Mundus vult decipi ergo decipiatur
(Светот сака да биде измамен ,затоа мамете го)

Демократија како име и  човекови права како презиме не се ништо друго туку идентитетот на тројанскиот коњ на денешницава.Не излажаа пред портите на нашево време ги пуштивме внатре за до толку да не зашеметат и навистина да стане невозможен одговорот што се е демократија а што човекови права?

Да се навратиме од каде потекнува зборот и што значи. Многумина знаат дека demos се преведува со народ аkratein со владее па се доаѓа до владеење на народот . Но малкумина знаат дека зборот изворно означувал котар,жупа, прост народ наспроти владетелите,прости војници наспроти заповедниците, селска општина наспроти полисот или градската.Она што во позитивна конотација го изразува народот тоа се зборовите лаос и етнос.(од таму Николаос,етнологија,етнички,ентитет)Е сега ќе ни е полесно да ги сватиме чудните резултати на демократијата на нашево време нераскинливо поврзана со изворот- полисот Атина но многу повеќе со градот држава Рим. И едниот и другиот освојувачки во својата суштина правото на римски граѓанин го резервирале само за сопствениот народ.  Тргнувале во походи и пљачки убиства и поробувања .Оние што ги затекнала таква судбина не добивале статус на граѓани туку биле во подредена положба дури и во однос на најнеобразованиот, најбедниот, најнеморалниот, граѓанин на Рим . Тој многу брзо сватил дека има моќ во неговиот глас . Но единствено за личниот интерес и потреби својот глас го давал за оние интересни групи со денешен речник партии кои истите ќе ги обезбеделе .А тие тоа го правеле panem et circensis, можеби ви е познато,леб и игри, идеалот на мнозинството. А идеалот на малцинството ? Да ги држи во убедување и  уверување дека народот владее дека народот одлучува .Дали случајно во основите на античкиот Рим ја препознавате “најдемократската” земја на светот Америка? Истата која го згази историскиот поим за нација (германи,словени..) и со декларација прогласи нова нација американци (која стана поширок поим дури и од поимот раса) . Но не оние на кои им одзеде се и ги колонизира индијанците, туку нови збунувачки англо, афро и што знам уште какви не американци Која исто така во денешни услови на своето мнозинство му ги подмирува потребите за полнење на дебелото црево и тргнува во “демократски” походи низ целиот свет убедувајќи не дека за наше добро не убива, поддржувајќи ги народите според личниот интерес земајќи си право на се и сешто. Каде оди светот? Дали еден ден сите ќе бидиме американци? Не- дури и тогаш ќе има повеќе и помалку американци.

Но што ми беше зборот? Насекаде буквално насекаде демократијата е улога која се глуми според сценарио .Никој и никаде за избори не е фокусиран на сигурните членови од својата (било која)партија .Напротив изборниот штаб ја гледа својата(не наша)победа во неодлучните ,за кои на секој можен начин ќе се потруди да дознае дури и интимни детали .Истите ќе ги опсипува со пропаганден матерјал,убедувања и ветувања (кои ќе им останат во розов облак).
И токму тие а не верните партиски војници ниту луѓето со став и идеи одлучуваат! Каков пораз на големината на идеалите!  Концентрацијата врз неодлучните е суштината на секоја победа . Далечната 1932 год. Рузвелт ги доби изборите со помош на Чикашкиот синдикат (читај италјанска мафија) И со тоа стана јасно дека не чесните ,вредните ,верните владеат туку напротив највлијателни.Мнозинството во демократските општества одлучува врз база на сервирани податоци.

Прочистувачи а потоа и сервирачи на прифатлива” вистина” се медиумите а сите знаеме тие се одржуваат со помош на пари. Па доаѓаме до заклучок дека не демократијата туку плутократијата (владеење на богатите) е она што му се случува на светот.Плутократите како инструмент ја користат демократијата за со сигурност да ги остварат своите лични саможивни цели.
Плутократијата им дава фора на гласачите да одлучуваат, за се да ги прашуваат но така  нивниот избор да биде ПРЕДВИДЛИВ .Од таму велам дека станува збор за диктатура на квантитетот. Жално е но сепак поразително точно .  Која е гаранцијата дека мнозинството нема да застане на страната на лагата и неправдата а вистината и правдата ќе останат доблест на малкумина? .Нема! 
Која е гаранцијата дека народната воља ќе биде усмерена кон добро а ќе го игнорира секое зло без исклучок? Нема !
 Која е гаранцијата дека во габаритната народна слобода не ќе се изгуби онаа личната уникатната слобода? Нема!

Многу нема а што има? Има потврда на правилото дека квантитетот не значи квалитет, дека ќе бидат предвидени победниците на следните избори дека  општините во кои нема можност за успех од поширок ранг ќе се прешкртаат со икс (на последните избори партиските кандидати на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ во Струга беа рангирани на 8мо односно 10то место небаре се надеваа оние од горе дека и старо и младо и живо и мртво ќе гласа за нив.Или точно знаеа што прават?) Во замките на квантитативната демократија ние македонскиот народ од Струга останавме без ниту еден пратеник.  Е за тоа зборувам  !
 
Кој се грижи за моето демократско право?

Се разбира оние кои се грижат за сопствените интереси.

                                                Ирена Чакареска
                                              [email protected]