Абе не туку обвинвите погрешен чоек за бегствотото на Груби. Жими Асана. Полицаецот шо го пропуштил бил крив??!! Как да не. Груби пред да дојдит на граница имал проверки и проверки. Да ми речиш дека крив е онај шо им турил бензин да. Уште ко го отворил капачето од резервоарот имало ливче: овај е Груби не турви. Батево си го занемарил ливчето и му бапнал гориво. Да ми речиш дека е виновен онај шо им продајл бурек пеки. Книгине со кој ги виткет буреците биле ишарани ко новогодишни флаери: груби, груби, груби…,а овај бам четрвт бурек без да реагират.
А јас пак сигурен сум дека тој имат одено во Косово на слава кај некој Никола, а овие го прогласија дека крадел, мамел, ракија пиел и во плевни спиел. Абе немојте така. Ако бил бегалец ова е држава не е панаѓур. Одма ќе го фатеа. Имат различни апарати да се фатит: ксенон, канон, олимпус… Ам како. Ако беше бегалец ќе требеше како Грујо, да се пикат по гепеци, да се напикат во резервна гума, да изиграват вентил или дизалица иначе како вака ко господин да си ја поминит границата.
Е сега да разјасниме уште една работа. ВМРО го обвинува СДС дека све знаела за Груби и не презела ништо дур овај ја оштетвел државата и народот. Со то неможам да се сложам. Морале да му прает метании за да останат на власт со ДУИ. То није тачно. Ако се случило неколку пати да го масирет или да му прает педикир на орелски нокти как да си метнех и во Косово да си прелетнех, то не значит дека СДС биле подлизурковци, упикувачи и други разни вачи. Како ам.
А и евентуално, велам евентуално, пример, не вервам, како да не, Груби е крив за некој проневери Мицко тврдит дека кога тогаш ќе се вратит во Македонија. Мое мислење дека ќе се вратит тогаш. И ќе се судело, фер ќе било и ќе се докажит кој е крив. Дали Груби, дали полицаецот, дали бурекџијата или пак некој семкар ако попатно купил Атнанчо семки. Абе све ќе си дојт на свое место. Ко ти викам.
Важно чоекот си помина нормално. Како шо помина и АХВ нормално при контрола на новогодишните пакетчиња. Све било ок и со нормален рок на траење… Чоколадата веќе биле побелени, з`ш млечни, бомбоните стопени како шо требит да се после 10 години, наполитанките одлепени на 10 дела за полесно да се јадат, шајките не биле рѓосани, е едино шо нашле три бонсеци малку по тупи со кој тешко се сечело. Ова е знак дека требит да рсниме и да се фрлиме во купвење на пакетчиња за децата и внуците. Само при купвење внимавајте да зејте од оние пакетчињана шо имет Линекс.
ЏИМИ
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите