Море не бадијала браќава срби рекле “рџавом биииипп и длаке сметају“. Е такви сме ние. Гадури. Непендеци. Непогодени. Све нешто ни сметат, све нешто не коматит, све нешто замерки да се клаеле….тиииии бреееее непогоден народ одовде и дотаму.
Еве на пример земи со болницава во Охрид. Новава. Ко си ја праеа луѓево полека, санќим нов Светски Трговски Центар во Америка прает…..зш не е напраена, до кога ќе ја прает, до кога на стружанине ќе им се пораѓаме, до кога на стружани хемороиди ќе им садиме, до кога…..ете се докогосавме. Кај не било за 12 години ја напрај ја. И сега ? Сега не ни чинела.

Само да се јадело трици. Еве јас неколку дена одев си имав некоја мака, нешо со стомакот, се проливосвев, дал некој вирус ме фати, дал Латас многу го гледав, незнам ама одев неколку дена. И супер е. Немам замерки. Дури мислам дека е премодерна и самата болница и системот на работа.

Една буба шваба не видов. Брус Ли сите ги имат истребено. Не сретнав сестра шо пушит. Ко ти викам. Зш ко се работит за напредоков на медицинава, онај не е саглам, ти мават џиу џицу џанк патос  и ај после да те видам пуши??? А? Баш се загледвев ко влегов во ВЦ. Бомба. Шеќер да туриш и да лижиш. Така ам како. Поседав малку кај писоарите и пратам, никој не промаши во мочањето. Е сега можда ме мислеа манијак ама морав да се уверам во глупостите шо ги кажват, дал е така или не.

Организација на нивоу. Еве ти пример. Во ходник од 20 квадрати сместени и хирургија и анестезиологија и урологија и оториноларингологија. Додуша околу 5 квадрати земат последново име ама то е. И неколку дена одев ниеднаш не видов во чекалната појќе од 110 души. И секој си го знаеше редот.

Кој на некому седнат в скут, кој му се качил на некој поблизок на гла, кој ушка ама све си течит нормално. Не ојде не ојде 3-4 сати си завршвиш работа. После и пациентиве покрај то шо се трпеливи, не лает, не касет, е сега по малку се пенеет во муцкана, ама си го знает редот. Ко ти викам. Си дошол за урологија таму имат појќе луѓе, хирургија помалку, одма се престројаваш, влегвиш на хирургија и наместо да ти прегледет мадето, ти го ваѓет. Како ам. Ем дента завршвиш работа ем друг пат немораш да идаш.
После…ова Коле шо го воведе со закажвење алал да му е. Немат сега како порано дојди и седи по 2 сати, па тургај се па карај се кој си бил на ред и некош влегвиш. Сега ти е закажано си идаш сејш по 2 сати се тургаш, се караш кој си на ред и некош влегвиш. Да бе. Абре се модернизирвиме. Не така?

Еве јас ко бев еден ден само 8 ( и со зборој – осум) пати им падна фит склопката и не вервам дека појќе од еден сат чекавме да дојдат електричари да ја напрает. После совесноста на ниво. Те прегледвит докторов, а електричаров сејт до тебе, ти го пикат фазомерон в нос, случајно дан ти дојт во тебе струја и одма да ја манит фит склопката.

И ме бендиса една работа многу. Некако одделенијава се правилно распоредени. Сродни. На пример врата до врата се гинекологија и ушно. Логички. И таму дупче и таму. Само требит да пазиш дан згрешиш, посебно ако си машко, дан те седнит на онај столон та длабинско ехо да ти напрајт.

Ќе забораев. Одам да мочам глеам три врати. Машко, женско и ВЦ за персонал. Си реков зш вака одделени? Пак можда докториве пудинг мочет не  знајш. Првите две затворени и реков ќе влезам во персоналското  ко дојде една, по то како се понашаше културно морат да беше шефица на чистачките и…..алооооо к`ј влегвииииш мореее…..ќор си …..имаш мака со очите???  Не бе викам со ушиве на ушно дојдов…..немат тука мочање, за персонал е то, ако мојш трпи ако не ене ти ја ливадана зад зградава…..

Е сега слушнав муабети дека некој ден јок се сториле со канализацијата, насекаде шетале кафеави видри низ болница. Проверив. И пак дојдов до заклучок дека многу јајме трици и завидливе сме. Никој не рече фала шо се вовел нов систем, ваљда Коле то го имат средено, на проверка на изметот или мокрачата во лабораторија и микробилогија. Да бе. Наместо да ојш да носиш на испитвење то говното ко крофна во книга да го носиш, си го пушташ преку шољата од  дома и му редиш едно ливче со име презиме и број на електронска картичка и по канализација си стигвит на сред болница, таму еден застанат и ги сортират по азбучен ред. Како ам. Зато многу мр мр не ни требит. Само да се барало ортома во јајцето.

Абре како е тргнато , како во све, така и во медицинава, ќе видиш за кратко и ова ќе се менит и ќе се воведит нов систем, елктронско испраќање на кафеавите видри за испитвење на микробиологија е –видра…..пример…

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.