Види го. Алоооо кочииииии. Кај влегвиш море со ќебапите? Абре мафни ми се од дома нејќам да сум соучесник на…..ааааааа имаш фискална. Уф ме здрви. Мочта ми се смрзна. Ама дај клај ги в подрум да се одмирисет за секој случај. Дур докажиш дека не се украдени туку редовно купени мојме да надрапаме 20 години затвор за 20 ќебапи. Ко ти викам.

Ајде влегви седни овде. Ам шо зш? Делми те поканив да си читаме весници ко во времето ко серевме во нужници. Еве ова е пример интересно. Теута Арифи, женскиот градоначалник даде изјава за поплавите во Тетово. Жити све кажа дека на то место немале река шо значело дека не е поплава ами непогода 

Море да ти се прднам во мене да ти се напрдам. Колку време сум живеел во заблуда дека поплава ти била погода, да не речам Божји дар. Ај можда во следниот број ќе кажит колкај се кражбите на дрва и за регионот кој е соголен како ќелајца и дека немат шо да ги задржит врнижети. Море паметна. Јас мислев убетки имат на ресине од ушине, а нејзе да и течело мозочнина.

Чек. Дај друг весник. Види ова. Аууууууу….Зајко и другарчињата од први се враќале на работа. Не бре да мерат улици. До сега то го праеа. Сега се враќет баш на работа. В парламент. Ги фатило срам зш 100 години драпаа мадиња, земвеа 1000 еври. А нееее, си се заебал. Не од грижа на совест. Туку зш од драпање ги разраниле мадињата и сега се враќет во парламент, разранетите мадиња да ги пријавет како повреда на работно место за да земат оштета. Ко ти викам. Море овај Зајко колку е досетлив.

Ај смениме…читај ти. Шоооооо? Како бре. Молим те дај ми син камен, варикина, солна и колец да се наденам. Абе ова не е вест шо ми гочиташ. Ова нуклеарна експлозија. Неможам да вервам дека Шеќерка се сунчала. Ај шо се сунчала. Туку се сунчала на плажа и то сред лето. Абре кај се чуло и видело некој да се сунчат на плажа. Јас колку шо знам и практикувам, се сунчам на нива или кај панорамсконо тркало и то во рана пролет. Ко сите. А оваа на плажа, лето…..незнам, СКАНДАЛ….шооооо? Била и во бикини??? Готово. Ојде народов и Радуле. Мори Раде, глеш дека сите се сунчет во штала и во трикини, а не бикини. Шо туку ги провоцираш луѓево. Ц ц ц.

Како? Ам шо се чудиш море то е старо и познато. Да бе. Баш така пишит….Дека патеката за рекреација во Охрид е забранета за велгоштани. Ај Господ да чуват. Како не ме разбираш море, јас не зборвам ко Тупурко та да не…..Е сега …забранета е зш Велгошти години немат вода. Е како од кај знам. Киснам кај сваќана Биља Велгошти. Надвор имат спремено околу 157 шишиња од литар и пол за плакнење на газон. Ееее од кај полнат. Од нивнана река Сушица.

Пред вратана имат три буриња од по 150 литри то им е за да ги мијат рацене некогаш да может да кеснет. Во ходникот приметив кофи за миење на пајнци од цел ден шо се собирет ама и шлајферица до нив зш се закораени ко ќе немет вода три дена по ред ни капка. Е така. Е сега навечер, после 2 сатот им идет вода, ај шо сум и јас, не им идет, им лазит вода по славини, а ко ќе се туширет седвет на шоља зш ако го кренет тушон им се враќат назад по цефкине. И сега како да се шетет? Ќе се испотат и ќе требит сваќана така да сејт не туширана, испотена и пуфлосана.

Не не…..не фрчи одма по надлежните. Тие биле криви? Ај не траскај многу. Ам сега Велгошти не е град. Имат можда ехехееееееее 800 метри одалеченост од Охрид. И кој им е крив.

Е сега ако не смеат да шетет по патекана, зато ти викам не скокај одма против надлежните како прле пред магаре, овозможено им е од истите тие надлежни шо пљукаш по нив, да одат во Скопје на панорамсконо тркало. Седват со расчепатине ноѕе и се вртет на тркалоно да им се залепин потна да не ми течит, се луфтирет и сваќана се враќат отпуфлосана. Како ам.

ЏИМИ
[email protected]

Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив