Абре луѓе….море какви луѓе…не постојт во ниеден речник збор да го заменам зборот “луѓе“ со друг, а да кажам она шо сакам да кажам. Да речам дека сме животни ги вреѓам животните. Да речам суштества имат многу суштества кој го немет епитот или поточно епитетите шо сакам да ги изнакажам. Да речам скотој…….не можам….зш скотот во споредба со нас е невина и чиста Црвенкапа. Па да.
Абре де бре шо ќе беше ова дволичност……мајко мила колку сме лоши….леле колку сме лицемерни….каква маска имаме на себе. Се чудам како можиме да бидиме толкави сакатури во душата. Како мојме да се лажиме и себеси, а и себе да се убедиме дека сме си во право. Море ако се запнам можам да те убедам дека брат ти твој ти е татко, а мене дека ми е зет за две жени од прва брачеда. Ко ти викам. Гнаси, гнасосани.
Како мојме мирно да спијаме и сабајле пред Бога со чиста совест и чиста душа да се разбудиме и да “…ти благодарам Боже и за овој ден…..“ бла бла бла. Како? Сум пробал да проникнам во нашата дволичност, безобразлук и да откријам до кај мојме да ојме и шо све би напрајле само да се излижиме, само за да се додвориме, само да заебиме некого и мислам дека сами себе би се акнале ако некако се најдит од то дека би имале корист. Да бе. Еве пишам и уште се трудам да најдам замена за зборот “луѓе“, “човек“….и со тој збор да ја опишам целата гнасотија шо ја носиме во нас.
Абре така беше и кога почина Борис Трајковски. Ко го избраа председател, за некого беше клетник, неверник, за некого беше издајца зш не им играше по нотите шо тие ги свиреа, за некого тиквар, за некого изгубен во свемирот. Све слушнавме само не дека е добар, голем дипломат, добродушен, чоек за сите, чоек кој све прајт само и само да ни напрајт добро. Требеше да погинит чоекот за да ни покажат дека си влегвел во Белата Куќа како кај прв брачет….од ко погина ни кажаа дека францускиот премиер му бил како брат…..од ко….абе срам да ни е. Кај ќе ни ојт душата. Еве пишам и уште неможам да најдам замена за зборот “луѓе“, “човек“…..да не навредам никого, а да опишит некој шо имат муфлосана душа.
Абре така беше и со Тошка. Дур беше жив незнаевме со кој зборој да го омаловажиме и него и неговите дела, некои “знаеа“ дека Љиља го користит, некои “знаеа“ дека е хомосексуалец, некои дека……Е и тој требеше да погинит за гнасотијава наша да признајт дека е голем чоек…..дека напрај милијарда хуманитарни концерти….тогаш ни кажаа дека го сакет и во Србија и во Хрватска и во Словенија и на цел Балкан и во цел свет и тогаш видовме дека сите појќе го сакале од нас. Гнаси. Гнасосани. Сите тогаш станавме негови фанови све почнавме да прајме во негово име, дури и некој гнаси се дрзнаа и да заработвет на него после неговата смрт. Кај ќе им ојт душата незнам. Знам само дека таквите ќе рикет ко ќе умирет. Еве и за Тошка пишам и уште неможам да најдам замена за зборот “луѓе“, “човек“…..да не навредам никого, а да опишит некој шо е ѓубре, препоептемнајѓубросано. Извини ѓубре.
И сега најново. Уште еден доказ дека сме дволични, лицемерни, лигуши, лажни душегрижници, гнаси, ѓубриња……абе нерви кинам шо неможам да се сетам на клучниот збор шо би опишал некој шо по грешка е наречен чоек, а всушност е…..еее нерви кинам.
Реков уште еден доказ..а да. Незнам ни сам колку години сум корисник на фејсбук. Дур сум кај то. Аир да не видит тој Цукенберг , пролив на раскрсница да го фатит, на родителска кај ќерка му да прднит….шо го измисли ова чудо, зш кај овие политичариве шо не здивија, не оддалечија, не асоцијализираа….требеше уште некој да не втурнит не во реален ами виртуелен свет.
Да се вратам. Значи….незнам колку години сум корисник на ФБ, многу се, а до пред некој ден никогаш и со зборој…НИКОГАШ……. немав сретнато ниден пост за Никола Младенов. Да да. Морам да признам дека не ми беше френд, не го знаев лично но многу од мојте френдој, од сите фели и вработени и не вработени и политичари и новинари и …кој не…..не сретнав нешто да постират за Младенов.
Човек почина. Нека си најдит мир на тој свет, ако не можеше на овај. Но….откако почина сите се сложија со неговиот начин на работа, сите викаме дека тој се бореше за нас, обичните читатели да ни сервират шо е вистина, дека се бореше за правата на секој, дека го ризиквеше својот живот само и само за правдата наша. Да. И сега секој ден гледам постој за него, секој му оддават почит за она шо го работел, изразвит жалење шо веќе го немат, постират слики негови на ФБ, сите печатени, електронски, а некој и лајнени медиуми го величат. Еве и за Никола пишам и уште неможам да го најдам клучниот збор кој ќе е замена за зборот “луѓе“, “човек“…..а да не навредам никого, а да опишит некој шо е подмолен , скапан, без душа црв. Извини црву.
Добро бре. Не ви личит ли дека ова е претероно голем безобразлук???? Нели сме погани, никакви, лицемерни…..????? Можам да редам милијарда примери за вакви гнасотии кои ме терет да повраќам, ми ја иницирет дијареата, како аналната така вербалната и баш сега ми теквет уште безброј вакви примери. Само едно неможам да се сетам……со кој збор, кој е кључниот збор кој ќе е замена за зборот “луѓе“, “човек“…..да го употребам , а да не навредам некое друго битие, зш овде и сега неморат да испаднам дека сум гнаса, лицемерен, дволичен, патолишки лажго, проститука, зш и онака како и сите на овие простори во секој момент докажвиме дека сме такви. Не така? Кај шо спомнав “овие простори“…мислев Македонија….чек….ми текна…за кључниот збор…..да беееееееееееееее…..МАКЕДОНЕЦ!!!!!!!!!!!!
[email protected]
изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и
редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на
истите.