Дојде Заев во Охрид. Да бе. Лелееее трема имав од петокток, а тој дојде саботата. Сабајлето саботата станав во 6 и пијам кафе во Ројал и чекав да отворат аптеките за да си купам памперси да си клам пред да одам на говорот од зајко зш знаев дека ќе се посерам од радост. И то гледав од оние новине да земам со растеглив ластик за да можам да се движам убо. Зш види…ко ќе те фатит еуфорија од зборојте на Зајко не знајш ќе тераш.
И искрено да ви кажам не се посрав ама подцрцнав малку ко рече дека ова сегашна локална власт го посрала сјајот на Охрид како град на Унеско и дека ко ќе дојт тој на сласт…..на власт де ќе му го врател сјајот. Супер. Бомбона. Само едно не ми беше јасно…..кој сјај??????? Имаше Охрид сјај последнава деценија? Ако имаше јас ви се извинувам ќе одам кај Лиде да ми ја зголемит диоптријава. Јас последниве години видов само урбанистичко мафијашки сјај. Шуќур шо не ми кренаа зграда в клозет да можам да медитирам на шоља на рајат.

Уште еднаш црцнав, да не речам се подпомочав, зш глупо е то во колумна да го пишиш, ко рече Зоранчо дека СДСМ-овциве ќе ја врателе средната класа во НСРМ зш тука бил просперитетот на државава ни наша. Оооо па да се сложвам. И се прерадвав. Само искрено не разбрав баш многу.
Зш види….ако ја немат средната класа, логички, дел од нив преминале во горнана класа, а жими деда огромен дел во долнана класа. Е сега Заев зависит за шо потег ќе се фатит толку ќе се измачит, зш , пак логички, требит да вратит дела од горнана или дел од долнана класа во сТредна. Мој совет. Зафати се со оние горе. Ем помалку ќе имаш за префрлање во средна, ем со помалкуте префрлени пак ќе имат НСРМ поголем стандарт. Зш членој на ова долнава имат како полжај после дожд кичма ќе те заболит од префрлање. Или како херпес после нервоза или како бело прање во јавна куќа.
А да ти кажам искрено за малку не ќе го слушав Зајко шо зборвеше. Морееееее како бев уморен па па па …….Абре средата окапав по визити си дојдов дома дури петокот вечерта дури сабајле. Ко ти викам. Не оти многу имав Филиповци за одење, ама бре окапав и не стигнав кај оние шо имет визита за ден на дрвото. Искрено море шапшал еден јас не знаев дека толку славеници имало на денот на дрвото. Да не речам, незнаев дека толку дрва не имало во нашата ни НСРМ, зш е глупо то во колумна да го спомнам кај шо илјади луѓе читет… не така?!

Мада да ти кажам се позанимавав и со тој настан. Јас многу го сакам тој ден. Да не бев женет ќе го викнев Борис Трајанов за кум зш од ко се префрли тој од оперски пејач во шумарски техничар НСРМ процвета, се разелени, се разлиста, се разграни, се равсчепати …да бе. Ако е точно дека едно дрво дават живот за четири човечки животи, ние ако продолжиме вака, не ќе не собират во НСРМ, бетер ќе сме од кинезине. Еден на друг на гла ќе му се качвиме за бајат леб да купиме. Богами ко ти викам. И да сакам не ќе кожам да умрам. Ам така де не ќе живеам со орлишчана.

Зш види пробав една весела математика и на сред математиката морав да клам пелена од оние за Зајко шо ги купив. Од 2007-ма досега ти биле посадени 36 милиони дрва дрвосани. То би му дошло појќе за 18 пати отколку шо имат НСРМ-овчиња во државава од Ацета пе…он….воинон. Онај бре Аце шо го јават газдана на најголемине мадиња во државава. Или просто речено мој се 18 дрва. Лично мој.

Е сега ако тргниме од математика, мораме од математика зш јас овде логика не гледам, дека за едно дрво дрвосано, требит минимум пола квадрат дупка за една садница, шо значит јас сум ја издупил македонија со 9 квадрати или пак севкупно сите македонци ја уздупиле НСРМ со 18 000 000 квадратни метри или 18 квадратни километри, а НСРМ имат вкупно 25 000 квадратни километри. Е шо се 18 км квадратни за дршавиште ко нашево? Та била та небила долку издупена НСРМ.

На крајот да сумирам за македонските дрва. Слушај бате…..немој…….алооооо…..немој за садниците да ми зборвиш и колку е засадено и колкава иднина јас, ти, тој ние, вие и оние сме засадиле. Да се разбериме. Таква е ситуацијата не е проблем да ти се напучам да ми го бапниш и сам вазелин ќе си земам и ќе се приправам дека ми е убо, ама аман, амааааааан, ако малку имат човечност во тебе, не ме те терај додека ме шмирглаш да се свртам преку рамо и да ти речам: ооооооооо колку те љубам “злато“ мое. Молим те. Другото судено ми било …ќе го издржам. Ваљда.

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката „Отворена“ (Писма-Колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.

Поради технички проблеми OhridNews недостапен за читателите повеќе часови