Ах леле да ти се прднам да ти се напрдам во судбината. Абе ти теквит на она чувството ко ќе сумиш дека си се родил во погрешно време, а тебе полека полека ти се шуњат ти се приближвит крајот на времето? Да бе баш така ти се шуњат крајот и полека ти идат на кај тебе, лазит , ко ти да се плен а крајот мачка , поднавалена , ползит, та те глет в очи, ти нејзе , и а сега ќе те чапнит ко плен, а после ќе те чапнит , накострешена и спремна. Е как ти текна алал да ти е . Ко Катица Јанева. Абе да ти се прднам да ти се напрдам во крајот.
А не за то си се заебал. Јас сум роден само во погрешно време, а не на погрешно место. Како мојт златна НСРМ да бидит погрешно место жити леб од 400 грама. Како мојш такво нешто да помислиш за пустината на мирот. Или оаза. Как да е. Како ти идет на ум да трасниш таква зелена во држава во која здушно се работит и експресно само за 30 години се откриват некој дека се бавит со „организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти“ и „посредување во вршење проституција“.
Не не за 30 се откриват, а тој можда се бавел и 50 години. Арно ама мирно се чекат сам да си седнит на кочан од зелка. Како ам. Абе нашиот одел за сузбивање си имат своја тактика. Не сме ние глупи да зејме начин на работа од некогашната СФРЈ па и во неа да ти се прднам да ти се напрдам. Абе сништивме све од то труло државиште.
И нормално во осомничените, највероватно како прв осомничен морат да се втерат в затвор и чистачот. Круцијален во процесот на целиот процес на потикнување, организирање дури можда и извршување на проституцијана. Неговата ангажираност во ова е круцијална. Ако тој не исчистит то куртоните, влажните марамици и сите други работи немат да имат услови да се продолжит оваа процедура на проституирање.
Абе нашиот оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал си ја знајт работата. А чоеков дур собирал, собирал организирано. Прво куртоните, па марамиците. Да си се знајт. Организирано. И гарант дур собирал не пеел не си се кажвел вицој. Бил сериозен. Ем огранизиран ем сериозен. Молим лепо. Незнам како не сфаќаш и ти да ти се прднам да ти се напрдам во умот. Ооооо да да. И простититките се приведени. Сите до една. Е да де само уште не ги имет објавено имињата. Зато незнам Латас дал е во нив.
Да си се вратам на маката моја. Во погрешно време. Или пак можда поточно е да речам дека сега имам погрешна возраст. Да. Абе убо ми велеше тетка Љупка во градинка дека ќе го барам то време ам ај кој да и вервит тогаш. А сега да си бев во градинка? Абре гарант ќе бев некој директор. Гарант. Било каде. Например на некој весник па макар бил и службен. Пример….можда на приватен. Незнам.
Зш то е права возраст за директориште. Сите песни ги знам за да ме акнет директор. “….ситен дождец роси, една стара буба мама , црвен чадор носи….“. И не само ова уште многу други битни работи за директорување. Тогаш ко бев в градинка на пример знаев и економија. Да бројам на прсти до десет. Не не. Децана од чернобил бројат до 30 на прсти. А не ти требит појќе од ова за да поделиш плата. Не така? Ах пуста градинка. Како не бев сега таму да ти се прднам да ти се напрдам во судбината.
Или пример ако бев во сегашно второ, трето одделение, ќе бев можда и министер некој. Шо бе можда. Гарант. Море научник ќе бев. Ќе си учев по Кембрич. И ко шо ќе ме личит на 7-8 години ќе си научев “Принцип на работа на атомскиот реактор и неговата примена во ХАРП – системот“. И башка то ќе си одев на пракса во Фукушима. Мама ќе ми спремеше некој сендвич и пичи таму да држиш смена. Можда и катастрофата ќе ја спречев како способен 8 годишен министер.
А то ти е судбината. Искрено да ти кажам незнам дал да речам: Абре да ти се прднам да ти се напрдам и на судбината и нa образованието и на…..грешка….да си се прднам сам во мене шо ф`тнав кога се родив. А и мама не мојше да ме потпрошетат во меон уште 3-40 години?
ЏИМИ
[email protected]
Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите