“Елко елкоооо порасни уште некој сантим па да се напрајш цело метро. Елко, елкоооо и ти мила Данелкоооо порасни и ти малку за да си саглам градоначалник“….страшно. Ја нападнаа малата Данелка за несоодветна елка. Аман те бе луѓе. Ами ука учеше жената од Мицалета како Итар Пеjо дa e  з`ш беше негов кандидат за градоначалник. И плус според агендата за организирање дочек на Новата стојт дека Данела е задолжена да донесит каква таква елка, а после да се качет лампионите. И сега ај кажи ако е многу голема висока елката како ќе ги закачит лампионите и другите тракатанци.

Зато требит да ја разбериме ко јас шо ја разбрав. Ми падна жал и ѝ ја поклонив елката шо Баба им ја китеше на децана мои ко беа мали. З`ш види. На располагање имаше само посрани 30 000 евра и шо побргу со нив да набавит? Елка? Украси? Дедо Мраз? Шо? А за улицине сијалички, алки, закачалки, ластици, мотуши, котуши срми, мрми….?? Ај ти све ова набави го за 30 илјади.

Мене не ме насекира Данела. Туку министерот за „здравство“ на РСМ Меџети. Од јануар ќе воведел многу ригорозни мерки во однос на пушењето и то толку ќе биле ригорозни шо порача : “нека ја мислат сами пушачите како понатаму“. Е ова не го очеквев од Фатмир кој не заборават на секоја изјава да кажит дека многу си вервит во себе. То шо мислит народов не е битно.

Не вервев дека Фатмирчо со дополнителни мерки ќе се борит да ја уништит долготрајната типично македонска традиција. Па низ светот е познато дека ние се пробивами само и само со пушење. Македончето сегде пушит. Цигари. Ако не ја имавме оваа традиција ќе влезевме во Обединетите Нации, Нато, Мато, ќе го решевме проблемот со Грција, сега со Бугарија… Стап. Абе очи нисолзет, од чадот.

А пак на прашањето шУ прајме со “трикафта“ лекот против цистична фиброза тојизјави: “Овие пациенти беа вклучени од првиот ден кога јас дојдов за министер. После еден месец јас ја донесов првата ‘трикафта’ за тие првопланирани осум, па после и за 12 пациенти, нели со поевтина цена за да можеме да го зголемиме бројот на пациенти, тоа што никој не веруваше досега“. Па додате: “јас верувам во себе“. Ене пак. Вервел. И јас му вервам, ама ко некој ден да видов слика на пациент кој од болничка постела држеше картон на кој пишеше: ТРИКАФТА ЗА СИТЕ. А Фатмирчо. Ти вервит некој? Терај си!

Е за да ти вервиме се погрижи и Центарот за граѓанаски комуникации (ЦГК) кој според неговото истражвење кажвит дека од година во година се намалвеле екипите за Брза Помош. Односно од ЦГК велат дека во моментов според законските норми фалат 52 вакви тимови. Исто посред нив фалат возила за брза помош но голем број на здравствени установи немет амбулатни и санитетски возила воопшто. Пак ќе прашам Фатмире: да вервам во тебе? Народов да вервит во тебе ко ти во себе? шУ прајме? Ваљда ќе знајт народов шУ да прајт на следниве избори.

ЏИМИ

П.С. Следвит зимска пауза на колумната. Се читаме после празниците

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите