Ар не туку звони аман бре. Ќе дојдам. Имат време дур почнат двете Албании не се секирај ќе гледаме. Спреми ти шо ти реков за мезе. Не не бурек. Јанко ќе го изејт. Абре аку немат заби, ќе го изглодат, остај ти то.
Ебати то брзата помош ебати. Миљарда години поминаа ни еден не застана. Абре какво такси посрано. Кај се возело со такси денеска. Гледаш во Скопје??? Абре вртат празни коли на Брза Помош и мојш да му крениш рака, нога, шо сакаш и те носит кај сакаш.
Ауууу како бре незнаеше? Да бе. Скопје почнаа ама пусто во ова Охридов за све ме последни. И пази. Не само шо те возит туку носат со нив и камери и те снимет кај шо те возет. Ако имаш среќа дури мојт да ти паднит да се возиш со си Латаса. Те возат, те снимет и пичи сиренана. А? Замисли си. Да бе. Латас ти е како бонус во возењето. Плус то ко шо вртат со болничките коли мојш да ги најмиш за све. Зш ионака низ Скопје вртат празни.
Пример за превоз на сено, гној……шо?…..ам шо ак смрдит, имаш боци со кислород и така дишиш. Море ако сакаш можит и панорама да ти прает низ Скопје. Е така де. Виде на телевизија со отворени врати вртеа, празни внатре, дури се подумав дан се без шофери, дан се теледиригани ко дроној. И плус виде колку публика од страна имат, па ти мафтет, па ти се радвет, па ак сакаш излегвиш на пенџере во возењето, ја пуштат глата и ак си имаш платено может косата да ја исфарбет, шарена да ти ја напрет. Како ам.
Послем ти укљчвет камера, пред тебе Латас ти земат интервју па ти се опушташ, расчепатен како некоја министерка, се расприкажвиш на српски зш овај Езопов е со српско потекло: “Ево мене пуљите ме у амбулатним колима, којих се користијају од денес као и за другим потреби, во примери за панорамксих гледање, шетим се низ граде Скопљима, спружио сам се у њими и вагинац ми је дворац ми је, гузу чршија, јер све је натокмено у мојој државу. Ево возу ме полако да ми не долази да поврашчам, а ја уживанција, а веома врло много радујем се свима споменика, уживаму нашу свим македонског животињу и тако на тамом…..“Море убајна.
Ма му се лошело некому, ма палардисвел од горештиниве, ма му требало Брза помош…..абре кој ги тркалат. Битно е јас да си се изнавозам да си напрам маркетинг, де политички, де сераторски, зш исто ти е то, а кому како му била судбината со инфарктите или пак нека почекат со срце мавањето дур се завршит маркетингот. А после како му е пишано.
Абре алал да му е на скопјани. Да да сега го воведоа. Викендов шо помина. А пусти прости скопјани на отворањето на ова нова услуга ја спичија за Грција и кај нас се напучија е не беа присутни да го видат сево ова. Мада не ми јасно да си ебат глата како можеа да одат викенди да терет да се прчет по плажине, а празников беше за одење на гробишча. Пак од друга страна си викам пак и невкусно е со бикини и танги да исполегнат по гробојне. Тие си знает да не им се мешам.
Само при скопската панорама мораш на едно да пазиш. Немој брате случајно да ти текнит мадето да ги почешаш или пак ако имаш хемороиди да ги враќаш со прст. Аман немој. Низ нос ќе ти излезит шетањето. Прво и прво ќе ти паднит прфут низ ногајца и ќе ти побелат патиките. А уште полошо Латас мојт да те снимит и то да го прикажит како основ за предизвиквење на дискриминација зш во публиката ќе имат жени и нормално тие немет мадиња. Мада ниеден во Македонија немат…..и одма џанг од 70 до 110 евричи казна. Или пак недај Боже во фарбарите или мафтачите да имат некој кмет од село, председател на куќен совет или друг тип на председател и ојде јабана со 600 евричи мањак.
А скраја да е или подалеку, пту пту пту ѓаолот да не чует, то дојде балгам во моментот…..аууууу голтајго. Аман чоек. Немој да си го пљунал! Мојт спонтано да паднит на некој кмет, председател….и ојде апсана за напад врз лице шо вршит функција со непозната течност. Аман пази. Е во краен случај ако ти дојт, ак ти се соберит, подржиго в уста тро, проврти го со јазикот и ко ќе дојш до портана тогаш пљуни.
За ова немат гајле. Зш сабајлето едни спонтани жени, спонтано ќе се соберат, со спонтани сунѓерчиња, спонтано ќе ги избришет балгамите, спонтано ќе поминит некој спонтан новинар од Сител, ќе дает спонтани изјави и на крај спонтано ќе каснет сендвичи. Ни лук јал ни лук спонтан мирисал.
Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив