Изминатава недела огромен впечаток ми остави еден непознат такси – возач, од компанијата со која често се возам кога одам на пресконференции во мојата матична партија. Откако му ја кажав дестинацијата, само ме погледна и рамнодушно ми изговори: ‘Јас Ве жалам сите вас кои се занимавате со политика, сигурно не е лесно да браните нешто што не се брани’.Нормално, тука се најдов погоден, па веднаш почнав да објаснувам дека некој друг има одговорност за целата оваа состојба, силно мавтајќи со листот на кој имаше арсенал бројки за тоа во колку безнадежна состојба се наоѓа државава. Добив само поглед кој кажуваше дека воопшто не го интересира мојот став. Тука застанав, и сфатив дека премногу е измалтретиран за да прави разлика меѓу политичките партии, затоа што тој ден истиот тој господин, не мислеше ни на тоа како да оствари профит, туку само како да заработи оброк за неговите деца. Во оваа земја оддамна никој не профитира, освен власта.
Виновниците за ваквиот третман кон сите кои се занимаваат со политика, се многу далеку од реалните коментари на реалниот народ, и се сокриени во своите удобни кабинети. Нивните возачи во блиндираните возила можеби имаат налог, и воопшто да не им зборуваат кога не се расположени, но затоа заради нив, сите ние кои се возиме со свои пари, сме линкот и боксерската вреќа на нечија катастрофална политика. Многу е покомотно да се читаат фингираните бројки од идиот камерите, со неколкумина телохранители околу вас, како и со огромните пораки кои суптилно ги праќате за тоа како би завршиле неистомислениците, отколку да бидете само реален пренесувач на катастрофалните економски индикатори.
Без оглед на перцепцијата, бројките се арсеналот оружје кој треба и понатаму да го практицираме, место на популизмот да одговараме со популизам. Факт е дека многу е полесно да се лутите на инкасаторот отколку на Регулаторната комисија, на потчинетиот отколку на претпоставениот, на пријателот отколку на непријателот, на реалноста отколку на имагинарноста, но тоа не е правилно. Ако ги измачиме бројките тие ќе ни признаат се. Ќе признаат дека 20 проценти од невработените се млади со завршено високо образование. Ќе признаат дека во Македонија секој трет граѓанин живее под прагот на сиромаштијата, како и тоа дека Македонија има стапка на невработеност од над 32 проценти. Во земјава во последниве четири години просечната плата е непроменета и се движи некаде околку 20.000 денари, но затоа пак растат трошоците на живот – последниот податок за раст на трошоците измери инфлација од 5,3 отсто. Само за споредба, евидентно е поскапувањето кај основните производи. На пример, цената на маслото за јадење во 2006 изнесувала околу 50 денари за литар, таа денес изнесува околу 90 денари. Овде има само бројки, нема нити грам чувство или наклонетост.
Денес релевантните поразителни бројки, се бројки на опозицијата. Оптимистичките имагинарни бројки се бројки на власта. Освен прегледите на Youtube, и бројот на “Like” на “Facebook”, секакво друго броење и пресметување е илузија. Во Македонија резултатот од два и два не е секогаш четири.
Болната реалност започнува во лагите. Но, една од најважните работи е да не престанеме да трагаме, поставувајќи прашања кои колку и да звучат дрско, се нужност. Младите од една политичка партија силно ракоплескаа на “Нешто ќе те питам бабо”, но ако самите не сте се “питале” сакам да Ве “питам” зошто не го слушате врисокот кој доаѓа од најголемата тишината од младите луѓе во оваа земја?.
Драги господа, ѓаволот оддамна ја однел шегата. Доброто студио не значи и добри вести, како што и добриот говор не значи и добра намера. Во меѓувреме, демаскирањето продолжува, иако маскембалот нѐ чини премногу. Во политиката се војува со сите расположливи средства, но некој заборава дека ресурсите се ограничени. До нивното конечно трошење, можеби ќе помине многу време. Многу генерации ќе пропаднат, или пак ќе се изгубат низ лавиринтите на популизмот. За тоа време, Вие ветувате поголеми пензии на пензионерите, иако бројките не го покажуваат тоа, само затоа што знаете дека така се ловат гласови. Повеќе од јасно е дека го имате земено предвид фактот дека најголем дел од младите брачни парови, живеат од пензијата на своите родители, што е поразително. Затоа место да создавате нови вработувања, Вие решивте со еден козметички удар да контролирате две различни старосни групи. Достоинствен живот треба да е мотивот, затоа што нема достоинствен пекол. Пеколот и достоинството не може да седат еден до друг во иста реченица.
Дејан Блажески
Либерално Демократска Партија
(авторот е докторант од областа на економските науки)
*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.
Во духот на македонштината и вродениот патриотизам кој и низ ушите ни течит нема да дозволиме да сме втори Скопје да е втор Абре во душа нѝ е да сме лидери на балканот и незнам како се случи Сараев...
Јас незнам шо министерот за локална самоуправа, Златко Перински, имат толку против формирање Албанска академија на уметностите Не ми е јасно з`ш Перински можда не директно ама тој и неговите некога...
Абе ко му се испрај, ко шо е онака мажиште пусти Венко широк во плештине, Мицко се собра ко глувче А пак искрени да сме убо му згрми дека ги излажа професорите Мицко ќе му даел само 5% повисока пла...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.