Море ич да ти кажам мува не ме лазит. Абре не досадви ќе шетам, пејам, ќе пљукам и ќе се мочам во Вардар и сабајле и на полнош…..ар неам гајле јас. И да ме фатат појќе од полојна органи не се во мене. Струга негде на хирургија се од кај знам јас каде. И да ме фатат шо ќе извает од мене жити леб? Ми остана уште желудников ама и тој е полн со гастритиси, чирој и кај им се исплаќат мене да ме бркет, да ме отварет.

А да ти кажам можно е ова со органиве да е вистина од неколку причини. Прво вакви вести се пласирет во ептем меродавни, проверени и сигурни електронски медиуми или социјални мрежи. Пред све Фејс-Бук. Види сега…самото име ти кажвит. Лице-Книга. Значит дека овде сите шо имет профили се со чисти лица, да не речам раце ко Перета Гошев, а не некој ѓоној. Така? А книгата…..та пак трпит све. Та се користит за све па и за разни гомнејнци шо по кенефи шо преку тастатури.

После лицата шо пласирет вакви работи се бре посветени на вистината цел свој ден се активни со свој анализи и коментари за откривањето на вистината. А пред све се големи стручњаци и то од сите области. Еве една од нив е и стрина Дуфка. Да бре да. Не знаеше ти? Абре та е зачленета во МАНОСО. Не не. МАНУ е башка. Гола вода се тие за овие. Ова е Македонска Академија на Научниците Од Сите Области.

Е Дуфка станвит од сабајле и уште не помочана одма се активират со стручните коментари. Имат земено едно печес телефони и почвит. Прво ѕвонит на она емисија во 6 шо е “Ја сакам Македонија“. Абре алал да и е. Во 6 сабајле јас самиот не се сакам не Македонија. Е тука пичит со научно мислење зш Скопје е загаден и одма фрлат со предлози базирани на научна основа за решение.

Другиве четири телефони веќе ѕвонат на други места кај шо е неопходна Дуфкината стручна анализа. Ако ги добиет оние од “Македонија наутро“ прајт вештачење за собраќајката кај Лескарци. Џанк добиват на “Вашиот доктор“ и спасвит жена од долгогодишна неплодност. Да да, све гинеколошки објасвит зш имат такви проблеми во севернава наша. Да бе нормално. Ак имат потреба и го дават профилот од ФБ-то или по нашки од КЛ-то, од кај шо објави прва и екслузивно за органиве шо ти кажвев….абре го јаде Дуфка и Латаса, попрва и од него дознават….

Значи ова со макава и праќат на Дуфкиниот месинџер сите потребни снимки: од матката, од утерусот, двата овариуми и обавезно резултати од ПАП тест. Ако ги имат. Ако не така ќе зејт брис. И вечерта ако мојт ќе ојт гостин во “Чуму“ ако не телефонски за решавање на економската разбоктисаност на НСРСМ. Како? А не. Ефтов не ја сакат. Му се понуди та ама не ја зеде з`ш стрина Дуфка побрзо зборвит од него. И нормално на крај на денот, чисто како релаксација за да соберит псхифизичко-оговарателна сила пичит и се возит со Вучиќ.

Море вервел не вервел ти стрина е жива енциклопедија. Џанум имат ко нејзе во држава цело стадо оваа е нешто невидено. И зато мајката ме зачуди зш Мицале не ја одбра нејзе за председателски кандидат наместо Горданчено.

Абе и та е паметна не дека не е ама Дуфка е брееееее…И Гордана имат јаки мисли и изјави и стручност не дека немат ама…Ко на пример ко ја зедоја поднозе со сликана од хрватицана Колинда по бикини. Виде изјава на Сиљаноска? Па нормално. И та мојт да акнит бикини на некоја монденска македонска плажа, пример во Стењско блато и да ја сликет сите. Ама та паметна. Рече дека сакат да ја запамтет луѓето по нејзиното знаење, стручност, како претседателска појава. А не по голотоја. Не така?

Зш види. Ако излегвит така на пресој ќе зркниме ние мажишчава во телоно нејзино и не оти ќе слушаш како од министер во владата на Банета од СДСМ, СОРОС-овка, кратко Либералка кај Андов, стана кандидат на ВМРО. А и убо рече она детулено од Велгошчи, Аце Николоски, дека само та мојт да е консензуален кандидат на македонскиот народ. Браво Мицко. Прав избор. И лично мене ме бендиса со постот на ЛК-то нејзино: “Јас нити сум била нити ќе бидам фикус“. Е шо сега? Давкова призна дека Хорхе е фикус? Свашта!

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите