Ама море будала еден како мојше така. Ами ќе те репнат 1500 евра ами како ко не си се придржавал према законот за реновирање на станот. Шо мислеше ти дека ова е партал држава? А? Види го. Абре аку е твој станот и аку сакаш да си ја смениш ВЦ шољата без дозвола немојш. Море скршена била ваква таква морат да имаш дозвола, можда со новата ќе нарушиш статика.

Како ам. Како мислеше ти. Ќе си дојдеше чоек задолжен за проверка на ВЦ шољи кандидатки за менвење и ќе си одредит дали мојш да ја мениш или не. Прво ќе ве седнит еден по еден на шољата, да видит дали ти се кривела шољата заради расипаноста на шољата или пак некој од вас шо седвит му е изместена газно-чмаративната точка на рамнотежа. Да бе. После ќе си го викнит најсилниот од твојата фамилија да седнит на шоља и службеното лице со апарат мерит децибелажа на прдежот.

Ако ја преминвит границата, а то си стојт во правилникот за прдење во стамбени и колективни згради, со то шо му сметаш на комшијата, еее тогаш ќе ти потпишит дозвола и менви шоља и прди смрди шо сакаш прај. Немој сега да кукаш, а си напрај незаконско дејание во НСРМ. И биди среќен шо помина со толку зш ако менвевте со шурати можеа да ве осудат за здружување и против правни злосторнички дејства против поредокот и уставот на НСРМ. Сејси мадро.

Море чоек…..ти мислиш НСРМ е стадо овци без овчар? Абре немој така. Наше е само да уживаме во последниве 25 години, а имат кој да мислит за нас и да носит одлуки. Еве сега на ова новава одлука на Министерствово за Образвание и наука…..пајдушко заиграв на жицана за спружвење на пљачки на трет спрат од среќа.

Да….дааа……како родители ќе си сме се дружеле со професорките и со учениците. Да бе. Убајна. Ќе сме му даеле играчки на децата, а ние со професорките ќе сме си играле некој игри кои имет општо-телесно-здравствителни користи и зближување на татковците со професорките и мајките со професорите, како би се подобриле односите помеѓу споменатите шо би довело до взаемно општење на повисоко ниво.

Ќе си играме например долга магарица. Директорот ќе пасит, професорките ќе лежат, а ние како татковци ќе им скокаме. Мултилатерна корист. Директорот ќе е најаден, нашиот рбетен солб правилно формиран , педагошките работници ќе го вежбет пучателниот став према МОН, за да можат полесно да го примат екстерното со си казните шо им следват, а децата ќе шлашкет и според новава програма ко ќе завршет основно спремни ќе се за вработвење во НАСА.

Мада мене друго јанѕа ме јајт. СДСМ и Заев пукнаја. Мислам испукаја…..бомба ли…..петарди ли……ќесе надујано ли. Незнам. Според мене петарда, ама Бакрачон не е е вратен од Кина зш очеквам негово најголемо достигнување во неговиот мандат да бидити да донесит петарди од Кина за Нова Година. Кај да е и на Зајко да му дајт некоја. А д…нешто пукна. Само не ќе да е бомба. И ако стварно Зоранчо имат некој бомба, побргу нека ја испукат зш мојт враце да му пикнит и ќе му ги скинит, скраја Боже, прстите. Нејсе друго….ами не ќе имат со шо да лепит појќе. 

Џанам искрено…прати нешто тој до Фокус овие објавија и пратија кај шо требит меѓу останатото и до обвинителството. Да бе. Снимки кај шо наводно се праеле пасоши за да можат некој си луѓе да гласет за ВМР-овциве. Незнам дали обвинителството толку ревносно ќе ги разгледат видео доказите, ама јас снимив и се фрлив на детална анализа. Според мојата анализа Зајко опали јака бомба. Скоро иста како на Хирошома и се стреси цела НСРМ посебно Владата на НСМР, а најпосебно Коло Груевски кој разбрав, ама не кажви никому, веќе седнал да ја пишит оставката. Се стресил целиот од бомбата, а посебно ѕиврите. А све е јаснo од снимката. Снимените материјали се снимени со десен ракурс шо кажува дека го имат снимено партија која е десница. А на секој тиквар, па и на Зајко му е јасно кој е десница во НСРМ. Друго. Се гледат на снимката дека ноџињата се со нокти со портокаова боја. А таква боја имат?…..имат??…..така е…….ВМРО. Друго. Ама спорно е шо од снимката не мојт да се утврдит чива е смрдеата на голиите ноџиња. Е сега на еден сегмент се гледат дека е женско кое меѓу препони имат многу коса, шо значит дека во својата душа го носит Јане Сандански со си брада. И све е јасно и чисто. 

Абе…ќе пишев уште ама морам да одам на депилација, на маникир и педикир и на фризерка. Морам да се средам зш среда сум на визита кај многу луѓе. Да да…среда е денот на дрвото, а во НСРМ имаме многу дрвја шо требит да им напрајме чест.

ЏИМИ
[email protected]

*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.