Тооооо мајсторе тоооооо рсни на ушево, распичи, искини, море мене скиниме, на ти пеевче: Докаааааааз, јас сам ти живиииииии докааааааааз, само један казнуууу сносиииииииии. То Цецооооооооо тоооо. Абе секогаш сум сакал да ја слушам Цеца и то со си цицки, поготово ова песна. Зато идам во оваа кафана шо се викат “Македонија“. Додуша не е кафана биртија е ама….Докааааааааззззз….Ах мори Цецо ах шо ми напрај.
Море сега ќе манам стотче, нек се пустит. Зш види не е мала работа ко ќе прозборит некој. Јас се сеќавам децана ко ми прозбореа незнаев кај сум. Ама од нив очеквев да прозборет нели е то нормална биолошка појава, прво заби излегвет па после почвет да зборвет па проодвет. Ама ваква радост не очеквев дур умрам….да бе….алоооо Хорхееее на Телмааа прозборееееее. Пичи батоооо на увце: Дооооокааз, дачу тииииииии живииии докааааааз“. Тоооо мајсторе. Шо пијат сите. Лелееееее се посрав од радост.
И ај шо прозборе Хорхенце, ами…..море види….не бадијала се рекло дур си жив се учит. Ај шо прозборе чоекот ами ме научи шо е разликата помеѓу ДОКАЗ и ПЕРЦЕПЦИЈА. И убо си кажа само ние шо немаме во тиквава да сфатиме. Јас пробав оваа јака мисла да ја применам во секојдневниот живот.
На пример доказ е дека жената работела во “Дрекселмаер“, доказ е дека и се слошило, доказ е дека не ја пуштиле од на работа да ојт на доктор, зш доказ е дека експлоатацијата на НСМР-овскиот народ е на прво место, а то шо починала е само една проста перцепција. Така е? Така е ами како….или не Хорхе?
Или пак доказ е дека ова фирма ја донесе некој во НСРМ. Кажа дека незнам колку стотици или илјади, не се сеќавам, се вработија, ама пак перцепција е дека се омаловажвени работет само за кифлата и јогуртот на пауза, затворени како во Алкатраз…..а не кочи….не викај дека никој не ги тераат сосила.
Зш сепак е то појќе отколку бајат леб и маштејнца расипана. И да. На уста ние она: ак не те бендисвит ојси. Не браќа, требит некој маж кој земвит провизија и да имат мадиња да ви дојт и да ви речит: ај у шесто не ми ги малтретирај македонциве зш вака не сме договорени. Или пак баш вака се договоривте?
Уште ова. Според него, мил тој прозборе, и тој бил прислушкуван. Да доказ е дека е прислушкуван. Според него. Ама според она шо јас од него го разбрав перцепција е дека не мојт да е прислушкуван, зш како мојт да е прислушкуван некој кој нити гугат нити бутурит. Ама ете…
Доказ е, според Вест, дека 5% од судските работници ќе бидат казнети со 20% од платите во рок од 6 месеци, доказ е дека ќе бидат казнети оние шо се на крај на листата според бодовуњате, доказ е дека појма немат никој како ќе се прајт листата, а перцепција е дека се посравме со секоја одлука шо во последно време ја донесовме.
Можда пак рангирањето ќе бидит по сопствена перцепција, ако некоја не му дајт на некого, ако некој не донесит одлука како шо сакам јас, ако некој се чешлат со крупен чешел, а имат виткана коса. Како и да е пред време некој знајт дека 5% посто требит да бидат казнени, а никој појма немат како и зш а не камоли точно да ја одредит бројката на казната. Ама ете. Перцепција.
“Да се обрне повеќе внимание на ветеринарството како професија, општеството да и’ даде поголемо значење на оваа област, која се уште малку се цени.“ Доказ. Ова е заклучокот од дводненото годишно собрание на Ветеринарната комора кое викендов се одржа во Дојран. Доказ. Ама немојте да се секирате многу зш секој ден се појќе животиње се истаквет во НСРМ. Јебига. ПЕРЦЕПЦИЈА.
ЏИМИ
[email protected]
Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.