Абре полека, полека. Шо е ветено ќе бидит. Море нестрпливи ова арачиновци. Фала му на Господ златен шо ги имаме 300 пилоти само во Арачиново, мада појќе се ама за 300 е ветено, та ќе ја пополниме нашава флота “ФЉОТСЕРМАК“. Само трпение. НATO лајна да јајт со пилоти во однос на то колку ги имаме ние само во Арачиново.

Мада мене ме изнервира малку шо скокна простава раја. Од каде 300 пилоти во Арачиново? Абре како од каде? Јас бар имам изброено едно 100 – тина шо во 2001 година се бореа за правдина како вилински коњчиња летаа од грмушка на грмушка и пукаја на АРМ (сега АРСМ). После јасно требит да ни е на сите дека арачиновци се со традиција пилоти. То им е фамилијарен занает. Како шо имаш кујунџии, резбари, земјоделци, сточари… арачиновци од прапранајпрадеда се пилоти – понапред познати како Икари.

Башка шо од 2001 се населија тука и останаа голем дел од оние шо мрзат близначки. Како ам. Дан заборај пак дека одавна работат “Воздухопловните академии“ во: Вејце, Слупчане, Матејче, Липково, а посебно зш ќе вработвиме и воени пилоти, она академијана во Карпалак специјализирна за дејство од височина.

Ар све ќе бидит. Само јас не сум сите 300 да се од Арачиново за процентуално да имат застапеност од Ливада, Велешта и други места кај шо имат надарени пилоти за потребите на “ФЉОТСЕРМАК“ и нормално за војната воздухопловна ескадриља на НСРСМ. Ам како.

Е сега останвит само за патничкиот авио сообраќај да седниме со ИКАО ( International Civil Aviation Organization) да напрајме договор по “Бадинтер“. Морат да сменит светот некој термини во комуникацијата на пилототи. Во аеро просторот ако се случит во еден момент да имат 25 % пилоти на “ФЉОТСЕРМАК“ да се сменат некој термини на албански.

Пример: over со bmi, roger- në rregull, take off – ngriti, и.т.н како не би дошло до обесправување на македонските пилоти во комуникација со контрилорите на летот. А за ова да го напрајме шо побргу под хитно на ИКАО да го поставиме komandantavet Zot Ali Ahmeti. Јас велам само пример зш појма неам како ојт то, најсетне корењата не ми се од Арачиново. Не така?

Абре то ќе се решит. Туку дај да се зафатиме ние со куварине шо работет во затворон Шутка. Инсистирам под хитно да се отворит нова истрага и предметот да се наречит “Пролив“. Дајте бре луѓе да видиме шо е работата. Кој им прајт јадење на криминалциве, кој им редит селен во граот, рицинус во паштетата, лебот го прает со брашно ко шо требит или со нишадор???

Па да се поведит и истрага за нов предмет за докторите и да се наречит “Маткостата“. Па да видиме до кој степен е воспаление на простата на Катица, дали Боки имат пост прородилна депресија или обична аксиозност. Можда Орцета го имат фатено Vaginosa (по нашки вагинален јадеж) или пак обичен крлеж в маде и до ден денес не разбравме дали Миле Че имат банално воспаление на бешиката од ладно пиво или му е спуштена матката. Првото одма се лечит, а шо прајме ако е второто?А? Како ќе ги доносвит децата здравје Боже, Господ да му ги придајт.

Па така е бре луѓе. Не само бапни ги в болница и не води никаква грижа за нив. Кај на Бога правда ги испозатворија сега и ги поболеа. П О Д  И Т Н О …..“ПРОЛИФ“ и “МАТКОСТАТА“.

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите