Ги најдов. Години ги барав ама ете сум имал к`смет да ги најдам зш ми беа животен сон. Се шуњам јас така низ градов ко гледам огромна реклама. Море каква реклама. Банер беше. И то банер од книга од изеден бурек и на него како шо си требит до мастилав модерен молив напишано “МИРИЗЛИВИ ЧОРАПИ“.

Абре алал да им е со народецов наш шо реклами знает да истакнет и како да ги смислет и осмислет и надосмислет ама и да ги напишат. Влегов. Аууууу една убајна внатре миризлива. Штандој штандој шо да ти кажвам. А и да ти кажам немат да ме разбериш.

Од левата страна штандој по мириси. Штанд со чорапи со мирис на биено сирење. Потака штанд со чорапи со мирис на овчоња, штанд со мирис на чојсано…..абе шо сакаш си бираш. Имаше изложени чорапи по носивост. Носени од три дена до три недели.

Незнаев од кој да земам. Си викам да земам од оние од три недели неможам да ги облечам гипсосани се. А морам да земам некој зш конечно најдов то шо барав. Најдов чорапи без да се мачам да ги носам јас неколку дена, туку одма да можам да ги фрлам за перење. Е сега недостатокот на то е шо после перење ќе мораш да ги фрлиш, зш изваени од машина не оту ќе смрдат.

А целта на продавницата кај шо ја видов преубата реклама на светот, можда поуба и од Кока Кола, е баш то. Да се осеќаме кој сме и шо сме ко ќе се шепуросвиме низ градов. Башка шо немат потреба да си ги мијаме нозеве. Зш досега, а ти мирисет чапатките, одма велеа дека не ти се мијани. А со овиe миризлививе та чорапчина та хулахопки се браниш со нивната купена смрдеа. Пример: купив чорапи со овчоња или гнојојнава шо ја осеќаш не е од мојве нозе туку од хулахопкиве. Како ам. Не така?
Зш види. Не оти на некој на челото му пишит дека е да речиме овчар, сељак ( не селанец, сите сме селани – потеквиме од село), багабонт, дрипец и шо ти јас знам кој други професии со кои преполна е наша НСРМ.

Мада по то шо се загледав во дуќанот најголема количина на миризливи, да не речам смрдливи чорапи, имаше со овчарски мирис и на еден натпис имаше огромен попуст за “ЧОРАПИ ЗА ЦЕЛАТА МАКЕДОНСКА СЕЛАНДУРИЈА“. Е барав со мирис на “чоек“. Не најдов. Ми рекоа дека немало потреба ли, заинтересираност ли, абе едноставно не ќе имал таквите чорапи кој да ги носит во државава. Немало ниеден чоек.

Додуша рака на нога и не е толку страшно ако ни смрдет ноzете или чорапите. Ноѕете се перат, а чорапите се мијат…да баш ко шо прочита така е. Сега пак и со модернава козметика шо ти немат за одржавање на хигиена. На пример едно време се користеше камен за жулење на кашкавалот од петиците…..да не речам крастата. Сега на пример имат модерни брусилици шо ти ја прајт крастата прав ќе си се исплакниш и ни кашкавал јал ни кашкавал мирисал.

Во друго е проблемот кај нас. Ние сме крастосани во душата. Петиците ај, ами како душата крастосана да ја изжулиме или избрусиме. Толку како народ сме душевно крастосани така да ни шлајвферица не ни ја ваѓат рѓата. Ова ни било ни ќе бидит. Ова. А полошо ќе дојт. Зш никако да се свестиме дека очи си ископавме меѓу себе за некој да си го топорит. Дозволивме меѓу нас да се дупиме и да не дупат тие за кој ние се исподупивме меѓу себе и ние имаме породилни маки, се расчаталвиме, а тие ги јадат мекиците.

Море луѓе ај и некако јас им објаснав на децата зш се подели СФРЈ. Кажвев сонини дека различно сме зборвеле бла бла бла…..Ме интересират како тие на нивните деца ќе им објаснат зш ние се поделивме, НСРМ-овците, а зборвиме исто? Како ќе им објасниме на нашите внуци дека брат со брат не се сакат ради политичките партии? Како ќе се објаснит фактот дека побитен е политичкиот стаж отколку стручниот за да напредвиш по струката? Дека дали те ценам или не зависит од политичка пропадност.

И конечно. Еве јавно се извинвам шо досега за нашите крастај души сум ги напаѓал политичарите дека се криви. Не бре. Ние како народ сме гнасотии. Ние то си го дозволивме. Никој немојт да ти го закачит ако сам не се напучиш. И на крајот. Вистина било дека лисицата не е толку паметна колку шо мојт кокошката да е глупа.

ЏИМИ
[email protected]

Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив