Аман Мицко живти све ако си од мајка роден не ја оставај Гога-јога да се обратит од под некој далновод з`ш ќе акнит: Добро вечер најдраги парижани. Аман немој. З`ш ак ни ги ф`ткат имињата на градојте, Господ знајт  за какво име ќе потпишит за државава. Не дај Боже, мојт да речит: …за мене поважно од иднината на вас финците немат….“. Аман немојте. Кај од ко ни го наденаа она северноно се смрзнавме, гла од студ не кренавме, кој ќе градит скокалници по Галичица, Шапка.

А ако станит мајка на нацијата или баба на нацијата, ако речит така да се викаме така ќе е. Немат трт мрт. Финец или смрт. И ти сега Мицале незнајш шо да прајш, ко прдеж в гашчи се вртиш ко ќе ти текнит шо напрај ама ојде јабана.

Мада лично мене ми го прајт ќејфот. За председател бре не туку траскај бизарности. А најмногу ми го прајт зш мислам дека само та мојт да бидит председател на сите граѓани на НСРСМ зш кај ојде да зборвит од таму е. Во биографија пишит родена Охрид ама шо да прајт пустото бабе ко во Кочани се осеќаше кичевски. Ко шо ѝ се настапине.

Абре требит малку да менит темпо на митинзиве, помодерни да ги напрајт проевропски аку и менторот и ментороклешот не ѝ се проевропски настроени ама бар да се спремитза настап. Мојт на почеток да ги пуштит браќана да ја опнат “Да те питам бабо“.

Мада искрено од двете страни, двете кампањи ми се некако ко штури, ко вилица без заби ко…..која трета бре? Аааа ам тој не е кандидат тој е река. Гола вода е. Остај го него. Ова ти го викам зш јас од секош сум сакал избори само ради реториката шо овде ми фалит. Ако немат, пример, викам пример…Гога: да дај Господ на мојот против кандидат на раскрсница пролив да го фатит….Стево: Море златен Бог два пати овај месец да ти дојт а тампони да не најш, па пичет рафално: децата со очите били да си игрет, а твојте од цревата ремења да прает, да би аптеката ресторан ти била…..типично да си е македонски. Северњачки де.

Не…вака не ме бендисвит ич. Шо прајш така бре? Ар шо ја навалвиш така глата на лево и тажно ко гулаб задавен? Аман бре чоек… Ам така кажи…..дек се осеќаш разочаран од то шо си гласал за СДС. Иди у кууруз. Мислев те фатија, шилците или дек ти се прибољва или дек ќе се мажиш па почна да гувејш.

А не не ја глем та реклама. Еднаш до пола ја гледав и толку се расплакав, ред солзи ред мрсули, па се закашлав, па држ недај едвај се повратив. Толку ми е жал за сите оние шо се на реклама шо ми идат абре да земам ко чорап да се отпревртам ко новина да се искинам.

Е то да ти кажам незнам искрено ни јас за кого ќе гласам. Некако збунето се осеќам, ко кавадарчанец во неготино, ко стружанец шо се капит во охридско езеро, абе ко суво лајно со праз. Кај двајцата ме бендисвит шо пред све в срце им била Македонија. Зш при вакви работи јас очеквам в срце да им е Кенија, Занзибар, Сао Томе унд Принципе…..така некако. За ова двајцата се за пофалба. Ваква реторика не очеквам искрено зш кампањиве шо се водат со ништо не укажват дека се за кампањи на кандидати за председател на  Македонија. Не така?  Браво за двајцата.

Мада морам малку предност да ѝ дам на Гога заради неколку работи. Прво како шо рече сама кај Жарета  дека имат јака нога зш вежбала јога. Абе директ. Карлеуша мојт вода ко на прилепчанка да и носит. Ама жената упражњават јога. Јак слоган. Гога со јога имат јака нога. Топ.

Друга работа ме бендисвит шо во својте говори имат толку енергија, бликат целата, ревносно се обраќат, ко ќе го пуштит гласот санќим оџа од  минарено од Али Пашина Џамија од висина од 50 метри викат.  Е со ваков настап кај можат присутните да седат мирни? Море то коси се корнат од транс, море гради со гради се мавет, се пљукет в чело од радост. Некош ко да забегвам ко ќе ја гледам санќим ја гледам врсничкана нејзина Тина Тарнер. Ко ти викам.

Е сега едно малку ме плашит. Од бликање на толка енергија дан ми колабират момичено та после….Мада и то да се десит  одма  Зајко ќе го фрлит Стевета и овај како сидро ќе ја повлечит. Како ам. Е сега ак немат ко нејзе енергија чоекон ќе се борит до последна крв за Кенија….уф….Македонија….абре за државава ако требит како турчин против османлиите ќе се борит за арно наше. Со Зокија железни опинци ќе клает ама просечна плата 500 еври ќе имат во НСРСМ.

Како? Шо викаш? Веќе се надминати 500 еври? Аааааа Зајко рекол така. Изивни. Не чув.

 

ЏИМИ

 

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите