Чекај вака сега. Седум вертикално: припадник на гоцевата раса, 10 букви..хм..С И Р О М А Ш Н И К..то е …сиромашник….идемо даље….шеснаесет хоризонтално, македонски политичар  5 букви арх., завршвит на ГО…ева ева…Л А Ж Г О…Господ да чуват и да бранит…то идет, да го пишам…лажго.

Абе многу сакам вака да си седам на шоља и да си решавам крстозборки. Незнам зш, ама ко ќе исфрлам од позади некако сум по паметен. Све ми теквит тогаш. Некако ми идат идеи за решавање на сите проблеми. И многу пати нерешливи проблеми вака ко ќе клечам ги решавам. Ко ти викам. Ме интересират  Македонија ко би можела да клекнит и да ги исфрлит сите говна од неа дали би тргнала напред???

Мада види. И колку да се јасни работите она например под 16 хоризонтално некако ко да не ми е јасно. Зш ЛАЖГО? И шо им текнало то да го клает во крстозборка. Ај да пробам да си објаснам. Не сум сигурен ама мислам дека е клаено заради Марјан Додоски. Гарант.

Мажот пред изборите пред 5 јуни ко да рече: ВМРО-ДПМНЕ функционира како удбашки систем, со закани и уцени…. за да после нецела година…пред некој ден прокакат: ВМРО-ДПМНЕ е единствената демохристијанска партија која и мисли добро на Македонија.

Море Марјанчо. Тебе или ти тушит во глата или ти смрдет чорапите. И реши се еднаш, десничар си или левичар си. Зш ваков како шо си, имаш лева рака, а денес џеб.  И не туку ми какај дека 120.000 евра кредит ги имат секој просечен македонец. То значит дека јас сум каде каде подолу од просекот и за мене важит  7 вертикално. И ќе важит се додека имаме 16 вертикално како тебе.

Нејсе. Спајдермен пак во акција. Дојде Охрид. Незнам дал се трефна така или зш јас го поканив во една колумна, ама ми го напрај ќејфот. Важно не мислел да прајт кадровски промени. Зш мене то ме секираше. Дан менит некој. А то шо не ојде да ја видит болницата шијем ти га Џуро. А шо онакво имат потреба да ојт таму. Не оти имат да се видит нешто освен дека самоиловине се префрлине таму, освен персонал со јакни, услови нула, пациенти изнервирани, не задоволни….и според мене да го видит најдобриот персонал во македонија кој работит се уште со голема воља.

Е наместо него таму беше насобрана толпа која баш него го бараше. И нека не јадат трици дека тој собир беше политички и то од кого организиран? Од СДСМ? Как да не. Нити тој протест беше организиран од СДС , нити онај пред општина за цената на водата беше од ВМРО. Жими 16 хоризонтално. А ако јадет она шо јас сега го прам на шоља дека СДС го организира ради Ацета шо беше таму, немат врска. Ацика таму ојде како незадоволен пациент, не како член на СДС нити пак како градоначалник. Тврдам дека е така. Зш пак Аце немојт да е пациент??? Ам и тој е чоек ко нас од крв и месо. Дури некој мислат дека појќе е пациент од колку градоначалник. Некој.

Кај шо го спомнав СДС. Мислам дека ВМРО конечно го реши проблемот со опозицијата. Му ја најде нивата на Бранко. Се разоткри све сега. Бранко орал нива, а не се пријавил. Мада нивата била од женаму не негова. Малку ми е нејасно овде, аку сум на шоља. Ам ако Бане не ја орат нивата од женаму чија нива ќе ја орат. Од комшијата? Едино не ми е јасно зш требаше  годиње да се откриет дека Бранко орат. Освен ако чоекот е крт и ја орал од внатре. То незнам.

Ама знам дека требит Господ здравје да му дајт на тој во Охрид шо ја напрај атмосферскава канализација. Да бе. Ако не беше напраена кој сега ќе купвеше или наместо такси ќе нарачвеше бродој. Вака сега се возиме со кајчиња. Со бродој ќе беше ем поскапо ем охридските бродој знајме дека потонвет така да ќе ни беше страв да се возиме со нив. И јас си имам кајче. Еве дур се тотолам го пуштив син ми да ја загрејт тро пентата зш требит да одам до напазар. Абе ние охриѓани сме паметни. Ами како.

Иксрени сите во Македонија сме паметни. Мозок  ни течит од сите страни. И од ушите и од носот. И од…Еве на пример битолчани. Докажаа дека ако едно име имаме и него не го даваме и не го менвиме, 60 други за инат од нас самите себе ќе ги дајме и мениме. Алал да им е. Море све да се искоренит. И скопјани имет ум. Да не ги заборајме. Само шо ми ја сјебаа салатата. Сол за лек немат зш Коце целата ја исфрли по улиците. Море непендек. На ваква сиромаштија сол да фрлаш по улици. А и новаркана од ТВ алфа шо извествит за Скопје е паметна. Невнимателно се движеле пешаците. И така е. Во вакви временски услови се земет патикини од Џеки Чен и се летат над мразот.

Тук јас се расприкажвав, а крстозборкава ми остана не решена. Десет косо….косо????….как да е. Десет косо: излез од криза…со 1,2,3,4,5….99 години. Евааааааа. Не ми теквит. Хм. Ај да пуштам вода да заминат ова говнава можда ќе им текнит.  Ако и после то не ми текнит ќе побарам помош од пријатели, од сите македонци, пред да одат на избори да пуштат и тие вода за да заминат сите говна.

ЏИМИ
[email protected]

*
Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и
редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.