Дедо…..сакаш да не си со своето внуче? Дедо….сакаш твоето внуче да го избркаш во странство? Дедо….сакаш твоето внуче да работи во некоја фабрика во Чиле? Е затоа пензионери купвите македонски производи. Ваква бе, ваква реклама имат. Не ја цитирав. Онака по свое ја презентирав. А не ја ни анализирав. То им го оставам на оние шо имет коефициент на интелегенција 140. Малку само ме задума зш баш Чиле го спомнаа, ама се сетив дека ако речеше…..фабрика во Америка…ниеден дедо немаше да купит ни еден македонски производ. 

Јака реклама. Мада ова не е наменета за мене и никогаш немат да е. Зш не сум уште пензионер и невервам дека некош ќе бидам зш идат грејна сезона и сметки за струја. Или ќе смрзнам или ќе ме мавнит инфаркт. Трето не гледам. За мене е она другана:..немој да се чудиш ако ти се намали платата, немој да се чудиш ако ти се зголеми данокот….и немој да се чудиш ако останиш без работа…купви македонски производи. Е овде малку за разлика од првана се задумав. И ми стана јасно. И дури сега ми цапкет на нерви сите шо штрајкувале и штрајкувет  отпуштени од работа од  од стотици фабрики. И сега? Натемаго им е крив? Ам шо не купвевте македонски производи. Ете сватив. Прв пат не е крив Бранко, Коле пак ич, ами ние самите шутраци.

Ете јас така  накострешен, поучен од ова конечно влегов во Сити Мол да купвам македонски производи. Единствена цел ми беше да купам македонски г`с папир зш од радост шо влегов во ова Мол чудото се посрав. Ама ете не најдов македонски. Еден беше као македонски ама беше двослоен. Јас користам трослоен. И да имаше ќе купев 4-5 шлепери зш во ова нашава НСРМ не оти  знајш шо мојт да те снајт. Можит некош да станам политичар и ќе се кашкам и многу ќе ми требит. Не така?

Мада искрено очеквев во редот за г`с папир да го видам Колета од здравство со објавување на конкурсот за советници шо ќе имет IQ 140. Не разбирам само зш некој се побуни дека ваков конкурс бил дискриминирачки и го обвинвет министерот. Додуша имат мала грешка. Требеше да додајт во конкурсот покрај IQ-то, за женските услов да е да имет три цицки, а за машките три мадиња. Е тогаш немаше да имат никаква дискриминација. Зш Македонија е полна со жени со три цицки и мажи со три мадиња, а истовремено да имет коефициент на интелегенција 140. Искрено ќе е помачев и јас да ја стигнам та бројка и ќе се напраев пластична, да клам уште едно,  ама под еден услов. Да ме убедет дека IQ-то на сите министри заедно, во збир стигвит до бараната бројка.

Се оддалечив од рекламиве. Ме бендиса и она “Сонцето грее за сите“ заедно со прилогот на дечкото кој ја спасил девојката од давење, а како шо кажа тој не го интересирало давенокот дал е Албанец  дал е Македонец, дал е…..е алал да им е со ова реклама. Бар мене ме просветли многу. Зш јас обично, до сега, ко ќе начекав некој дека се давит, наместо да го спасам го давев со прашања. И зато ниеден до сега немам спасено. Те прашвев шо си, те од кај си , те од која партија си, те колку ти е коефициентот на интелегенција…..сите ми одеа фира дур дознаев све. Ги давев јас со прашање, а не водата. Мада око не ми клепвеше за оние шо ќе кажеа дека IQ-то му е под 140. И онака не ќе најдеа работа и ќе цркнеа од глад. Дури и три цицки да имаа.

Е тек ме фати мака, пена на уста ми дојде, се инзервирав зш не купив шлепери со г`с папир ко го слушнав ова: – Ќе ви кажам јас како се блокира овој закон. Ќе ви покажам кога ќе стигнеме до последниот амандман, ќе видите кога ќе ја земеме оваа говорница, овие микрофони и овој Парламент ќе го запалиме. Сакате вака?, рече пратеникот Зијадин Села и го запали упаљачот да покажит дека не се зафркават. Мада мислам дека ова е новинарска интерпретација на изјават, а оригиналот претпоставувам е: „ЧЕ ВЕ ПАЛИМ“.

Ете. Ова беше речено од устата на некој шо истата таа уста ја полнит со плата од македонски парламент, ги уживат благодетите како пратеник во македонска држава и сега сакат да палит македонски законодавен дом. Алал да му е. Фалимендерит шок Села. И сега да не се разбериме криво. Г`с папирот не ми требеше за него. Туку за сите тука шо го слушаа ова, а не реагираа. Си го примија нормално и како во други ситуации кога нешто ќе ни претат под дифолт загрозените во НСРМ, заќутеа и се испосраа. Тие го примија нормално, а ние како народ го примаме континуриано 20 години. Мене на пример лично ова ми беше појќе на “плаши Петко децата“. Тие државава ја запалија пред десет години не пак за една зграда.

Јас не му се секирам многу за ова. Бар ќе ја напрај ме барокна. Во некој проект например Скопје 2024. Не не. Не е грешка. Баш мислев `24. Немат шо да ти е чудно. Со ваков Бранко, Никола нека ни е здрав и жив пензија ќе зејт како премиер.  Незнајт чоекот ни шо прајт ни како прајт ни кај терат. Те ја сакат на Тачи те не ја сакат. Со Љубчо очи си копаа , во материну се тераа, а сега си се сакет. Во партија му се спремет фракции, а тој кажвит дека бил конструктивна и јака опозиција. Ваљда се изгуби чоекот. Ам како да се изразам поинаку кога чоекот 6 пати по ред губит, а ми кажвит дека ако се вратит на власт имал решение за  све. Ќе не изваел од немаштијава. Едно не ми е јасно. Или ме мислит дека в чера се вратив од  Нов Зеланд и незнам дека беше на власт или пак тој завчера дојде од Нов Зеланд. Еден ден пред мене. Ама пак зато ми е јасно дека дел од шлеперите со г`с папир, ако ги купев, ќе му ги даев нему. Со секој збор све појќе и појќе се какат. Нему дури мислам, за разлика од мене, му требит 4 слоен.

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.