Не бре не зедов бурек. Само јогурт. Системот им паднал. Е па шо знам. Така ми рекоа. Дур е системот паднат не можеле да издавет бурек з`ш ги мешал тој со сирење и тој со месо. Е кога ќе им станит не знам. И така зедов јогурт ќе јајме боранија. Башка навикнати сме ние на боранија и остај друго сегде ја имат. Кај да влезиш сегде боранија. Само мене ми е страв за време избори дан паднит системот кај гласачите та да останиме без пратеници.

Ам како. Не се секирам јас кој ќе ја водит држава и дал ќе имаме влада. Тук ко з`ш се префрламе на боранија не ќе мојме на едно место да најме толку боранија ко во парламент. Ќе требит да шетаме ко волци низ Галичица ко шо се берит планински чај.

Абе мене ми е јасно овај со бурециве да имат хакерски напад. Ама не ми е јасно како мојт едно државиште то да си го дозволит. Премиерот го спореди овај хакерски напад над ФЗОМ исто како нападот на Русија над Украина, само шо овај напад бил хибриден, а не класичен. Е добро е шо чоекот знаел дека системот е нападнат со “ramsonware“ и сега се испитвит кој вид е овај “ware“.

Дал барат да му платиме па да ни ги пуштит податоци или можат да се откупат без плаќање. Јас лично знам двајца варе. Стојче и Марјан од влашка мала. Да ги прашам нив? Как да е ќе се решит овај проблем ако не овај петок до другата среда. Можда пак и ќе е решен овај проблем дур го читаш ова. А дотогаш здравствениве работници и пациенти со потреба од лекој на товар на фондов нека јадет бурек. Каков ќе им се паднит. Ја со сирење ја со месо. Или боранија.

Мене друго ме секират. Објавија дека последна потрошувачка кошничка изнесвела 50 799 денари, а пак просечната плата 33 011. Две работи овде ме задумаа. Од каде олку висока просечна плата во НСРСМ и како да заштедиме да ја намалиме она 50-кана. Значит ни фалет 18-тина илјади денари.

За висинава на платава можно е да се земени податоци од Норвешка или Финска. А пак ако се изваени од кај нас гарант во табелата се земени и оние 5-6000 еври на пратениците. З`ш кај да се завртиш кажвет дека земет 15-тина, 20 – тина иљади денари и то на рати. Ќе да е ова второво.

Јас за секој случај напрајв анализа. Најмноги пари сме трошеле за храна и пијалоци, 19 206 денари, режиски трошоци 13 313, хигиена 3 097 и патни трошоци 3 668 денари. Прво под хитно да се откажиме од режиските трошоци. Кој онакво ни е потребно уште да плаќаме за режирање на филмот “РСМ“. Над 30 години само го режираме и ништо не бидвит.

Ќар 13 илјади. Уште 5 помалку и ќе ја мокаме некако. Исто мојме да скратиме и за хигиената. Еве јас напрајв екпсеримент и ми успеа. Купив 2 x 10 г`с папир шо ќе речит 20 ролни. Едно паковање 200 денари илити вкупно 400 денари. Која како ја употребвиш ја носиш кај комшијата шо сушит колбаси, да непрајш арч за струја, и пак ја употребвиш само со подруга боја. Кај не ошло.

И сега 3 937, ај нека е 4 000 минус 400, оп ќар 3 600 бате мој. Стигнавме до 16 600 шо значит ни фалет уште 2 400. Му удрив на превозот сатар. Овде ќе скратет оние шо имет точак. И то не било каков туку “Пони“. Онај со шипка не, з`ш на него многу се жулит газот и оп одма трошок за гашчи.

Значи пониот под гас и на работа. Ќе ги скратиш пачајците од пантолите дан не ти влегват во синџирот и пичи. Но….обавезно за секој случај зедов 3 штипки (една резерва) од по 50 денари значи вкупно 150 денари. После две батерии 2 А од по 100 денари, значи 200 и едно сијаличе од малине шо ги редиме на икончињана. Најевтини се. 30 денари. Ова во случај да си втора смена на работа за ношја да возиш. До кај стигнавме. Овде вкупен трошок ми излезе 380 денари. И сега 3 668 – 380 = 3 288. Е сега ни фалеа уште 2 400, а јас заштедив 3 288 шо би рекло ми остана вишок 828 денари.

Е па Македонче, е па, со вишокот заслужи да јајш бурек дур на овие им се кренит. Системот.

ЏИМИ
Фото: Илустрација

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите