Прошлиот пат ко ми беше на гости ти кажвев како сум воодушевен од машкиот дел на популацијата. Ама овај пат да ти кажам некако ми тргна со жените. Воодушевен сум од еден женски субјекат. Алал да и е на Гоца Јанкулоска. Од секош била и ќе бидит за народот. Абе ако требит на другите атер, асебе си матер само да помогнит. Мхм. Таква е.
Дур беше надвор…..каде надвор, во дворот ебате беља….ко беше кај шо не е сега…им помогвеше на сите. Ти теквит дека беше министер на МВР. Баш појава за таква функција. Висока, стасна, горопадна……абе алал да и е. И дур беше надвор ептем му се најде на Зоне Маџарица. Му купи нова количе.
Знајш шо значит во та немаштија шо ја имавме ти да си му купиш кола на другар ти? Баш Зоре Ставрески и рече: немаме за леб, а се мачкаме со чоколадо. И та го намачка Колета со кола. За истиот другар, за да победит на изборите, му купи брод. И тој не кој било, ами “Титаник“. После то одбра еден “Таргет“ и го напрај комплексот “Тврдина“. Мала му беше на Побегуља Самоилова тврдина ја побара “Таргет-Тврдина“. Зоне замина и Гоца замина ама та овде тој таму.
Еве и сега кај шо е, се борит за другите. Пушти претставка кај министерон Лога и овај оп одма нов правилник за затворите. Всушност Гоцика се избори за еднакви права за затвореничките со затворениците. Да се егал. Браво за Гоцето. Да ја наречам Клара Цеткин малку е. Роза Луксембург пак ич. Абе жртва за други.
Можда по фаца од неа ми е скупјанкана Данела. Јас знајш она шо беше со вмро-ОВЦИНЕ, а сега е со сдсм-ОВЦИНЕ. Уствари она шо го сакаше без да го сакат Мицалета, а не го сакаше со сакање на Зајкота. Уствари она…..се врзав. Ај не битно. Она шо е …..неможам да речам, татко, неможам сестра ваљда е мајка на Скопје. Мада ко шо е тргнато појќе ќе да е маќеа на скопјани.
И како да не речиш дека не е фаца. Ем немат со шо ем ги дупит овие од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската инвестициска банка (ЕИБ). Тие: нати Дани пари за пречистителната станица за отпадни води, Дани нејќу. Тие ај на состаноци та нејдам. Зли језици оговарају дека за тендерот поќњиф имала за турската фирма. Не вервам з`ш та го чпордиса Златко Перински з`ш наводно тој бил за германците.
А искрено ќе ѝ се јавам и ќе ѝ речам да престанит да ги дупит и ЕБОР И ЕИБ з`ш Скупје без пречистителна станица немојт да опстанит. Мое мислење е дека немат град со појќе гомна од главниот град. Такво просеравање нигде немат во НСРСМ. Плус уште една работа: ајде шо имат многу староскопски од Неготино, Кавадарци, Свирипичино и други, туку имат и дојдени или навратенипа станале скупски.
Уште една работа ме бендиса. Си ја држиме старата македонска традиција на распарчвење, делење очи ваѓање. Немат отстапвење од каузата на разделба. Еве на предлогот на Министерството за образование и наука да се спојат предметите Географија, Историја, Хемија, Физика, Биологија, Граѓанско образование, Етика, Информатика и Техничко образование се спротиставија овие од Независниот синдикат за образование и култура.
Ќе извиселе многу професори. Страшна работа. Ам ќе ги пуштиме да работите во бироно, по книжари, некој во паркови и зеленило, ќе ги преземит ЈП Македонски Шуми. Шо ќе им фалит. И види друга работа. Ко мојт економист да е министер за образование, а заменик министер да е чоек кој имал докторска дисертација на тема “Правото на осигурување во автомобилските несреќи во Македонија” з`ш онај по физичко да не предават хемија. А? Уште бурекџијана Љуљи да ни станит татко на нацијата и све ќе е потаман.
ЏИМИ
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите