве молит да бидите хуманитарни.

Па бидите бре према чоекот хуманитарни. Неможевте да го клај те 15- ти? Немојте да му однесите дома пижами, тренерки, гашчи, чорапи, режен р`жан лебе?А? Абре како не ви е срам да не му излезите во пресрет со својата хуманитарност бар ако не друго, пример, велам пример, однесете му една македонска вујаклија или пак напишете еден речник со вистинско значење на поимите во македонскиот јазик.

Срам да ви е и за Анета Стефаноска шо ја натеравте да плачит за случајот “Титаник“. Да плачит пред сите во судот и то за шо? За глупост. Зш гласала по нарачка за да се поништеле без причина локалните избори во Струмица? Добро бре безрбетници, то е причина за олка жена да плачит да рикат онде. Па шо ак беа поништени регуларни избори? Шо ак пак излеше маса народ како овци да гласет? Шо ак се потрошеа милиони народни пари за џабе?А? Ех брееее… можевте бар палома или влажна марамица да и дајте а не….токмаци.

Па ме скренавте. И ак не биле регулани се прает регуларни. Е како? Како хотелон во Лагадин, како градбине во Струга, како тврдинине во Матка. Абре едноставно без разлика дал се викаш Перо, Сандре или како било, се прајш на Тошо дека не си надлежен, па дур се најт надлежноста џанг некој закон за легализација, бам некоја цена ни моја ни твоја, тринг откупувација, занг и волкот сит и овците на број.

Мада да се разбериме не само волкот, абре волци нека се. И то нека се 100 000 гладни…море шо 100 абре милијарда волци нека се гладни ко за почеток, па бројката ојт кај регулаторна па полека поголема нека растит и колку сакат нека се гладни волци. Зш толку овци имат во НСРСМ ни аждаи 100 глави неможат да ги до изедат.

Ме изнервиравте искрено. Ко сакатури сте па преку гла ми е дојдено у п….ду лепу родител 2 нека ојт све.

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите