Е многи се осеќам повреден. Дискриминиран. Навреден. Абре како мојт дури сега бранот на освежување да дојдит во Охрид. Пред нас  бранот беше во градој кој немет ни Е од езеро. Ај да беше пред нас преспа или Дојран ќе разберев. Ам вака. И то стигвење бранот во Охрид и мавање на тој шо се грижит за безбедност баш езерово ко ќе имат браној. Бар во моментов не остаја без капетан. А бродото ојт. Ама каде?

Искрено јас сум за браној да фатат. Еве ние од Охрид знајме дека ко ќе фатит бран сето ѓубре од државава излегвит на виделина. Не бре. Не згрешив. Комотно мојме терминот езеро да го замениме со терминот држава. Зш не само ние шо се капиме  во езероно ами и скопјани се мочет во него и другите од Македонија го користет езероно.

И зато требит да имат бран. Сите македонски ѓубрина да излезат на кејон и да си поминит тој шо е задолжен за ѓубрина да си ги соберит и ич око да не им видиме. Е сега ваква каква е ситуацијава со езерово бранот требит да е на равниште на цунами зш некој  ѓубрина толку се в коренети за дното шо тешко мојт да се исфрлени со обичен бран. И се надевам дека сите ѓубрина, корови шо го кочет езерово да истеквит во Дримон, а од тука кон некој европски дестинации ќе бидат откорнати. Најавија дека овај бран ќе ги исфрлит на површина правите ѓубрина. Ама то ќе го знајме од ко ќе престанит бранот и ќе видиме шо исфрлил. Јас се надевам дека важит она старана дека секое гомно водата го исфрлат на површина.

Додуша вервам во то шо го рекоа. Дека бранот ќе опфатит уморени, фраери, неквалитетни и дека на нивно место ќе си дојдат пред се квалитетни и то без разлика на партиска припадност. Е сега овде ко да ми фали да се нагласит дали покрај без разлика на партиска припадност ќе важит и без разлика на родбинска припадност. Зш требит да се земит во предвит дека баба му на некого колку и да е квалитетна лошо ќе бидит да е клет директорка на агенцијата за спорт и млади. Не така? Глупо а?
Само пуста работа бранот како природна појава е непредвидлив и мојт да излезит од контрола. Покрај многуте ѓубрина шо ќе ги исфрлит од езероно (рековме државана) мојт да зафатит и многу работи кој до сега биле корисни за езероно, кој многу напрајле за езероно во последниве години и ние како народ ко ќе поминиме да видиме дека бранот ти бил шијем ти га Ѓуро да се забезекниме и да се здрвиме како кејон. Е така здрвени мојт тој бран да мавнит во нас и да му се вратит назат на брано спроведувачот и да се чудит и чадит на некој следни избори. Как да е ќе кажит времето.

Како шо кажа дека Амди Бајрам е прав пратеник дека требит ако ништо појќе да го клајме во комисијата за преговори за влез на Македонија во ЕУ, НАТО, а богами и гето. Господ златен и златна Св.Петка како не ни дајт појќе пратеници паметни како Амдија. Храбар, одважен без влакна во газон т.е. на јазикот јасно и гласно им рече од говорницана: “Околу македонка зборувате! Ќе ви кажам! Сега немам време, само уште 7 секунди имам, во другата реплика ќе ви кажам! Вие и ебавте мајка на цела Македонија!“ Браво Амди арслан наш. Така се зборвит ами како. Со ова потврди дека 102,99% те биват за пратеник. Да те немаше требаше да те измислиме, а веќе ко те имаме незнајме како да ти заблагодариме. Можда пак да те вратиме на тезга да продаваш прслуци….пример…незнам.

И ако Амди Ајнштајн случајно не ни помогнит да влезиме во НАТО ете се понуди кардашот да ни помогнит. А ми се чинит дека померодавен од нив не е никој за да не поттурнит онаму кај шо застанавме. А застанавме таму кај шо  не остаја тие. Сега се виде зш тие 500 години биле кај нас. Не простудирвеле зш знаеа дека после еден век ќе дојт до потреба да ни помогнет. Тие најмногу ја знает она старана македонска шо дават права слика за македончето – брат брата убиват тешко кој го немат да го скинит.

И на крај ме бендиса меморандумот на МВР потпишан со Драмски Факултет. То бре брате. И филмој да се снимет со полицајциве. Абре многу од нив доста беа манекени. Зш како шо стареет им се губит манекенската вредност, а за глумци немат старосна граница. Само да се разбериме….морат да имат и надворешните соработници кој не морат да се припадници на МВР. А можат да се снимат многу филмој. Е сега Бата Живоиновиќ е стар ама мојме да го ангажираме Али Амети, како Валтер, ама филмот да се викат “Амети ја спасува Македонија“. А? Или пак држава и така ни е каубојска мојт да се снимит “Лошиот, добриот, и грдиот“. А? Бинго. Да. Лошиот ќе е Мендух Тачи, добриот Али Амети, а грдиот…….грдиот….ај нека е Бранко. Пример. 

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни не се ставови на OhridNews, туку се ставови на авторите и редакцијата на ел. весник не сноси одоговорност за содржината на истите.