Абе никош не сум го сакал смакот на светот. Никош. Ко ќе ми го спомнеа ќе се намовнев како жена на мочање покрај Вардар. А сега……едвај го чекам 21- ви декември. Само ако овие од НАСА не ја дупет мечката да лажат. Ако дојт до то, абре се спасвам алоооооо. Од све се спасвам. Кредите аш….заемот аш….данок на добивка аш….сметкине за струја шо идет ко мој да е Катарано Спа аш….абре јас аш, хемороидиве аш и сите маки аш. Мада….не е ништо сигурно. Дал ќе ја бидит апокалипсата дал не.

И зато како никош до сега не се имам думано шо да пишам во колумнава. Ми ојде умов, ради апокалипсава, да се распукам по све живо и диво. Абре све шо ќе ми дојт на уста да исплукам да распарчам. Ама пусто мојт да мавнит ова смаков а шо к`смет ти сум јас , можит жив да останам само јас и МВР. И? Или јас и лустраторине. Богами.
И вервиме ако мавнит петок ако не останам само јас жив и две благајнички од Стопанска банка, едната да ми пресметат камата другата да ми го пратит писмото и замисли само јас во цела држава да го враќам кредитов. То ми беше страв ко се думав шо да пишам и шо да прам денојве. А шо баксус сум можам да преживеам само јас и Латас со си вестине. Да бе. До толку е работата. Замисли да немат шо да гледам само вести на сител да гледам??? Скраја да е. Море меѓу првите петок да ме снемат. Полесно ми е да ме снемат од апокалипсава отколку да се снајдам во државава.
И друга работа ме мачит. Какво онакво сме мојт сите да ги снемат само НСРМ да останит. И шо прајме? Ај шо немат да враќаме кредити туку од кај ќе зејме? А? И ќути шо не добивме датум за преговори зш ќе останевме само ние и сами ќе си бевме ЕУ и НАТО. А чим останиме сами на кого ќе се лижат и позиција и опозиција? Автоматски ќе моравме да се спојме во една партија. Со то немат да имат избори, немат да имат јадење трици, немат лажење на народов…..а кај е научен македонскиов народ да не го прцат некој? Ние не сме научени да живејме така. Не така?

Е сега само за една работа ќе ми е криво ако немат смак…на светот. За најголемите демократи во светов. Америка. Ете сега време е да им вратиме зш им требит помош. Во сите наши проблеми до сега бате не бранеше, морат и ние да им помогниме. Тексас барат отцепвење. И морат да им помогниме. Да одредиме преговарачи, да ги седниме на маса Обама и тексашани да видиме како мојме демократски да помогниме Тексас да се отцепит. Ако јајт трици нешо Барак одма го прајме Тексас наш протекторат. Па после ако требит ги бомбардираме со Канадерине, ги прајме парче, ќе ги удајме со вода и на крај од административна се прајт физичка граница и крај. Мада мислам дека зш се големи демократи одма ќе им дает отцепвење. Не така?

Е сега ако не дојт до то, ни останват многу проблеми. Пример ова со докториве и штрајков нивни. До негде ги разбирам шо се љутет да примет плати по учинок. Зш види….онај например шо вадит слепи црева никако немојт да го стигнит онај шо оперират цицки. Зш слепо црево е едно, а цицкиве се две. Или замисли колка плата ќе зејт хирург хемероидџија. Тиииии…. со една операција 6-7 хемороиди лап бодој…лап парица. Како ам. И друго. Нека не јадат трици некој дека дур штрајковет дека не си ја вршат работата. Си ја вршат ама под одредени услови.

Сега немојш да ојш, пример да им досадвиш ако дур си го копал ушето си се гребнал со ноктот дур си ваѓал коломаст. Не така? Арно ама ако не дај Боже некој имат да речиме рак на дебелото црево немат да е одбиен ама си имат одредена постапка. Сам ќе си го извајш цревото, ќе си земиш примерок од ракот и тие ќе видат. Ако е бенигно цревот назад в гас и ко ќе завршит штрајкот ќе те примат. Ако е малигно е тогаш е друга работа. Од ко ќе оддржат прес конференција ќе те примат и ќе завршат работа. И ме бендисвет шо апелирет до пациентите да сватат дека за хаосот вината не е во нив ами во некој друг. Како и да е и тие и другиот мавет во клин, а како и секогаш клинот му влегвит на народот.

Почнав со смакот да завршам со него. Реков полесно со него одколку со држава наша. Ама не дај Боже да беше пред некој ден не ќе ја прочитав изјава од државниот секретар на владата Ељуб Аљими дека албанскиот јазик е службен јазик, а е, и дека од сега дури и за документи за кредити морало да се воведит двојазичност и дека ако некој се обрател на албански морало да му се одговорит на албански. Алал да му е. Незнам само шо чекат владата и одма не се фатит за работа. Фискални двојазични. Одма. На секој шалтер по двајца. Два шофери во автобус, по двајца пред градски кенеф…Македонец и албанец. Немат појќе : дурекс, многу добри куртони……паралелно морат да ојт…..дурекси шум букур куртонавет. Кај шо ги спомнав и нив. Некој некогаш да ги користеше можда нас сега ќе ни беше полесно. Незнам шо да речам.

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.