Бре бре какви нервози јадев неделава шо помина. А отвори нешто да прочиташ, а ми се скинаа нервиве. Искрено да ти кажам се осеќав како да сум ојден Скопје максус за да ги видам мадињана од Букефала и замисли некој да му ги скинал. Богами. А одлучи се да пишиш за ова, се нашол некој уште попаметен стресил нешто по не џвакано.

Еве излегвит еден од опозиција викат држава ни била на работ на провалија, а ако дојме ние на власт ќе ојме чекор напред. Де бре. Каде? Директ в провалија? Ако е така ко шо викаш ти ам кажи неморат да дојш ти на власт….сами ќе си скокниме в провалија. Ам така де. Шо сега пак избори дрн дрн јарина за да влегвиме во провалија. Ам ти ко беше на власт то нас шо ни се гледаше ко провалија ти ко лебдеше ко Коперфилд над неа, а ние бевме втикачени долу. Збеснав.

А збеснав и ради друго. За малку ќе немат да напишев колумна. Да бе. Неможев да се сконцентирам. На ова пистата шо ни ја напраја пред зграда почнаа да го сечат асфалтот пак нешто ќе копале. Прво си помислив дан се имат некој од комшине жалено зш сто години газевме калојни пак сега дан немојт на асфалт да се навикнит, дан му е тврдо одоздола ко ќе газит пак дан го болет петицине реплај. Ама ќе да е друго. Изгледа Аце ко ни беше татко на градов ко шо брзаше вака така да ја напрајт пистава пред избори, му имет паднато кључојте од подрумот под асфалтот и сега јебига идат зима немат дрвана кај да ги клајт. Го имат замолено Бакрачон да подископат за овај да си го најт кључон, а Бакрачон ко шо е добар….ај да му се најт. Само дан земит Бакрачон подлабоко да копат дан најт уште други милијарда работи кај шо имат работено Ацика. Незнам. Ал да плачиш ал да се смејш.

А ми дојде да плачам за Заев. Зајко наш струмички. Му се нафрлија. Да бе. А како да не ти е жал. Е ај да те видам нафрли му се на Вучиќ, Волкоски, Мечкароски, ….а не на Заев. Греотичка. Мало зајаче. Наводно местел тендери чоекот. Ам шо да прајме ко е Струмица мала и сите шо го знает Зајко. И конкретно шо е нападнат за тендерот за брат му ете излезе протпаролот од СДСМ-овциве и јасно кажа. Тендерот е добиен на та и та фирма неколку месеци пред да се приклучит брат му во фирмата. Јасно ко ноќ. Не така?

И плус јас пробав малку да истражвам и дојдов до следното. Јес дека работата е исплеткана ама мислам дека е чиста. Значи документите ги подигнал еден зет за две сестри од прва брачеда на сват на кумашинот на старосватицата на трет брачед од Зајко, а овој за то немал појма. Документацијата ја пополнал кумот на сватот на стрината од трет брачед на бивши комшија на Заев кој живеел таму ко бил мал, а Зајко со него немал муабет од ко внукот на брачед на комшијата, кој сега е зет на стрикото на цимерот на Зајко од студија го удрил со топка од снег ко биле мали.

Можда мал проблем имат при поднесвењето на документацијата. Жена му на тетинот на сната од сестра на зетот на чуварот во општина во Струмица, ошла да ја однесит документацијата и ко влегвела во фирмата се нашла со золвата на вујна му бивша на трета брачеда на зетот од прв пријател на некој далечен роднина на другар на брат му на Заев. Праејќи муабет и паднала пријават арно ама тогаш поминал брат му на Заев и само и ја подал пријавата незнаејќи шо е то. И заради ова последново испадвит дека тендерот е местен за брат му на Зајко. Е ајде анализирај го ова шо го напишав и најди некоја врска на Зајко и брат му во тендерот?

Е сега ме израдви една работа. Видов ќе се редел асфалт на делницата Љубница – Скоруша долга 1500 метри како и Трново – Магарево. Се посрав од радост. Како ам. Немат заебанција срљаме во прогрес. Делницата Љубница – Скоруша ни го отворат патот и ќе не поврзит со трансферзалата Скопје, Белград, Виена, Минхен кај шо ќе можиме да ја развиеме нашата трговска мрежа и да се воздигниме како светски извозници. А Трново – Магарево се врзвит со трансверзалта, Атина, Марсеј, Дубаи, Њу Делхи така да многу лесно ќе можат ако сакет со автобусот да дојдат гостите од Субрата Рој во Љубаништа. Ете ти развиток на туризмот. Како ам.

Ќе забораев. Се задумав нешто. Никола ко влегвеше во собраниската сала за пратенички прашања шлицот му беше откопчан. И ко шо ништо не е случајно се задумав шо знак ќе беше ова? Дан сакаше нешто на пратениците да им кажит? Дан сакаш нас во НСРМ да ни покажит? Незнам?

ЏИМИ
[email protected] 

*Ставовите изнесени во рубриката „Отворена“ (Писма-Колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.