Која Катица бре да се катниш та од катнана гаража да се опериш, ко коњска лепешка на сред улица во центар да се залепиш. Аку немет изградено, кај да е и Охрид за сто – два триесет години ќе ја добиет. И не туку ми викај Катица. Не оти секој шо викат отвори, отвори, отвориииии…. Ката е.

Тук дојдов да ти кажам. Абре шо работи се исподесија ти дур си скријан од извршителиве зарди сметкана од МРТВ. Шо не, абре шо не. Јас знаев дека сме ојдени сите ама ова го немат нигде. Еј морееее алоооо невино дете да бркет полицајциве по скопскине улици. Уште то го неам видено на дунава. Ко ти викам. И после правда ќе бараме, а мали децај мрсулај се гонат. То кутрото бегало зш му се присрало не за друго. Ам дете голомеше. 

Е шо се десило…..ам од градинка ги однесле на луна парк на количинана. Не не. Во моментот имал пауза од работа како дополнителен министер. Не во работно време. Она шо се рекреативни периоди за сите министри шо ги следвит з`ш мали се и збесват во една просторија затворени и прает бели, се какет, се мочет од нервоза, се тепет со другарите….и така. И ко шо се возел со другарката летнал со си количето по скопскине улици мавнал во две три други коли партал ги напрајл, зш овие од луна парк многу јаки браници редет.

Абе тој и другарка му да се газат од смеење. Дечињ…си играле. Пак им се пуштила полиција то кутрото трчај бегај од страв в гашчи се помочал. Ги напрај гашчите жолти жолти катран. Ко сите деца бе. Не така? Как да не се уплашит. Дете ко дете. Само една работа ме чудит. Како можит толку мало дете…..не не…не како мојт да е министер, то е нормално сега…..туку како мојт толку мало а толку да лажит. Делми децата имет чиста душа?

Колку шо разбрав сега ќе го казнеле од дома, една недела немат компјутер, немат праење колачи од кал, немат играње она играна “монопол“, немат југио, немат гледање телетабиси….е ова последново ќе го скинит ко министерче. Толку тие се заблудени во гледање телетабисиве шо вака да се загледаш многу од нив не ти личет на телетабиси? Ко да се трнасформирет.  Или пак така ги раѓет ко телетабиси….не оти знам. Некош немојш да напрај разлика дали е министер или телетабис. Е….ко малиов.

Тук за малку не ќе стигнев да ти ги кажам работиве. Ти не знајш каква гужва беше онаму на улицана “Охридска Бригада“. Абре славење, пеење, играње, пиење, ждригање шо да ти кажам. Абре и јас прво не разбрав зш ама после ко ми кажаа мислев ќе паднам во несвест од чудење. Замисли уште не е дојден 22-ри век, а тие ти почнале зафати за праење на канализација на улицата. Ејјј замисли и то со цефки. Абе ти мојш да не вервиш ама вистина е.  А шо ќе речиш ко ќе ти кажам дека покрај цефки ределе и шахти?А?.

Е акај ти акај ама ние заминавме далеку братеееееее. Алоооооо. Ова море го немат ни во америкине. Ejjjjj абре то ти е ко ќе срљаш во прогрес а никој немојт да те застанит. Збогум фекалии, збогум септички јами збогум смрдео македонска. Абре полека полека ќе виш и кај нас во центар ќе клает. Ваљда и кај нас со цефки ќе е и со шахти. Како иначе. Ние не сме банана држава.

Еве виде на она телевизијана како имаа напишано? “МАКЕДОНИЈА МЕЃУ НАЈРАЗВИЕНИТЕ ЕКОНОМИИ ВО СВЕТОТ“. Шо акаш? И да не си видел немаш осетено? Или ти си од ние од Бранко ко викаше сега ви е убо ама покасно ќе осетите. Како не ти е јасно?  Ај просто да пробам. Значи сега ти влегвит, а потака ќе ти е убо, потака ќе се потпритресиш. А сега све е сихронизирано. А ти влезе, а одма ти е убо.

Мада незнам искрено кога беше поубо. Дал тогаш еднаш да влезит и да дремиш ко мисир да ти дојт убајната или пак сега ова, а те матинат а се пристресвиш одма. Убо ти е. Дури ак почнит да го немат некако ко да ми ти е празно ко шупливо…..не не не бре….не зборвам за мозокот. Мада не дупат и во здрав мозок ама мислев овде на…

ЏИМИ
[email protected]

Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите