“Жено се издепилира? Среди то фризурата? Кладе подвезици? Бретели? И клај ги оние со фишбајни да ти се така ко погоре ко…. Побрзај.. Деца вие? Нови гашчи кладовте? Чорапчиња сини со ружа стрина Дуфка шо ви купи, кладовте? Све ново да видам на вас. Ќерко аj клај на ушето ружа црвена. Бате ти имаш шајкача? Ај тато да те слушнам: Удри Бранкоооо громеее моооооој…..кочи. Не така како локум да имаш в муцки. Отварај то устата санќим мартадела ќе лапаш. Е така, така…..Жено…..дедо матна в уста пура? Баба носит виски? Ајде све спремно да е. Сега е Србија, ваљда на задуша кај Цобета и кај да е ќе дојт овде.“ .

Е така. Све е средено. И јас се дотерав. Син костум, жолта кошула, црвена кравата и ружа на реверу и сат кои два минута касни. Да бе. Го чекам. Само да поминит да ја растурит Србија, да и вратит шо тие ја растурија Југославија и идат кај нас.

Се наместивме. Пред и околу плоштад. Секој со ружа, знаменциња, спремни да запејме како ко дедо Тито шо идаше. Вежбавме и песна. Да бе. Само шо неможев да најдам соодветна песна за Бранко, зш све шо е за него е од коцкица па ја извежбавме она: “Еј Бранка Бранка Бранкааааа кое је крив због нашег растанкааааааааа…..“

И го чекаме. Кај да е ќе дојт во НСМР. Вака не сме го пречекале никогаш зато се спремаме сите. Како председател го имам пречекано, како премиер да, како лидер на опозиција да, како кинач на краците на октопод да, како отпораш да, ама како циклон не. Сакам и ваков да го видам и чест да му напрам.

Зш види. Све мојш со труд да станиш. Чоекот се трудеше и стана све шо набројв. Ама да те прогласет ЦИКЛОН то ти е ко титула као Фергусон. Сер. Па да те чекет и да ти се тресет, срцето да ти треперит шо ќе напрајш ко ќе поминиш не е зезање. Освен циклон, како и да поминеше мадињава ни се тресеа и од баба фуркана не заболе. Ама циклон…..то е нешто друго.

Опаааа. Кажаа поминал Струмица. Го чекаме Охрид. На Заев пиперките и крастајцата решето му напрајл. Ја го и Прилеп стигнал. Леле че плачит Мајран. Све в тиква манал. Е бре Бане. Да знаеше дека ќе станиш циклон и дур тогаш силата ќе ти се видит никогаш немаше толку да лажиш и лајна да јајш за премиер, председател, ова она…..па да се глупираш и толку народ да сјебиш. Вака ем си сила, циклон, ем помалку луѓе сјеба. Сјеба пиперки, патлиџани, јаболка…….и како и да е помалку штета е од то шо сјеба два милиони луѓе.

Држте се еден до друг. Дан ве оддуват и спремете се да пејте. Поминал и Преспа и кај да е ќе дојт ваму во Охрид. Ние сме спремни, мафтаме со знаменцињата и вежбаме…..Еј Бранка, Бранкааааа…….Трпејца е. Чекаме. Абер стигна, трпејчани од СДСМ – овци станале, ВМРО-овци и не го пуштет.
Е да ти се прднам во среќата. А чекам да дојт како пензионер лек шо чекат во аптека. “Намести ги мор фишбајните мојт да поминит секој момент и да се срамиме….“. Опаааа стигна абер. Идет од кај железничка циклонов. Значи за пет минути е на плоштад.

Чекаме. Еве го. Железничка е циклонов Бранко. Се спремаме. Почвиме: Еј Бранкааааа Бранкаааа…..“ . Кочи викна некој. Абре луѓе шо кочи. Седам со руживе и Чивасов цел ден…..Кочи…..Бакрач не го остајл да влезит зш Аце железничка не ја допрајл. Излажал. Добро бре луѓе ова Охрид е или Крагуевац, па киша, тојест циклон Бранкица…… кружи као прдеж в гашчи око Охрида????

Никој. Не помина. Не дојде. Зш го немат циклонов Бранко? Се чудам. Дан застана кај Колета да ја објаснит приватизацијата? Дан ојде кај Џељо да земит пила да сечит то краците на октоподот? Дан ојде Грција да го менит името? Едно време громој фрлаше од на земја сега….Никој. Циклон. Как да не. Развигорче.

Се разочарав. Останавме со вратојте нагоре в небо оџвргалени овега го немат. А пред 20-тина години баш од таму ни падна и не растрти. Додуша и после него кој дојде не чалит ама тој беше прв. А прва љубав заборава нема.

ЏИМИ
[email protected]

*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.