“Ромалееее ромалииииии ова она сандалиииииии…..“ тоооооо мајстореееее да ечиттт. Опниииииииии “Циганииииннн сам али најлепшииииииии“. Ар каква ќерка, каков бутур. Уште поуба работа ми се случи. Мојот сон се оствари, мојата животна цел, немам појќе цели искрено да ти кажам. Не бре какво вработвнење на син ми каков бутур. То е вагинален чад во однос на ова шо ме….мали, малииии опни од Дуле и Коки “…нека пиееее цела кафанаааааа“…а ти моме акни на цела кафана по две шишиња Кока Кола и то со наградна капаче.

А да ти кажам искрено поголема награда од то Амди Бајрам да ми е председател немат. Ска, ска ко ти велам. И она шо ме радвит еве ни и нас и на СДСМ и на ДУИ и на ВМРО да не се мачет да барат заеднички кандидат за предцетник на нашата натоизирана оаза на мирот. По сензуазел кандидат онаму. Каква грешка бре. Не консензуален, баша с е н з у а л е н татко на нацијата.

Ко мојт да е татко на 13 деца мојт и на уште миљон и пол два. Па види го бре во муцињана…..сензуални му се или не? Акмак еден санќим имаш абер ти. Прво и второ чоекот стојт со сите партии. Значи ќе ги обединит. А колку е близок е доказ дека на едни му покажа среден прст, на други им се фати за дисаѓите, дури имаше и визуелно чмаративен контакт со некој. Од ништо прајт нешто. Од кормушка прајт сачма. Рудар е. Копат ли копат.

Абре со него ќе станиме 51-ва ѕвезда на плава подлога на америчконо знаме, а не камоли 14-та жолта на ЕУ. Имат сегде да не напикат чоекот. А немојт да е поинаков чоекот кој најмногу го изрекламира најждригателниот амерички пијалок. Башка сега ко шо сме членка на НАТО имат со него да напрајме бизнис на векот за социо-економски најпрепоептенголем развој. Че му го шпренговаме амортизериве за тенковите во на НАТО. А брат?

А мојме да се занимаваме, да не речам, со 300-та неважни глупости….ама ќе речам. Урла бабала кренавме за некој си никаков не оправдан непотизам. Ептем бил застапен. Страшна работа. Ам ај така да остајме и да потиме и да смрдиме како прчој?А? Токму ради то е сето ова, ради мишкателната хигиена, а не влези во автобус и корни на згрушени сољосани влакна од под мишка. Појќе сакате потизам?

Е ајде да остајме така. Нека имат потизам и после ќе јајме трици воздухот загаден. Е ќе е. Се крена народецов наш глуп за то шо баџанак му на Форина стана потпредседател на антикорупциска? Господ да чуват и да бранит. Абре све беше транспарентно дури и киндер јајцето шо го извлече. Друго….според законот све шо е подалеку од првото колено, значи глужд, петица, пример палец од стапало и.т.н. не се сметат за негова фамилија и мојт да се применит непотизам т.е. да не потит. А шок Нури на Форина му е баџанак од зет за две сестри од прва брачеда. И шо прајме сега?

И после се чудиме шо пратеничката Емилија Александрова рече дека е изненадена како медиумите ги третирет децата на јавните личности? Та и овие медиумиве се безобразни. И шо ако Емче е си ја вработила ќерката во Државен фонд за иновации? А кај да ја вработит? Знам дека Емчето од мало сакаше да си го вработит черчето во Приватен фонд, ама ај де. Кајмат таков? Имат некој отворено? Е немат. Зато многу бр бр не ти требит.

Абре доста со омраза дајте убај вести, нешто шо ќе не радвит, нешто шо ќе не напрајт од радост муцката да ја раскезиме та ни менгеме да немојт да ни ја затворит. Како веста шо ни стигна од Побегуља од Пешта. Ете рече ќе се врател во Северна Македонија аку избега од Македонија и ќе опраел све. Ама под еден услов: Мицко да го победел Зајка. И јас мислам дека ќе го победит, само незнам во шо. Можда во туркање нарака, можда во џуздија или котката питката, ластик…..во шо било. Можда сега со СДСМ-овско-СОРОВ-скава Гоцка? То не се знајт. Само знам дека Мицале е способен во многу работи и ефикасен. Ете чоекот за нецела година ефикасно ја распарчи матичната партија и им се посра на членојте.

Дури и ми се плачит ко ќе ми текнит ко клекна на колејнци и ко рече: “Ако ве изневерам стрелајте ме“ и после потшепна ….“ама не брзајте да ме стрелате“ зш уште држим часима и држичу врло веома много дугима.

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите