Абре ме удај аман пак ти. Оставки та оставки. Ние сме прозападна држава. Еве земи за пример Норвешка. Во 2011 Брејвик скина 85 студенти на островот Утоја до Осло. А пред то кладе бомба пред зградата на тогашниот премиер Столтенберг и опра 15 лица. Значи 100. И Столтенберг не даде оставка.

Ко мојт тој з`ш кај нас да е поинаку. Истата година дури ја доби и наградата на Фондацијата на Обединетите Нации па стана генерален секретар на НАТО. Можда пак нашиов Мицале имат иста цел некош да станит исто и да соработвит со Шеќерка. Нит Мицале нит бата Јенс се наивни како данскиот премиер шо даде оставка ко имаше несреќа со возот.

А ај шо да прајт Мицко? Апсит ко да собираат луѓе за крводарителна акција. Кај да е од 30 приведени еден ќе се најт крив. Ко шо ми велит онај треварон мој шо ми дават напиток против киселини. Викат гарант ќе поминит. Еми била напраена од 27 биљки. Една ќе фатит мајка јана да е. Една ќе делуват. Море само така премиере. Само немој да си го чепнал некој од владата твоја. Све шо напрај напрај Зајко. Можда пак Бранко е крив незнам. Важно од твојте никој не згреши.

Абре знајт Мицале шо прајт. Не бадијала тој стана со Трамп едно. Ептем се зближија. Мицко не се задоволи ко Хорхе со намигвење. Да да. Не бадијала ко беше нашиов му го прајше ќејфот на Трампон. Море играа котката питката, долга магарица… Шо не. И после то оп 33 % данок за македонските производи. Само 33. И дури премиеров велит дека така требало да бидит. Нормално дека ќе речит з`ш наместо игри мојт да дојт до намигвење и ќе пропадниме.

Така велет во написи по порталите. Жими комшијана Шуле шо си го сакам ко сестра. Само еден апел до порталите. Да бидат појасни во пласирање на вестите. Пред два дена читам дека : Полициски службеници од ОВККИПС извршија проверки во ОБПС Скопје…… .жити мајка… цела азбука. Ам преведи ми да му се….. Ам ај да почниме РСМЌПКИДЕ……наместо РСМ Ќе пропадне Кај и ДЕ. Ам така де, биди краток и кажи дека полицијата ќе отворит дисциплинска постапка против полицајците шо не го давале поршето од Ќерима да се кренит.

А и з`ш да се кренит од велосипедската патека. Срџан не беше со жена ми на вечера….беше со мажот на Гоца. Значи да ви е јасно. Каква и да имаш врска со некој од власт ништо за вас не важит. Важит да си прајте ќејф. Денес испадвит ебати функцијата ако не си фраер и не прајш малверзации и не го цинкаш премиерот.

А фраер е и судијана Ељведин Ферати. Сите го нападнавте дека за то шо досуди само 2 години за убиецот шо го згази момичето од Тетово. Тој колку и да сакаше поголема казна да клајт не можеше з`ш неговото презиме влечит италијанско потекло и вистински се презиват Ферари. Ељведит Ферари.

И сега како овај судац да го казнит убиецот на момичето шо љетил кога се браќа по брзина мољим ти се. З`ш ферари не се купвит да возиш со 50 км/на час. Туку да љетиш бре.  Е сега за то шо дур студирал во Тетово сам си ги преправал оценките државава ќе си преземит други мерки. За вакво кривично дело ваљда ќе се активират Агенција за храна и ветеринарство з`ш тие се задолжени за овој вид, можда.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите