Од Букурешт за Ohridnews: Илија Пиперкоски

Како изгледа Букурешт деновиве !? Се е блокирано. Булеварите и улиците се затворени. Луѓе кои брзаат се заглавени затоа што улиците се блокирани. Училиштата и јавните администрации не работат. Сите се на принуден одмор па препорачливо е да се замине надвор од Букурешт. Времето е одвратно. Често врне дожд. Кружат хеликоптери нон-стоп. Снајперисти има насекаде. Полицијата принудно ги депортира бездомниците, питачите, циганите и курвите….Си направија и ставија нова маска пред светот дека немаат таков вид на луѓе во Романија. Не верувам дека кучињата-скитници ги стационираа некаде.,.им дојде и нив крајот!.

Имам еден другар, актер кој на секој 2 недели игра во една претстава, која се одржува во еден многу интересен бар. Досега немав можност да ја видам претставата заради некои обврски што ги имав. Па вчера конечно најдов време да одам и да ја погледнам. Барот се наоѓа точно во строгиот центар на Букурешт. Многу е блиску до зградата во која се одржува самитот плус барот се наоѓа на главната улица преку која се стигнува до самитот на 20 метри од хотелот Хилтон, во кој е сместена Ангела Меркел. Фатив пешки да одам затоа што нема автобуси кои се движат кон тој дел (блокирани се) Така, шетам сам по улица и се прашувам, што к*р бараме ние во НАТО !?  

Уште не можам да разберам како ниту еден политичар не излезе во јавност и преку медиумите да ни каже што губиме со тоа што ќе влеземе во НАТО. Сите кажуваат дека ќе добиеме стабилност и поголем прилив на инвестиции од странство. Ова го знаат гледајќи ги Бугарија и Романија. Не велам дека на Романците не им се крена стандардот и платите ама што изгубија ? Организацијата на самитов,  Романците ги чини по 700 евра од човек. Тоа се две просечни плати на еден обичен Романец. Ние немаме пари за патишта, факултети, стипендии, да стимулираме земјоделци, сточари, студенти…а политичарите нашите пари ќе треба да ги вложат за купување оружје, тенкови, градење воени бази и аеродроми, терени за тренинг, сервиси за поправање хеликоптери,. Да се градат складови кои ќе служат како отпад кој ќе го користат нашите сојузници и ние никогаш нема да дознаеме што складираат таму, само тивко ќе умираме од рак ..  Шетам и ги мислам овие работи и по улиците низ кои шетам, скоро на секои 20 метри стои по некој цајкан кој набљудува – обезбедува. Веќе неколку од нив ме застанаа и ме прашаа што правам тука. Јас им велам дека само си шетам и тие ми кажаа дека не ми е местото тука да шетам…па си велам…ти е*ам то НАТО, сега дури и немам кај да шетам. Комунизам и Ренесанса ! Значи нема да има ниту рај со НАТО, ниту пекол без НАТО ама НАТО не дава пари на готово и не дава криминална сигурност, а нас криминалот и кичот ни се втора природа.  Стигнав до барот и веќе ми се расипа расположението за театар. Го држам пивото во рака и го гледам другар ми како глуми лудило. За време на неговото лудило, ми текна на една работа.

Кога бев мал, дедо ми дури беше жив, цело време ми повторуваше една филозофија. На почетокот никако не можев да ја разберам, ама денес секој момент од мојот живот го живеам со таа филозофија која оди вака:
Внимавај што мислиш – мислите стануваат зборови.
Внимавај што зборуваш – зборовите преминуваат во дела.
Внимавај на делата – тие стануваат навики.
Внимавај на навиките – тие стануваат дел од твојот карактер.
Внимавај на карактерот затоа што тој станува твојата судбина.
  
Денес разбрав дека ако ја знаеш оваа филозофија и да живееш со неа, многу лесно можеш да процениш каков е идентитетот, карактерот и судбината на еден народ. Па какви сме ние како народ (со исклучоци) !?
 
Во главно мислиме како да му умре козата на комшијата (значи сме злобни, љубоморни и завидливи). Зборовуваме со гнев и омраза па така лажно охрабрени, убиваме, крадеме, малтретираме, силуваме…правејќи така секој ден стекнуваме навики со кои го изградуваме нашиот карактер.

..Ги имаме сите особини кои ни го изградија нашиот карактер и нашата судбина е запечатена. На крај, што ни преостанува ? Да бараме покајание ? Зарем ова е нашиот карактер, судбина и идентитет ? Зарем Киро Глигоров е во право кога 1992 година рече дека НИЕ немаме ништо со Александар Македонски и дека ние сме Словени кои дошле во 6-ти век ? Сите знаеме какви биле Словените – не биле писмен народ. Биле племиња кои ги следеле своите инстикти и се преселиле во цивилизација.. Зарем ние го имаме тој идентитет и сакаме да го задржеме или останало нешто борбено во нас, нешто свето ? Не е човекот крив што си има свој став, иако е апсолутно апсурден, , КРИВИ СТЕ ВИЕ што дозволивте – избравте некој да ви ја уништи Македонската гордост и  националната свест !  И никако да се свестите…!
 
Има ли право било кој да зборува од името на милиони живи, умрени и неродени Македонци ? Зошто со Грците да правиме компромис и да го менуваме идентитетот ? Нивниот премиер во парламентот пред некој ден изјави дека доколку нема решение за проблемот со името, нема да има ни покана за НАТО. Значи, грчката дипломатија издејствувала, ние воопшто да не добиеме покана. Грците знаат што направиле пред 60 години. Претпоставувам дека имаат и грижа на совест но наместо да ја признаат, тие се обидуваат својата грешка да ја сокријат, да ја избришат од светската историја. Во спроведувањето на тактиката на криење и бришење, во изминативе децении имаа сериозна поддршка од големите светски сили, пред се од Англија. Впорчем што и да очекуваме кога токму со Англиска помош беше спроведен геноцидот врз Македонското население од Егејскиот дел од Македонија. Англиската воена авијација за да и помогне на грчката армија при етничкото чистење на Егејскиот дел од Македонија, употреби напалм бомби.

Зошто Грците сакаат да го смениме името ? Затоа што во Букурешкиот договор кој има рок до 2012 има една точка која гласи :

– Ако Македонија се осамостои како Независна Република под ова име и  остане под истото до истекувањето на договорот, има право на повторно враќање на териториите од Голема Македонија – Егејска, Пиринска и Вардарска.
 
Очекувам – сонувам, сепак дека Грците еден ден ќе се покајат – извинат кон нас, Како што го сторија тоа културните народи : Германците кон Чесите и Полјаците, Швеѓаните кон балтичките народи, за гревовите што им ги нанесувале во минатото и со конкретни искрени потези да го манифестираат и шират европскиот дух на разбирање и соработка. И не само тие. Исто така да направат и Бугарите, Србите и Албанците. Да се надеваме дека мојот сон ќе стане јаве, како што стана сонот дека еден ден може да одиме во вселената. Грците се плашат од нашето членство во Унијата затоа што таму има правила. Сето тоа погоре ќе стане невозможно да се сокрие и избрише. Територијални претензии ? Нема да бидат потребни.  Ние во поново време никогаш и не сме ги имале кон нашиот јужен сосед. Нема да има граници, а обединувањето ќе си дојде само по себе.
 
Заврши претставата, а јас уште се заморувам со глупости и не знам што да очекувам? Дали самиот да славам на плоштад во случај да бидеме примени во Нато притоа ризикувајќи да бидам погоден од снајперисти или да седам дома очекувајќи вето ?
 
А, и да умрам, да бидам застрелан, сеедно ми е. Иво Андриќ убаво кажа :

“ SVI SMO MI MRTVI
SAMO SE REDOM SAHRANJUJEMO. “
(сите ние сме мртви
само со ред се закопуваме)

Илија Пиперкоски