Сметам дека ниту еден нема право да одлучува или наметнува став за или против. Дијаспората најмалку.Знам дека нашите не сметаат за попрости од нив но сепак одлуката нека ни ја остават нам зошто тешко дека тие некогаш ќе се вратат во земјата чии граѓани ги прашуваат дали знаат што е тоа фриџирејта,телевизор во боја,ич ај донт ноу тете.!!!!! . Мислите дека доколку гласате ќе го промените резултатот? Ни случајно! Вие ги изумивте албанците во странство. Но за разлика од вас драги наши тие ја купуваат педа по педа оваа наша Македонија додека вие ги закопавте селата, ги заборавивте роднините, а се криете од секој пријател кој има некаква потреба..“Е у том грму лежи зец“ што би рекле србите. Во тоа е проблемот што вие не давате одговор на основното прашање зошто заминавте од Македонија?Ако беше заради политика досега ќе се вратевте заради стомакот е !!!Тоа е ваш избор и во тоа ниту имам право ниту сакам да се мешам но настрана и вие!.Јас која овде живеам со пет деца и невработен маж ќе одлучам, стечајците, млекарите предвреме остарените тутунари и земјоделци ние ќе одлучиме а вие ако сакавте да ни помогнете можевте да издејствувате признавање на Македонија под уставно име од Австралија на пример. Ако сакате да ни помогнете вратете се нека не има колку зрна песок но тука бидејќи ако нас не нема ќе ја нема и Македонија. Луѓето, а не каменот и не дрвото ја чинат земјата, а знаеме дека албанците би ја нарекле Илирида бугарите ….којзнае како но вака никако. А да сте тука и да сме многу е тоа е веќе друга приказна.
Од еден господин добив линк преку кој видов нешто што мислев дека е така но преку него се докажа дека е .
Сакале да признаете или не драги наши со Македонија ве врзуваат само корените вие кои сте втора или трета генерација лека полека станувате сто насто Австралијанци,Американци…..На известувањето околу свадбите стои дека склучиле брак Крис, Белинда…и понекое македонско име но веќе при крштевките имате крштевка на Дѕлан(со ипсилон) Јадѕен (исто со македонската ипсилон) Џејмс и Кевин Џулиан-ли која најверојатно ова ли го наследила од дедо и Брус(ли) Кажете ми сега ве молам како може некој кој не го сочувал сопствениот Идентитет да го сочува и брани идентитетот на Македонија? И тука имаме современи или ин имиња но тие се опкружени со Ангел, Јана, Цветан и Бисера што ги прави поотпорни на асимилација
За воља на вистината имаме ако не и поопасна дијаспора кај нас.Тоа се нашите македонски бугари кои имаат пасоши како и оние кои ги чекаат истите тек колку да потврдат дека е точен вицот според кој тешко ќе најдеш Хрват кој сака Србин, Србин кој сака Албанец , Словенец кој е за федерација ,Црногорец со орден на трудот Босанец со нобелова награда и Македонец кој не го променил презимето.
После се ова што кажав (збор,два) длабоко се поклонувам на сите во дијаспората кои душа даваат за Македонија на кои срце ги боли, а очите солзи им се полнат при помислата на родното место,кои зборот не го заборавиле и песната не ја допеале. Се поклонувам на оние кои се трудат да постојат македонски школи, македонско радио весник православни цркви .На оние кои со македонски чекори се движат по туѓи друмови(авении) и такви има и дај Боже никогаш во нив да не догори копнежот кон татковината оној кој не дава очи да се затворат додека не се стапне на татковиот праг. На нив се радувам и нив ги сакам зошто знам дека тој копнеж ќе ги врати назад
Во нив е мојата надеж дека заедно сме посилни.