Абре ти нормален си? Си со сите? Как не си мирисал на убо. Ќе виш ко ќе ти дојт сметката. Ќе баздиш ќе корчиш на муфла. Шо е ова капење ко ќе ти текнит. Види ме мене. Шо ми фалит. Не бре бате, не влегвам под туш до први декември мајка Костанка да е. Тогаш тргвиме со евтина тарифа и преку ден и од 10 навечер. Е ко ќе му писнам тогаш туширање до бесвест. Имат на секој нокт на ноѕеве со туш да му се посветам на она белоно по 20 минути.
Под мишкава секое влакно со посебен туш. Вдолж. Како ам. Абре ти реков дека од ко кажаа све баталив шо е на струја. Какво депилирање каков бутур. И забранив и на жена ми. Од муфон немој стомакот да си го видит. Како ам. Шо? Абре какво туширање. Пред некој ден ко се качвев по скали ко шо одев скала по скала толку прфут ми падна од ташациве не ги глеав кондуриве.
Само едно да ти кажам. Немојте да ми јајте прфут против ова влада. Не врати во живот. То шо секоја година регулаторна ја зголемвеше ценава на струјава сега им падна во вода. Е како з`ш. Ај земи да рачунаш ќе видиш колку поскапела, па ќе се освестиш колку е евтинава и ќе виш дека минимум 2 денари сме ќар. Е кој ти ги дават тие? Така убајно во право си. Владава ти ги дават.
После толку години се враќам на старо. Ќе јадам подварок. Ќе јадам чкембе. Имат шпоретон да пичит од 1 до 3 сатот и од 10 навечер до сабајле. Нека се варит чкембето. И да му требит 5 сати да се варит, јас ќе го варам 6 и ко ќе го извам ќе ја остам сама ринглата да грејт уште 2 сати. Абре чорапи ќе сушам в релна ти разбираш или не? После 22 часот.
„Е не че штедам че го бииип.“ Како шо не се штедеше ЈП Македонија пат со снегот од саботата. Јас незнам шо толку паника меѓу народов и зли језици оговорају дека не се чистело и биле пак изненадени. Ете вчера, понеделник, капка снег немаше по патиштата низ цел НСРСМ. Сегде патиштата беа проодни. Шо потреба од паника. Недела р`сна сонце и то ти е исто ко Македонија пат да исчисти. Уствари шо е важно кој исчисти? Шо е битно шо на Стража немојше да се поминит во саботата 6 сати?
Дан се криви ЈПМП? Убо рече Стојанче. Криви се возачите. Ете кажа чоекот дека возеле со летни гуми. И то гарант немет менато зинет. Јас по то шо приметив кај каменоломон застанвеа дури и летните гуми ги стружеа со шмиргли да бидам по џам. Инет народ бе. Јасно се виде на снимките, ко шо рече Стојанчето, дека голем дел од народот беше по купаќи. Разголени. Можеа да носет лунгештули, мускули за пливање, а нигде ланци тракантанци ова она за зима. Инет. Нишо друго. Со инет и литар киселина се пијат. Само да се праеле сензации.
А пак како сензација и појќе од то пукна во државава казната за Енвер Беџети, судијата од Апелација Скопје. По притисок на јавноста, иначе како…дан се затрчет доброволно, се направи контрола и се утврди дека “Таргет- Тврдина“ од Салета случајот за прислушкување, овај судија го држел во, под, над, позади фиока 9 месеци за да застарит.
И нормално, во една правна, демократска, не корумпирана држава како нашава го шврснаа Енвера со драстична казна. Ќе останит 6 месеци без 20% од платата. Јас ко ја слушнав казнава од жал ќе се фрлев од тераса заради драстичноста. И така требит. На Енвера му го накршија. Само не разбрав колку зеде за да го застарит случајот, ама ваква драстична казна, гарант го фрли во агонија? Како ќе издржит чоекот јас навистина незнам. Шо и да имат чоек напраено мислам дека ова е превисока казна.
А покрај паричната казна исто му се одредени неколку мерки: несмејт да јајт соленки пред 2 на пладне, му се забранвит да пијат топол чај, му се одземат пастата за миење заби и секој ден во 6 сатот да се јавуват кај жена му. Е од ова последново пострашно амин. Драматично… За грев.
ЏИМИ
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите