Е бре де бре…..ар вчера овде како пес ми беше и бараше прочка, а денес пак ќе ме нервираш пак грешки ќе ми прајш? Не дојде вчера излигаен, измрсулаен пак на колена клекна како Мицкота и рече дека ако пак згрешиш ќе изгориш или да те стрелам и сега пак ? Шо? Море…ме шашардиса друго те карав ама ај…

Ај кажи ти шо би зборвеле и зш би барале двајца кои и да се па и Мицко и Зајко на ден прочка? Шо мислиш ти? Как да не. Ќе барале прошка од народот. Ние требит да бараме прошка од Бога шо ги гласаме. Е шо да зборват: прости ми шо ти викав дека си црпнат од Струмичка нива, море ти мене пристими шо викав Мицко се плашит како глушец, а бре батали то туку прости ми ти мене најпрости ми дека викав, викам и пак ќе викам дека си криминоген, абре Мице братче мое то не е проблем ама прочка ми ти барам за то шо реков дека “Елем“ стана за крадци мелем од ко стана ти директор и шо те разрешив…. а бе ќе си се договорат. Ако не запалит прочка имат и амнестија и амнезија.

Па шо друго да зборвет на прочка. Батали то тук за ова шо збеснав на тебе. Одма тргвите со муабети, оговарања, обвинвења…..а бре земи гуглај, распрашај се и после кажвите дали Латас лажел и не ојде на судење по 127 пат или овај пат беше оправдано ко рече адвокатот дека го болело средното уво. Да речеш дека го болит само увото и то не само за судењево туку за сите ши ги ограби ајде де….ама средното?

Е прати сега прати. Вака пишит: “воспаление на средното уво најчесто ги фаќат доенчиња и мали деца“. Ете прв доказ дека не лажеа. Не не не е мало дете ама е доенче поточно цицалче. Е така де…ја исцица државава и уште всурат ни се смејт. Втор доказ: “средното уво со носот е поврзано со Естахиевата труба“….а не ..пардон. Не грешам. Сите имаме туба, а тој имат труба. Зш ак немат труба тој незнајт да играт. Требит да му свирет за тој да играт. Му свиреше и Бранко ама Кољо ептем му надсвири, пак клекни пак стани, завртисе, 1 назад 22 напред, опаааа напучиму се на Зонета. Тој се изнаигра ама после 11 години некој да ти дуват да ти свирит со труба в уше, не воспаление, па ќе ти пукнит бре брате тапанчето за секунда ко коалција со ДУИ.

Е сега пази најбитното: “помеѓу останатото како симптом е појава и на гној во ….“. И сега уште мислиш дека лажеше Д-р Латас? По еклатантет пример од чоек шо све натре му е загноено и не само од ушето. Најмногу од карактерот. Абре скраја да е толку количина гној во средното уво ми се чинит дека чоекот, да не речам, скраја да е пту пту пту …ко наместо душа да имат гној.

Исто јадевте трици и за членон на Комисијана за пратенички имунитет Агим Шаќири. Наводно според вас злобницитге не му се слошило на паузата пред гласање туку од шок Али Амети добил наредба да го снемат за да не гласал за одземање на имунитетот на Трајко. Ех бре злобници.

Ај подврати се назад малку. Ко бевме со Агима на Смилковско на капење се капеше тој? Е така. Не се капеше. А зш не се капеше? Браво, проработи и ти со тинтарата. Е после колку дена беше гласањето? Така после 28 дена. И шо значит то тапоглавецу? Такаааа бравоооо дете. Му дојде пред гласањето. Шикна менструацијата шо е природно за секој маж. Излезе чоекот, а овде ќе најдам влошка, а онде ќе најдам влошка и заврши чоекот на хирургија да го закрпет да не шикат крв.

Е како како можело маж да имат менструација. Шо? Абре не дал мојт туку мораат ако ти спискат Цвеља Ласкова. Не да добиеш туку ќе ти џрџат менструација. Како ам. Чу на маршот шо рече? Абре на онај за еднаквост меѓу мажите и на жените. Абре кажа дека пред 20 години жените биле ептем угнетени и нагнететени ама сега имале 40 % рамноправност. И тие сакале да гнетет и да угнетвет. Е сега ваљда претстоет некој уште малку преговори помеѓу Цвеља и некој наш машки претставник, нормално со медијатор, да се договориме некој работи па да имаме комплетна еднаквост. Останвет уште некој ситници: дал ние ќе клеквиме на мочање дал тие ќе се натопорат и уз прдежи ќе се помочет, дал лево маде ќе го трампаме за лев јајник или дијаметрално за десен. И гарант ќе се укинит она појак и понежен односно машки и женски пол. Сите ќе сме среден пол. Само ми е криво одма меѓу нас маживе излегоа издајци, предавници. Доброволно се префрлија во нивниот пол.

А бре како испадна во ова нашава НСРСМ све живо и диво обесправено и угнетено. Само комплетно како народ си ќутиме, а не дека сме угнетени туку згнетени сме. 30 години не гнетит кој како сакат. Мада кубурот е тука за недај Боже.

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите