Ајде ајде брачко за частење стана. Види го, не туку кркај сега. Јас да добиев чизми после 12 години ќе праев чизма парти. Ами како. Абре све шо доби чизма голо тасма, ама обавезно на носот маска и да се прајт чизма парти. Е сега личите на права шумска полиција. Сега ми е ќејф да ме зејш во некоја патролна акција. Како ам. Ај ај не пребирви уште 12 години и униформа ќе ви дает нова. Абре шо ви фалит. Важно да имат чизми. Е па шо ако сте голи искинати. Немат да ојте низ шума да прајет увиди.

Тасма голи само од асфалт од џип ќе пуљите ко јастреби и ќе прајте записници. Сега ќе сте поефикасни. Можа да замислам: излегвит полицаец искинат во унифрома или тасма гол ама в чизма и оппп….прекршителот ќе се здрвит само од глетката. Како? Не бе бате немој да си помислил досегашните опинци да си ги фрлил. Ќе ти притребат пак. Верви ме. З`ш не вервам овие чизмиве шо ви ги дадоа да издржат следни 24 години до новите други.

Абе да не се радвев немаше да ти ѕвонам. Посран сум од радост. Еве сакав да те изненадам поднесов до Министерство за култура молба да ми дает право и пари да од година на овај датум се оддржвит чизмијада. Ех не ќе ми даеле средства. Ти будала си. За какви зелени се трошит државиот буџет на НСРСМ та за ова да не ми дает. За ваков успех од светски рамки.

Абе види сега…..искинати горе, голи, голи. Важно чизми имате. Како велет нашиве северни сососеди на нашава северна: “Чизма главу чува“. Така? Само шо јас со ваш полициски јазик би ја модернизирал и би рекол: “Чизма је панцир ваше главе“. Ееее конечно сфати и се расположи.

Не претерви одма со барање на нови униформи з`ш может и чизмиве штранк назад. Само трпение брате. То е за све решение. Ете во единицата кај тебе колку имаш шо се викет Трпе, Трајче….не така? Ами по ачик работа амин. И друго. Најново шо научив. ВОЉА. Воља брате. Ако имаш воља пола работа е завршена.

Ех од кај научив. Не слушна Зајко ко рече: “Не сме далеку од договор и успех со Бугарија само да имаме воља“. Значи со воља пола работа е завршена Ете….виде. Јас ко ја прочитав ова мисла ми се отворија очите и сфатив дека на пола пат сум да се фатам со Моника Белучи. Кој ја дупит неа шо за мене имат слушнато ко глув музика и абер немат за мене. Важно јас имам воља да сум со неа и ја сакам. Пола работа завршена. И све ќе си дојт на свое место. Кога да е ќе се фатиме. Зато трпение.

Како шо имаме трпение и за милијарда судски процеси за нашиве домашни миленици илити политичири. Ете трпението ни го донесе министерот за правда Бојан и чоекот од јануари ќе провервел зш многу дела застареле. Мада мислам да не брзат, нек почекат до јуни негде, уште некое дело да застарит за појќе да се истакнит.

На крај на краиштата не ни требит да се брзат. Требит полека полека и добро да се размислит. Ете еден случај се реши експресно и ја зедоа кутра Ката на душа. Џанк под хитно в затвор. Не така? Абре полека. Не бадијала судијата Бошески не брзат со “Траекторија“ за кинескиот автопат. Бошески не е крив шо комисијата од 2017 година влезе во тунелот и уште не е излезена.

Или пак “Шамари“. Почна на 22.02 2017. Мислиш лесно му е на Јосифов за три месеци, да не речам, експресно да напишит пресуда? Па дал со лева го удри, со десна, брзина на движење на рака……и да не бројам други предмети.

Но, требит да се земит предвит дека имаше препоептемнајхитни случаи од круцијална вредност за европросперитет во процесот на средвење на судството како услов за влез во ЕУ како: “24 ќебапи“, “Две китки македон“, “Коприварник“, “Меѓа – на Цане и Трпана“, “Сладолед“ и други…..важни….онакви…кључни….судски….процеси…А?

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите