Хихихихихи……хахахаххаах…..абе лом се….абе ххохоохох….прво излегоа…..аххахаххахаха…2012 година и рекоа ооооохохоохохо на есен плативе хихихихиихих плативе ќе се кренат….акакакакака….ќе се кренат 10 %, а послем то мхуахуаухахуауау…..послем во 2013 ќе се кренат аааааааааагагаггагагагагга……5% за во ахахахахахха…..неможам…..аххахахаха…..5 % за во октомври 2014 за да на крајот…..охоохохоххох…лелееее меоооот…..лелел хихихих….за да на крајот речат оооооооооооооооооооохохохохохо…..да речат 4 хихихихихихиххи 4%…..ооооооооооохохохохохо оф мори мајко. Абе хихихихи абе не дупат ко каубоецот коњот ама смешно ми е…….хихихи……е ме скинаја од смеење. Алал да им е.
Уф да се заозбилам малку зш ќе повратев од смеење. Ама колку шо разбрав и професорине ќе повратет од смеење зш почнаа со казни за нив како резултат на екстерното…..хихихиихи….пак ме фати…..хахаххахахха….ектсерното тестирање. Да бе. Абе манги ни се овие во државава. Испадна поербаби од Банета во времето. Од Кљусета на ваму саде поербап од ербабот идат.
Замисли си она шо професорот цела година го работит, го драпат Петрета или кој да е да научит три збора, му редит 2-ка од милост, а овега ич мува не го лазит. Па сето то да е поништожно од последните 60 минути на екстерно тестирање, каде Петре ќе препишит ќе напрајт 4-ка, а професоров ќе го кркат. Абе ова ме потсети ко за изборите. Ојш лепиш плакати, лажиш за Зајко Струмички да победит, ветвиш све и сешто, ако требит и менструација ќе добиеш, а олкав маж си, гласаш за него и негојте другарчиња и тој ти викат пту пту пту неважит од причина шо ми излегоа хемеороидиве и неможам да седам на столојне во парламент.
А пази. Ништо немојш да напрајш. Не,не, да не ме разбериш криво…..во ова демократска држава не ти е забрането правото на штрјак. Слободно мојш да штрајкуваш ама пуста држава имат резерва професор. А ојде на штрајк одма: директоре дај друг професор. Нека газит автобусана детено одма прадовме друго: Атиџе дај другана дете.
Нормално. Без да се загрозет демократските права. Овај систем на декомратија ми личит на Јелционовиот систем на демократија: јас како Председател немам право да ви се мешам како ќе гласате како горен дом, како сакате гласајте, ама ако не гласате како шо викам јас имам уставно право да ве распуштам….одма редам друго дете.
Ај за друго дете и професор ќе истуркаме некако, ама шо прајме сега шо имаме уште една држава. Иљирида го викале. Си дојде во Скопје Невзат Халили и во државата во која функционират уставот ( да?) и си прогласи држава. Чисто ради секс да потсетам дека истиот во 2002 беше уапсен од УМНИК за тероризам, за предизвикување на етничко нетрпение и насилство како и секако дека да, недозволена трговија со оружје.
И да се разбериме. Не ме нервират тој. Во куќа без стопан кој шо сакат си прајт. Ама овде ме изнервираа нашиве. Бар овде требеа да се сплотет Бане, кој во времето им даде на косоварите иљадници државјанства во НСРМ, Љубчо кој заедно со Ричард Гир ги прими за време не кризата во Косово и нормално како сегашен премиер Коленце. Па да опнат едно оро, на рока мандолина, па на колена опааааааа, па да се излигает малку, па свртисе околу десната нога, па пречекај се на левата……како ам……џолееет џамеееет мичееееет пушкеееееееен…
Ај шо ќе им напраеа чест на луѓето ами и ќе им се излижеа малку за да не ни прает проблем во новата држава кај шо ќе сме 28 % застапени да мојме бар меѓу нас да си зборвиме македонски, мада ние ќе си научиме албански ама ај пак да не испадниме лајме наместо да зборвиме. После можно е да се потпишит и “Шкупис Рамковес договоравет“ па колку толку да се згребиме за појќе права.
Ете и Халими ни рече дека мојме да бираме: да ја прифатиме Илирида по мирен пат или пак ако сме сакале војна и тој ќе ни излезел во пресрет и ќе напраел војна. Абе не сакав кубуров да му го истам од на појас зш требеше да го откопчам ременов, а ако го откопчав ременов ќе ми паднеа пантолите. Па ќе требеше да се навалам да ги кренам, па ќе се напучев со гол гас, а знајш дека гол гас секој го пљукат, а јас не си го дозволвам то …..а и друго. Мислам дека не се дојдени до толку лоши времиња та да се вадит така лесно кубур. Потака здравје. Ќе видиме.
*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.