Да. Баш така. Единствена тема за која не се решив да пишам. Тоше!!!  А з,ш? Па…..незнам. Можит не се сметав за меродавен да пишам за АНГЕЛ. Можит не пишев зашо не сакав да ги акнам на лист хартија моите интимни чувства да ги читет стотици илјади луѓе, зашо ке престанеа тие чувства да бидат интимни и само мои. Незнам. А чувствував потреба да пишам, но си ветив  себеси….НЕ. А некако ми дојде од прв момент та  потреба. Ама решив да не пишам ами да гледам, да читам, да слушам и све да впивам за шо подолго сето то да го памтам. И почетокот би така. Читав, гледав, слушав, впивав ама и плачев, но….се воздржав од пишење. За малку ке дотраев.

Арно ама…..Ако целата ситуација, трагедијата….не ме натера да пишам тогаш се појавија , во почетокот мали, а во последно време големи абдали кои навистина…..ама навистина ми ги кренаа сафрите и не можев да се воздржам а да не напишам нешто. И еве пишам….А вие читате. Но јас непишам, а вие нема да читате за Тоше. Ами ќе читате за некои недоквакани абдали, кадри и не кадри, кои  напраја емисии, напишаа написи за Тоше….. Голем дел  од тие абдали испаднаа и јаки музички критичари а далеку било и психијатри да оценвет све шо е во врска со Тоше. Но нејсе. Можит таков беше моментот?? Незнам. Викам можит… зашо јас мислам НЕ. Не беше моментот да се појават толку празноглавци кој ке траскет зелени како Максим по дивизија и шо требит и шо не требит.

Да. Зелени. Мали мисли од големиот мозок. Аха. Или пак “големи“ мисли од малиот мозок. Или пак…..јас би рекол страшно глупи мисли од луѓе без грам мозок. Како иначе да го наречам она шо го трасна Трифун Костоски???????????? Еј алооооооооооооо Трифуне…Ојс.Чукш.  Кочи…..“како најголем криминалец……“ Оооо Трифуне. Де бре чоек зар толку твојата болна потреба за афирмација те акна в мозок шо заборај на потребите на родителите на Тоше????!!! Ој Трифуне…ти сакаше единствената утеха, гробот на синот, на една мајка, која тоа и само тоа и остана да се теши и кутрата да се залажува,  да го напрајш извор на твоја афирмација. Те жалам човече. Те жалам и за жалење си.

Незнам за другите, ама мене ми ги крена сафрите до небеса. И таман се созедов, кога ете го уште еден “Ајнштајн“, македонски, се појави на сцената. Овај пак уште побезобразен. Безобзирен. Де бре Латас , толку ти беше важно да продајш некој број плус од “Вечер“ па да копаш кај не ти е местото и да траскаш не зелени ами муфлосани??? Од каде бре ти чоек толку стручно ја спроведе истрагата за твојата теза, глупост, за загинвењето на детето???? Преку интернет, преку филџан кафе, со гледање на граф???  Е Драгане , Драгане. Те знам како безкичмењак, ама до олку НЕ.

Абре како можеше тиражот да ти биде иницијатор за трескање толку зелени, да осудиш, да си спроведиш истрага и да пресудиш шо и како било?? Јас не викам не било така или вака,ама….алооо зеленкоооо,  нити јас нити ти нити твојот “Вечер“( весник кој прв дознава – ова се твој зборој-пфффффффффф) сме меродавни за таква работа. И еднаш бре чоек сват дека ти си обичен ( и со букви – ОБИЧЕН ) новинар, известувач….А не истражен судија, не пак таков како тебе од итернет слики да спроведе истрага па и да донесе заклучок како било и шо било. Немој сега да ми кажвиш дека све било во интерес на вистината. Аман. Тебе ти беше во интерес само тиражот. ….„Ѓорѓи Ѓорѓевски бил уморен, не се исклучува можноста да задремал….Ова бре Драгане познато ти е??? Обајавено е на 18.10.2007  ::  Бр. 13627 во твојот весник кој све “прв дознава“. За да истиот твој весник после констатира дека ова е лага. Ами чоек шо ова го објавуваше, непроверено???

 …..“ Според првичните информации, добиени од Хрватска, возачот на Тоше, неговиот другар Ѓорѓевски има амнезија и неговата психичка состојба е лоша…..“  Да зеленко. И ова е објавено во “Вечер“ ( весник кој прв ….). 20.10.2007  ::  Бр. 13629. Ете напрај интервју со чоекот кој возел и сето ова го демантира. Така? Ами ако си толку способен зашо не истражи прво како е, па да објавуваш. Знам твојата ништожност сега дека ќе речит дека така ти пласирале од …..Абре како не ти е срам. Знам дека секогаш ја пикаш та глата и кај ти ја берит и кај не ти ја берит, ама сега и овде немаше потреба да траскаш зелени. Лично јас не те есапам многу многу и само заради тебе не глеам вести на “Сител“ и нема да гледам дур си одважен, дур не сватиш со та глата дека ти си во функција на обичен известувач на настани а не си акнат таму истите да ги коментираш и да јајш трици за нив. Не те тркалам ич додека не престаниш да се вртиш како сончоглед…..Еднаш ја напаѓаш Лилја еднаш ја браниш.  Де бре мизерија…Па па па.

Си ми бил секогаш и секогаш ќе ми останиш антипатичен, ама после ова ми стана одвратен. Зато шо нити го врати Тоше, нити на ваков перфиден, селски, начин ќе откриеш која е вистината. Постигна друго. Разбуричка во срцата на сите шо го сакет Тоше и уште нешто, за луге ко тебе најважно: Продаде некој број појќе од весникот “ кој прв дознава“. Свитка џам. Како не ти е срам бре!!!!

Ич не ми си јасен. Многу работи не ми се јасни. И јас незнам…како погина Тоше. И јас незнам….зашо погина Тоше. Нити пак некогаш ќе знам. Едно знам. Знам дека :

ГОСПОД  ни даде АНГЕЛ
ГОСПОД  ни го зеде…..
ГОСПОДЕ…….Те молам……чувај ни го.

ЏИМИ
[email protected]

Напомена:

Ставовите изнесени во рубриката Колумни,  се ставови на авторите кои редакцијата на ohridnews.com само ги пренесува. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување  е исклучиво на авторите.

Од редакцијата.