Море. Ак те биват ќе напарјш држава. Ама ак не те биват ќе напрајш Македонија. Ама имат и светли примери. Еве нас држава по држава почвет да ни искажвет голем почит. Доказ за то е шо ни ги укунаја визите за Дубаи. Абе како го чекав ова неможам да ти објаснам. Жена ми не ја чекав така да се породит. Ко писнав едно славење, море песми, ора играње…..Да да. Ги викнав Агушеви. Душата ми е наместо. Овој потег ме наврати на 30 тина години наназад ко одевме Лерин ко ќе ни текнеше. Си ојш си купвиш портокали, манадарини, маслинки по некоја фармерка, сунѓерчиња за пајнци и назад. Цела работа, одење, пазарвење, враќање ништо појќе од два три сати. Истото ќе си го прајме сега и со Дубаи.

Поготово ќе е корисно ова за оние шо возат дизели. Динк колата за 10-20 сати одиш полниш нафта и се враќаш назад. З`ш не оти имаше друга причина освен визата шо не запираше да ојме таму. Си ојш полниш то кесите, разградливи, со ф`стаци, кадаиф, сат некој Ролекс или Патек Филипи, јонџа, ориз, тикви абе шо не.

Мене лично ќе ми се остварит најголемиот сон. Ко ќе имам продолжен викенд оп скокни си до Дубаи на плажа, или со кола или со автобус, спружи се ко крап покрај вода и уживај. Е сега малку е заебано шо таму сите плажи се со многи ситен песок и тој многу појќе се напиквит в задник од колку кај нас з`ш кај нас се појќе со камења. Мада кај нас не е проблем песокот и каменот туку чоекот. Све појќе и појќе имат луѓе шо се напиквет на претпоставениот в задник.

И не само Дубаи, односно ОАЕ, цел свет ќе не признајт з`ш сме Мики Муас држава. Ам како да речам поинаку ко председателката на комисијата за борба против корупција осомничена е за корупција. Пет пати го прочитав ова шо го напишав и уште не ми се вервит шо напишав. Абе властодршци, функионери, имате нешто во то шо ви стојт на рамејнци шо анатмоски се викат гла, а јас би го рекол, тиква? Или расол имате? Или само за чешљане ви е?

И шо е интересно и СДС и ВМРО при изборот и дале максимални бодој на истата. Абе страшна работа. Се покакаа. И едните и другите. Ај знајме дека Катица која и та гонеше коруптивни фаци дека се корумпира за тросед. Ме интересират на Тања шо и имет ветено? Јалови едни јаловосани.

Ако искажам мое мислење за ова надлежните имет големо БРАВО. Ама надлежни, да ве потсетам, пред не многу време изгореа 62 – ца. 62 фамилии се затворија, а истрагата некако ми е како… не, не немав никаква намера. Јас онака го спомнав ова. Ради Мики Маус. Некако ко да се заборавет работиве после некоја недела. И ова онака го кажав. Ради Мини Маус држава.

Засегнатите секој ден ќе демонстрирет за правдата на нивните шо изгореа, а пратениците си дадоа три недели одмор. Па морат луѓето да се одморат па после то ко ќе ми р`снет, во работење ќе се заборает и дома да си одет. Тогаш ќе се одморени и можда ќе ги посетет кутричкиве шо демонстрирет.

Незнам дал ќе појдет ама знам дека ќе дает се од себе за истрагата, ептем ќе се трудет. Се претрудија.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите