Мореее работа во новава 2015 година. Чек само да им одговорам на овие од Макс ТВ, зш ми ми се обратија на дестина канали уште пред нова година. Не е фер да ќутам и ќе си продолжиме со работа. И да побрзам дан ми снемат струја, ко шо гледам низ пенџере дуват ветар со брзина негде од 19 и пол км на час и ко да мршолит тро снег па мојт на далноводите да ги…..значи:

Џими, известување,
Почитуван Макс ТВ, те известувам дека мојот буџет кој го одделвам месечно за тебе ќе биде недостапен за плаќање на сметките према тебе определен период. Работам, жими Венизелос, на повторно обезбедвење на буџет во џебот во најкраток можен рок односно онолкав рок колку шо ќе трајт вашиот смрден најкраток рок да ги пуштите каналите кои ги снема само пред еден месец. Љубезно ве известувам дека ич не ме болит Стојко која е причината зш јас си плаќам секој месец. Ви благодарам на разбирање мои драги коњетини

Е така. Ми тежеше на душа да бидам фер со нив, напишав шо имав за пишење и сега можам слободно да се изначудам значи колку нестрплив народ сме. Народ без разбирање за маките на другите, народ кој ако требит ќе најдит фортома во јајцето само и само да нападнит некого.
Само, повторвам, само две недели делови, само делови, не цела НСРМ беше без струја….само, повторвам, само 30 сати некои патуваа од Скопје до Охрид и само, повторвам, само, десетици, а не стотици автобуси и неколку стотици до една ништожна иљадарка патници преспаа во Кичево и одма неблагодарните НСРМ-овци галамеа и се кренаа на протести и јадеа трици.

Не знам како не сакавте да го сфатите Гајур Кадриу, ќе му пишев пократко име ама не знам дали беше командат, значи Гајур Кадриу директорот на Македонија Чат Пат, дека све од себе тој ја давал да ја чистит на снегон со неговиве вработениве и дека имал стара меАнизација. И јасно ви кажа чоекот дека и понатаму, како директор, ќе му помогвел на народот за расчиствење на патиштата во државава.

Јас го разбрав. Ама не знам како тој не разберит дека немат тој шо да помогвит во чистење на снегот…..море шок Гајур, тебе то ти е работа, не даваш ти помош, то не е од татка ти, наше е , народно е, со наши пари е напраена та фирма и сеуште наши пари ти се пикет во буџетот во фирмата во која највероватно имаш залутано, пари кои се пикет в џеб 26 години а не се обновуват меАнизацијата. И не дојде ти за директор на 28 декември од Сејшели та тогаш виде дека имаш стара меАнизација. Убо ти го плесна Миле, ти си крив. Мада ова ми личит на … нека го обесат брат ми, мене ми се вртит. Ам како.

Абре како не го разбравте, а шо убо ви кажа Игор Гиевски од ЕВН дека тие све праеле да пуштат струја, ама не можеле да ги кренат надворешните температури и јасно и гласно рече да имаме трпение. И требит во такви моменти да се имат.

Клај све на вага да му се прднам. Како прво и второ имаше голем снег кој највероватно некој го наполни со олово кое толку силно му стежна на железните далноводи шо овие ревносно се бореа но сепак под налетите на оловниот снег мораа да подлегнат и да се свиткет. Земајќи го ова во предвид и то дека далноводната инсталација и од 10 и 35 KW е скоро нова, искрено не знам кога е напраена, ама тврдам дека не е постара од 50 години, е ради овие работи требеше да го сфатите Игорчета, а не само да обвинвите. Е ради овие работи требаше да сватите дека ЕВН е бомбона фирма и дека со неа е напраен бомбона бизнис, ама ова бомбона ко пелин бомбона да е? А? Радо шо мислиш ти ?

И она шо е најбитно. Ајде искрено, ама искрено кажи кога паднал снег во НСРМ поготово во декември. Ам не бадијала рекоа од Македонија Чат Пат дека то е Божја работа шо ги изненадила. Зато не е коректно да не ги сфатите надлежните и не само да ги обвинвите, плукате…..Море со плукање и лутење не се решавет работи ами со разговор, со думање, со мислење. Еве мене на пример ми текна вака…..ако се осудит уште еднуш снегов, нормално ради Божја воља, да паднит во зима, ако ние сеуште како шо рече шок Гајур имаме стара меАнизација и сеуште ко шо рече Игор не мојме да ги крениме сами надворешните температури, а ние на све ова не мојме да влијајме, мојме да преземиме нешто шо мојме многу полесно отколку да сме спремна држава. Кој мојт да ни забранит Нова Година да ја чекаме пример на 31. Август? А? Пример велам. Само да не е зима.

Види вака. Искрено и јас мислев дека кизнајт колку е крупен проблемот со немањето струја. Ама еден ден гледав телевизија и на сите дневници и вести еднаш кажаа за немањето струја, а 100 пати за новата пешачка патека во скопско Батинци шо е од големо стратешко значење за развојот на економијата и подигнување на социјалата во НСРМ и е многу побитно од некој си кој немал неколку дена струја. А како да не е битна ко се дале 11 милиони денари за патеката. Како ам. Не ќе купвиме ратраци и такви глупости. То шо купи и шо напрај , купи и напрај дедо Тито и то е то, доста е, шо ќе се замараме ние. Страшна работа.

ЏИМИ
[email protected]

*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.