На првата парламентарна седница на НСРСМ во новава 2022 година се обрати Баба до сите пратеници на Севернава. Обично се обраќат пред Нова година но беше месец дена на прослава во Вухан овај пат. Не ни планираше да се обратит ама ете шок Аљи го замоли во Баба з`ш како го викат тој ‘секој година започвит со Баба и се завршуват со Баба’.

Интегрално ја пренесвам честитката без никакви интервенции во нејзината искажана љубов према пратениците дури и во секвенците на сексуална надразнетост на баба:

“Драги мои, наши, на сите, пратеници. Ви ја честитам Новата 2022 – та. Ви посакувам здравје, како моево на 96 години, пред све во копулативните органи за да мојте шо појќе, ак мојте ова година најпојќе да не дупите и фала и кај вас. Не знам за младите ама мене ми е убо и крепам уште. Ви посаквам голема среќа ако не појќе бар да сте среќни исто како нас, народов.

Ако е така ќе сте пресреќни зш на нас како народ ни требит среќа со вас да преживејме и ни е потребна преку, така да ви даваме од нашата. Ви посаквам на сите да живејте ко мене, да пазарите ко мене, да набавувате лекој ко мене, Господ златен да ви дајт сила да ги плаќате ратите од кредитите ко мене лесно. Ко ќе ја земам пензијата живеам како царица до 6-ти во месецот, а Господ златен да ви дајт вие бар до 9-ти да мојте да преживејте. А ако ви е малку, еве јас до 5-ти вие до 10-ти. Да би 10 во меоијте…ај ништо…

Бидете како до сега конспиративни и власт и опозиција, а не превртливи како Јекатерина, да не речам, како курвештии зш ве почитувам. А како да речам курвештија на маж. Ваљда требит да речам КУРВЕШТ. Да дајт Господ златен наш од моето добро бар дел да осетите како шо осетив јас за пречек на Новата година. Да имате на трпеза, не само за Нова година, туку цел живот појќе од мене.

А јас имав 93 грама сирење, 3 лисја расол, јајце и пол, чаша и пол пиво и режиски сметки за струја вода од месец октомври не платени. Господ златен ако не појќе ко мене да имате и да се изнауживате во животот. Море малку помалку од мене з`ш ако ја осетите среќата шо јас ја осеќам во државава мојт срчката да ве мавнит или не дај Боже да здрисните од радост.

Ви посаквам во договорите шо ги прајте сега за гласање на новава ни влада на 18-ти овај месец, да се договорите за добро на народот како јас шо се договорив ко се разведвев од Ефтимчо мој, кој не ми остај ништо пред да се мажам со Сарафа. Господ мил вас дупло да ви остајт од моето. Тродупло од мене. Да мојте полесно од мене да набавите лекој на позитивна листа и дај Боже да ви требет зш имам јас врски и ќе средам на мојот лист да ве запишат на рабуш. Јас ќе платам за вас. Вие тушкајте си.

Ак не ви требат сега, златен Господ да ви овозможит шо побргу да ви притребет влошки за инконтиненција зш ви стојам на располагање и све знам зш ја свртив цела наша држава. Не само на север туку на сите страни и знам кај да ве упатам. Да ви дајт Господ златен поголемо трпение од мене ко ќе требит да извам некој документ во државните институции и побргу да извајте од мене бар 3-4 дена , а не ко мене 21 година , како јас за Сарафчо мој извод од умрени.

Златен Господ вас да не ви барет како мене 4 сведоци дека Ефтим е умрен, вие да мојте да извајте бар со 3 сведоци и не ко мене сведоците да ги носите од геријатрија со такси и да не чекет како мојте пред судница 3 сати дур судивката се депилират и јајт јаболко.

Вашата среќа да е поголема од мојата и секогаш да мојте да најте бајат леб од пред 5 дена за 5 денари, а не како мене на секој трет ден за 6 денари. Нека мојата среќа со извршителите ви се пренесит на вас, зш ве сакам да си ебам мајката ве сакам. Полесно со нив да врвите, полесно да ви ве акет од мене зш мојата пензија е мала, а вашите патни трошоци за една година се појќе од мојата плата шо ја земав 40 години, пензијава 20 години и надоместокот за телесно оштетување шо го земам да ви е дупло поголем.

Со еден збор. ФАЛА ВИ. Ева употребив два. Ќе испаднам лажга ко вас.“

Заврши Баба испратена со громогласно шљашкање

ЏИМИ

П.С. Следвит зимска пауза зш баба е трудна морам да ја чувам. Имат тешка бременост. Се читаме на 1-ви Февруари еден ден пред 2-ри Февруари празникот на пра…

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите