Абе се искинав од смеење. Се равчалив. Овај пусти Буки кладе коса ама изгледа толку му е струјата. Море тресење зелени чоекот. Се испосра се израдви што од 19 амбасадори 12 биле албанци. Е бре Буки бре дете голомеше. Не требит ти да се радвиш. Ние требит. Ние Mакедонциве да се раскиниме од радвење. Ракети да пукаме, огномети да прајме зш успеавме 4-тири амбасадорски места да зејме.
Абре шо мислеше ти? Ние тек така ќе ти ја дајме државава? Не велам дека немат да ти ја дајме ама тек така? Кака да не. Море чоек ние си се бориме за државава наша, за македонштината. Ти само прај си филмој дека шо ќе побараш ќе добиеш. На куку. Зш ставот на сите влади со кој коалицираш е цврст дека : ЌЕ ДОБИЕШ СВЕ ШТО САКАШ. Ам како. Ти само радвиси се.
Ак беше за давање НСРСМ ќе ти ја даевме уште 2001 година. Како ам. Ете поминаа 18 години и ја зеде НСРСМ? Не бре бате зш ние си се бориме за државава, ак не беше така ти сега ќе имаше 19 амбасадори, ам нацки. Ти седовме 4 пукни си ко костен. Ха.
Мада рака на нога морам да признам дека секогаш си се борел за доброто на државава. Зато ме чудит зш не те видов во акцијата “Не биди џубре“ да собираш ѓубре . Дал немаше време зш пишеше 5000 амадмани, дал ти беше страв некој дан те соберит тебе појма неам. Ај за Мицко е оправдано и да не беше. Тој напиша 9000 амадмани. И алал да ви е на двајцата. И јас сум за то. По 20 000 да напишите двајцата зш знам дека то е за добро на држвава, а не зш сте посрани дека не ќе да е лесно со една изборна единица тек така да се шепурите на власт по 10-20 години. И Зајко нека си замо амандманират со 10 – тона иљади и да сум сигурен дека имаме асли мажи за водење на државава. Да не речам како волој за на јасли.
Ама да ти кажам искрено и ние се свестивме. Одма око за око заб за заб. Ти тантарање, кочење државава и ние одма вративме. Поточно Николоски врати. Ете се обрати со албанска серенада со напомена да немат политика ами да пејме. Само незнам на иницијативата дал кажа за во иднина ко ќе идат Буки и Амети сами да си купиме вазелин или вие ќе носите ко ќе прајте визити. Как да е ама никогаш немат да имате 19 амбасадори. Можда 18. Пукни си де.
И кај шо спомнав погоре за акцијава “Не биди џубре“ јас лично не сум задоволен од ефикасноста. Или поточно од излезноста на администрацијата. Како прво и прво не излегоа оние шо не одет на, а примет плата. После не приметив дека излегоа и оние шо немет столчина во канцелариите зш се по 12 во иста канцеларија. И на крај…..абре знајш колку луѓе требит и колку време требит да се исчистит државиштево наше од целото џубре?
Ехеее кај нас све е џубре до џубре. Сегде го имат на секој ќош, на секое столче, на секоја функција. Некој рече требело да се напрајт поголем по агресивен повик. Абре море луѓе како да се напрајт. И зш да се прајт. Јас се думав например да ојме со слоган “Излезете сите да го собериме џубрето“. Ама ми текна ако речам вака кој ќе излезит живти леб? Ко ќе го оделиме македонското џубре ќе останит толку малку собирачи шо ни 1.12 % посто не ќе се соберит. Не ќе се исчистит.
Е зато излезноста беше мала. “Не биди џубре“, а тој веќе одавна станал џубре и како да излезит.
Ќе ти брбав уште ама ти брбам од Скопје. Чекам секој момент од пулмологија да дојдет да ми клает сонда за дишење и овај респораторниов апарат изгледа е запушен па да ми го менет. Додуша ми рекоа дека ко ќе дојдет ќе ми ги извает градиве и на бензиска со онај компресорон ќе го издувет и ќе ми го вратет пак. Мада си имам вграден автоматски дефибрилатор и не му се секирам многу , ама сепак глупо е да ти дојт мајстор и да те чекат и да си брбаш нешто. Не така?
ЏИМИ
*Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите