Ја пишам колумнава дур чекам да дојт 3 сабајле недела за да го наместам да е точно 2. Окапав. А и ова е глупост. Страшна работа. Окапавме дремејќи ко мисири до 3. Не така? Мада ме поучи тетка ми. Ми рече да го наместам пред да легнам, ама јас обично си легвам кај 11 така да ак беше за така ќе речеа на телевизија во 11 наместете го да е 10. Или пак уште позаебано е ак речет пример….во 8 наместете го 7. И ај не ќе легвам сега со кокошкине во 8, односно во 7 или 8 како идет? Не знам.
Како и да е го вратив сатот. Се вративме еден сат назад. Со времето. Мада незнам шо потреба да го враќаме сатот за еден сат на назад кои ние во НСРМ со векој сме назад и го имаме вратено за век и веков. И мене то ми беше страв. Прво…немам прочитано во новиот казнен закон и си реков дан имат и за ова некоја стотка еври да ми втикачет казна. А друго пак си викам ако јас заборам да го вратам и сам во цела држава останам напред ко лидер во регионот, ќе штрчам и ќе ги боцкам сите ако сум понапред како маж на гинекологија.
Пуста та гинекологија. Кај шо ја спомнав. Си ојдоја уште една мајка и уште едно бебе во напредната Македонија. А многу заминаа последно време. Дури некое време се замислив дан живејме во Либиска Џамахирија, а не во про европска и НАТО- сакателна просперитетна НСРМ. И одма се фрлија на докторите дека се криви. Не вервам. Зш ете каратистот ги исчисти сите болници од лебарки и акна забрана на сите вработени за пушење. З`ш то е најбитно за напредок на медицината. Маваш маја-гери по лебарки и крај.
Пак излезе муабет дека ете во Гевгелија од 180 родени деца дури 150 биле со царски рез и навечер. И шо? Така сакет докторите? Не бре. Во цела НСРМ самите жени барет да се породвет така. Е зш? Зш после толку оддржани питијади, костенијади, тортијади и секави јади сега да ти се спремало за до година да се одржело првт пат во светот “Вагинијада“. Е зато со царски рез. Ги чувале таквите за манифестацијата. Ете и во то ќе сме лидери во регионот, на марс и пошироко. Како ам.
Пак исто така пуштија муабет дека двајцата анестезиолози биле пијани. Ам какви да се на такво работно место? То си е нормално. Гарант пред то имет породено некоја друга и нормално да се почастет з`ш голем дел од гинеколозите мислет дека ние ко ќе ги носиме жените им носиме три кила кожа и тие како магионичари оооооп ни враќет дете. Е сега морат да признајме дека еден доктор имало трезен. Ама не бил моментално тука зш бил на редовна трета смена како таксист. Таксистот е крив. Аир да не видит.
Фала му на министерството шо рече дека ќе напрајт темелита истрага и дека ќе се најдит кој е крив. Гарант. Секој шо нешто сјебал морат да се откриет и да се знајт под хитно кој е крив. Само мене ме збунаја овие двајцава шо преговарет. Зајко викат ако не сме добиеле датум за во ЕУ, Никола ќе бил крив. Никола викат дека Заев ќе е крив.
Можда и двајцата ќе се криви не знам. Ама пак чудно ми е како не се сетија дека препоептемнајкрив е Бранко. Да. Баненце. Јас мислам дека е крив зш тогаш на петнеасети септември…..шо бе тогаш, уште порано. Крив е шо стана најмлад премиер…..море од уште порано. Се сеќавам уште како матурант ко….море знам еднаш дека го прашаа во градинка….Абе крив е шо е роден и точка. Не ќе се малтретираме меѓу актуелните да бараме кривец. Зш најубо е да го обесите брат ми зш ми мене ми се вртит.
Зато јас викам дека пре да речиш нешто требит убо да издумаш, да мислиш со црпката. Еве например алал да му е на Г.Г. Стефан зш ете тој убо издумал и донесе преуба одлука. Просто да ти е криво з`ш не си умрел, зш ќе требит да преумриш. Или пак да се прежениш.
Шуќур шо не ојдов Австралија, мада тетка ми тогаш ко сакав да одам ми рече дека е скериед со авион да флајам иначе не било проблем да ме приберела. И ме прекајли. Ако не бев прекајлен можев да бидам рикнат и ќе мораа да ме откопет да се преумрам да ме препогребет. А кој да памтит како умрел. Па децана ќе требеше да ги напикам од кај шо дојдоа, па ај пак прај глупи покрети, демек сексај се да се преродет, па да ги прекрствиш. И сето то требит ептем брзо да го напрајш зш овај дуплиов господин даде рок ако не ќе ти акнит одма цена за сето то. Ќе мораш да платиш за да преумриш. А од умрени пари земање онаму. Верви ми ко ти викам. Јас сум поуздан ко Брима Галуп. Да.
Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив