(од сега во вторник з`ш баба не ојт на бебе)

Мирен бре мирен алооооо…..јак онакво ако хеликоптерот расфрлил тенди менди, столој мојој…Ам смири се де. Е па зш де. Зш мораше. Е па делми во градов беа лидерите од Западан Балкан. Така? Е шуќур некому да му текни без Зоне побегуља да му кажит. И сега на овај значаен момент морат да све да е под конец. Така? Така ами како.

Ај да те потсетам зш толку си политички заблуден ништо не гледаш околу санќим Скопје живејш и затруен си од смог. Како? Е голема работа..ај смогов. Значи тука покрај Зајко наш голем маж, беше и Вучиќ малоно и Еди Рама на НАДК дојдени во НСРСМ? Како? Ќе се отрујам. Независна Америчка Држава Косово. Јасно сега?

Е така. Брат Еди во моментот беше на пазар и немаше никаква шанса да бидит заштитен со пешадија. Е зш. Зш имат 100 наплатни рампи и со кола неможет да го пратет дур беше на пазар. Зато мораше со хеликоптер. Ар ти рушен си во глата? Ам ак не си рушен зш не лупаш ко Максим по дивизија ко Мицко дека ќе ја спасел НСРСМ од криминал? Е од кај знајт дете шо се 10 централи па да ги купит.

Абе исто ко Силванева Бонева. Сите тие имет синдром на незнаење така да и ова појма немаше дека синојте купија 5-6 станој нејадејќи геврек и чаша јогурт од 2 деци. Ам така си ојт. Та имат две деци и зато тија непија јогурт од два деци.

Назад на битното. Значи шок Еди Рама имаше потреба да си го зачуват неговиот версачевски код дрес наречен: версачевет патики дресавет. Е нејсе чоекот ко слетал на аеродром во Охрид ги шпордисал патикавет. И единствено место кај шо можел да зејт патикине, а да не се нарушувает светскана моден тренд на Едоку е тезгароувет на пазаравет. И ај како да го заштитет без Елиоптер. А?

Пак на крај краишта и да ви напрај штета Елиоптерон не туку кукајте. Ам мојте да си надокнадите. А неееее не преку влада. Доста е. Кој шо посади, дали тутун, дали карпуз, дали коприва одма кај владата ако пропаднит.

Не бре…. сами. Ја чувте Мила шо рече. 17 000 денари се доволни да преживејте ако сте четворица. Како ам. И не туку кукајте. Со овие иљадници денари мојте да купите 566 пешници леб месечно. И шо сакате? И на четворица да поделите ви идат по 141 пешник на чоек месечно или пак над 4 пешници дневно. И сега? Дан сте змевој пак по 4 да ги фукате дневно.

Ам така де. Како? Абре та не рече за трошоци, не рече за струја, вода, телефон, гашти, г`с папир…..рече за да преживејте. Со струја не се живејт нит без неа се умират. Мојт само да смрзниш не да умриш. На крајот пак смалите бар по пешник и пол дневно ќе ми ти останет тро паричиња и ќе си земиш полкило пршки, зима е имат сега, па распореди си за цел месец по пршка, две, три дневно и ете ти разноврсна исхарана. Абре Мила е цар не бадијала то го рече.

А пак ак не те бендисвет Мила и другарите мафнија та нејзе та Зајко на 12-ти април и донеси го Мицалете и другарите и нека ти дајт појќе. 5-6 пршки можда седум. Зш електроцентралов рече : “жими мајка немат да фукам како шо фукав 11 години“ и јас му вервам.

Дури сигурен сум ќе вратит све шо му плакаја мајката за тие години. Да бе. И имат план бе чоекот како да не опрајт. Да да. Мене ми е криво шо дур беа паши 11 години со Кољо побегуља не им беше враце. Сега го имет враце, имет план, а шо е најбитно имет покритие. И не само покритие, туку покритија. И то многу. Е како кој? Еми мадињана од Букефала, еми барокнине стиропори, еми вртелешките, еми сплавојне во Вардар шо се насукани на кафеави видри, еми окалкине од Коља, еми…..ехееехеееее да не бројам.

И сигурен сум дек ќе ја опрает. Како? Ааааа…..мислиш зш тогаш ја и не посраја? Ќе ти кажам ако некош одам во Унгарија.

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите