Абре мирен ко ти викам. Не. Никако. Види го. Добро бре другар ми си, а толку ме мразиш? Толку сакаш да ме викнат на распит, па после притвор, па да кркам кривична, па судење, па……? А? Абре истреби се нека поминат ова ујдурмиве после ќе варосвам. Ар види го како зжш. Шо ако е дома ми. Ам не се знајт то.

Читам Битола 33 кривични, Охрид 22, Скопје 44, Свирипичино…..абе ризик е. Можат и за ѕидојне мој да ми напишат “фарбање и оштетвење на туѓ имот“. А и да се решам да фаросвам сам ќе варосвиш јас не се појављам дома да бидат до тебе. Е како зш. Ќе не видат еден од еден и одма данк кривичната за “учествување во толпа шо ЌЕ изврши кривично дело“. Дури ко ќе варосвиш и да поминит некој комшија мој и да ти речит аирлија работа немој да си му вратил нешто фала, мала, ова она. Џанк и него за врат и одма “учествување во толпа шо ЌЕ изврши кривично дело“. Ар не си играј.

После друго ми е. Ај и да поминиме без кривични за варосвењето. Шо не вервам. Таман ќе ми варосаш, ќе се средам и ќе се спремам да ја гледам она серија “Во светот на бајките“, некој шо ги викат вести на Сител, мојт да ми дојт СЕЖЗЧЅОФ, она единица на жени спонтано шо се собират за чистење на ѕидој и објекти од фарбање и да ми ги избришат поликолорон и пак не варосано да ми е. Абре седи ко ти викам и шупи си. Било шо работи, дилај дрога, пукај со калашњиков, немој боја в рака да си фатил. Ојде јабана.

Или пак како пред некој ден во Скопје. Се нарача од севишниот поплави, дождој, дождој, за наеднаш да се измијат све шо е фарбано, зш овие спонтаниве спиеја во моментот за другиот ден пак спонтано да чистат. Е ова беше најспонтано чистење. Ама пак на овие спонтаниве од СЕЖЗЧЅОФ ќе земат спонтани сендвич за дента. Абе подалеку од бои.

Како ам. Ене прошетај по улица да видиш дал се имат некоја жена лакирано. Стап се имат лакирано. Кај се фаќало лак в раце во ова време. Седи мирен. Ар женине шетет во косине бели ко штркој да носат на гла. Не се фарбет страв им е. Исфарба коса и одма оп “учествување во толпа шо ЌЕ изврши кривично дело“. Е сега ак мојш да ми варосаш со дрога, неморат да е херион, нешто полесно нека е поевтино, шибај. И никако да нанесвиш со ваљак за фарбање, четка или било шо шо асоцират на фарбање….кривична….џанк. Ако мојш да ми средиш работа со бомба, со нож….за такви работи во НСРМ не се одговарат. Мојш ак сакаш и со минобацач….неееееееееее….јанглаш. Немој ќе те заебев. Седват носат закон и минобацачот го прекрствет во бојобацач и џанк….кривична. Не си играј со опасни материи. Со бои.

Море сега ми текна. Јас не знам како се реши Коло да ги нарачат оние 3-400 титини сличина да му нацртет. Жими се. Прајт ризик чоекот да кркат кривична. Дури уште не нацртани мојт да добиет кривична за “учествување во толпа шо ЌЕ изврши кривично дело“. Зш тој не ќе е сам на сликине, цела толпа ќе му цртет. А од ко ќе му ги нацртет за “фарбање и оштетвење на туѓ имот“.  Едино ако чоекот имат одлучено да му ги цртет со туш. И тука немат фарбање. А немат фарбање немат кривична. Како? Абре ти ојден си бил и појќе од то. Можда и дојден си. Па шо ако е премиер. Или бивши премиер. Уште немаш сватено шо саглам држава сме ние НСРМ? Абре немат во ова држава селективна правда. Кој сакаш биди летна кривичната.

И после знајш шо е заебано. Немат за ова кривично дело, за фарбање аболиција. Нееее бате. Кај нас имат аболиција за кражби, убиства, силување, педофилија….зш фактички овие не се кривични дела. Само дела сеа. А најголемо кривично дело е фарбање. И најопасно оружје е бојата. Така да си знајш.

ЏИМИ
[email protected]

Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив