Абре ти дошла во Охрид кинеска делегација и ние ја најаувавме висока кинеска делегација. Господ да чуват и бранит. Море како мојт …..абре кинеска висока делегација….ам како ќе најавевме делегација од Црна Гора ебате бела. Како можела ем кинеска ем висока. Ам оние ако беа високи во Кина шо прајме со средно високите или пак со оние шо влегвет во нискиот дел на кинеската нација. Висока кинеска делегеација…..ц ц ц ц ц..

Море ова година за Водици врнење па па па…..Неможев во живо да гледам зш немам чадорче ама му седнавме дома друштво, ко сме се распиштолиле шо да ти кажам. Си напрајвме печење од ампицилин со гарнир од цефалексин пржен и вариво од бактрим. Ќе забораев ….пред то манавме салата од кисел линкоцин со топлен фервекс.

А за главно јадење пијуцкавме шприцер од оспен 1000-ка. Абе убајна сме поминале. Јес да како на слепци ни кажвет, зш ние сме глупи без мозок родени, дека антибиотиците не се храна ама со си партиципација идат каде каде поевтино од мартадела.

Го пуштивме Зоран Буха да донесит бомба да ни ја активират зш само така сме сигурни дека ќе сме живи, му рековме и грип да ни донесит и си седнавме да си јајме и в телевизор ја гледавме цела манифестација на фрлање на крстот. Многу ме бендиса. Све убо организирано. Посебно разгласот… џам. Мене то ми беше најбитно за да слушам шо пејт попон и шо ни кажвит. А убо …… чоекот. Слуш…. јас. Да ни е за ….. год…., Господ на си… …авје да ни ….., па објасна како Христос се ….тил, па слуш…. за гул… како слет…..Па как… обичаји да …….Убајна.

Е сега малку се изнервира шо предвреме влегоа во вода и јасно и гласно и разбирливо им кажа да се тргнат назад. Со свој уши слушнав ко им рече: вратете се на….. зш ако ….ебит уште еден …. немат да го фр…. крст… и вие ќе …….. во вода. Не е фер ….. другите ….. кореткни и уште не се …… вода и …едат надв…. Јасно и гласно им кажа. И сите го разбравме.

Еве до ден денес го чекам Бошко Заев да се вратит го немат со бомбата, а за Водици го пратив. Ми идат да му се јавам и да му речам: Абре Зоки ти Бошко Буха си, Милчин си али шо??? Жими СДС така ми идат. Него го немат, а ние сме здрави и живи и дур е тој бомбаш ни петарда не ќе пукнит а не бомба. Ние пак се шинавме гледајќи реклами и препораки за то колку е добро да се полагат државен испит. Мислам…не добро за државата ова она ами за самите студенти, за самите нас, како НСРМ-ОВЦИ.

И незнам како ќе ме сфатиш ми идат да си пукнам шо не сум студент. Ми идат сам на кол да се наденам и то на Дрини ќуприја зш согледвам колку сум закинат без државен испит. Зш види. Прдни му се ти на то шо те оценвеле 40 професори, шо бадијала си учел четири години, шо не си спијал 3 и пол години, зш види тие шо те оценвеле немет ни трудој изваено, немет ни пршки топлено, немет расол редено шо значит според нашите стандарни се кокошкари.

Најбитно е она на крајот. Последните 2 сати се најбитнииииии алооооооооо. Абре ова државниов ти е како оргазам. Ебати сексот ако на крај немат оргазам. Ак не се протресиш како од струја удрен. Ак не ти го поништат факлутет. Ак не се обесит татко ти зш акнал 50 тина илјади еври а некој ти рекол: ноти ноти студенту ти не си за овде. Не така?

Е сега пак не е све така црно. Ак не сум студент можам да бидам пензионер. Уствари кочи. Не смеам да бидам сигурен дека ќе сум пензионер. Зш уште едно менвење на законот и ќе немаме пензионери во НСРМ. Ќе си умираме таман пред пензија некој година или пак ко шо некако стана пракса, а ојде пензија а во бандерана другиот месец.

Ама луѓе, ако успеам, ако по некое чудо, светско чудо доживеам да сум пензионер, морееееееее како ќе му ја уживам. Еве на пример сега да бев пензионер ќе бев во она групана на нови 5500 пензионери за бесплатно зимување. Абре убајна. Ќе им организирет све ти само оди си кај те носет и тушкај си.

Гарант ќе им организирет натпревар во слалом, велеслалом, переслалом, котката питката, џуздија…..или ииииииииииииииииииии ми текна. Ластик. Абе од мал сум сакал да играм ластик со другарките. Уф. Игра за пензионери ко измислена. Море само да стигнам до пензионер и ќе се изнауживам сите година и пол.

И сега требит сите да излезиме на мирни протести да се избориме за правата на пензионерите. Прдни му се ти на Кежо, демонстрации за загаден воздух, за персонален данок. Демонстрации за права на пензионери. Покрај ова шо го имет, а можда и ние ќе го имаме, да си имат бесплатен тазе леб, улошки за кондури, нараквици за влегвење во автобусите……абе јас лично иднината на НСРМ ја гледам во пензионерите. Ти?

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.