Абе ме нервираш ко ќе не разбираш и само гаташ нешто. Шо луѓе ќе бевте само напади и напади. Прво и прво не е класичен споменик туку столб. И овај столб како шо рече на течен македонски јазик шок Амети е напраен пред се да се зближиме. Ова здание имат да не привлеквит сите и таму ко ќе стигниме ќе не зближит. Иначе од кај ќе знајш ти да го најдиш Слупчане ако немат ваков далековод?А? Или ај најди го Липково без ваков светилник. Стап.
Ќе наближиме до Слупчане и ќе не привлечит и ќе си се фрлиме како пчели, како муви во рој кун столбот и оп зближ. Е сега морат да се внимават шо појќе сакаме, пчели или муви, па зато требит да се внимават со шо појќе ќе се мачкат зданиево. Се зближивме со Грциве, сега Бугариве, ам ред е и со Аметија да се зближиме. Само мене чудно ми е з`ш секој шо ни се зближвит од позади ни се зближвит и не распарвит. Ама аку. Господ ќе им дајт век и ум на овие шо не зближвет па и то ќе го дознајме. Само една грешка се напрај. Можда требеше да го крстет Алиева Кул, по теркот на Ајфелова Кула.
А види една работа. И да е споменик на бранителите на УЧК не требит многу да се креват галама. Чим се бореа во НСРСМ тие значит не бранеле сите нас во државава. Мада збунка ми прајт шо и од македонска страна имаше бранители шо не бранеа. Не не….то све ми е јасно. И едните и другите се бранители, ама се откостив децении да сфатам кој е напаѓачот. А?
Абе све е удрено на зближвење и збратимвење. Еве и Аце од Велгошти од ВМРО, нудит збратимвење со СДСМ. Да бе. Убо рече чоекот дека ова влада е неспособна и ако му сакат арно на народецов морат да ја прифатит од ВМРО експертската помош. Е пошо Ацика си ја сакат државата и народов ти оформил тимој од негови експерти во четирите најгорливи области. Меѓу областите ја спомна и економијата. А и имат право Коџамити ептем. Шо ни фалеше 11 години дур ја водеа неговите експерти по економија ова држава. Освен пари.
Тук друго да ми ти кажам. Пред два дена ми идаше да пукнам шо не сум Украинец. Алооо ги посети Анџелина Џоли. Знајш шо значит то? Ем одблиску да видиш онаква мачка со бузи ко за џамој чистење ем гарант ќе ја решит кризата под хитно. Ти теквит во Лара Крофт како напрај партали све живо и диво? Еее така. Ам море русиве ќе ги решит за еден ден само да сакат. Имат да му се испрајт на Путина и ќе го сништит.
Така ам како. А не тогаш нас во бегалските кампој ни го пратија Ричард Гир. Ем ја издолжи кризата, ем од тие бегалците ни ги напикаа за секош во државава. А тие како благодарност према НСРСМ станаа бранители. А да не беше така она ѕидиштено од Аметија ќе беше сега непотребно или неоправдано. А шо е најбитно не ќе моравме да се зближвевме со бранителите од УЧК. Ќе седевме така сами ко кукајци.
ЏИМИ
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.